НБМ со укажување до банките: добивката од 2019 да ја искористат за зголемување на капиталот

Дали годинава банките ќе делат дивиденди? Ова прашање се наметнува откако кризата со корона вирусот ги промени и економските текови во земјава и ги соочи и граѓаните и правните лица со огромна неизвесност. Колкави штети ќе претрпи стопанството допрва ќе се прават пресметки, но од Народната банка, која го регулира банкарскиот сектор во земјава, велат дека банките уште сега треба да се подготвуваат да бидат и во иднина столбот кој ќе помогне во заздравување на македонската економија. Оттаму и укажувањето добивката која ја имаат остварено минатата година, да се насочи кон зајакнување на капиталот на банките.

„Во рамки на интензивната комуникација со банките во овој период во врска со нивната подготвеност за справувањето со потенцијалните негативни последици од вирусот Ковид-19, Народната банка им укажа дека очекува како и досега, тие да покажат високо ниво на прудентност, вклучително и при носењето на одлуките за распределба на добивката остварена минатата година“, велат од НБМ.

Притоа, како што нагласуваат, надзорните и управните одбори на банките веќе биле известени дека „како надлежен регулаторен и супервизорски орган НБМ очекува добивката остварена во измината година да се стави во функција на натамошно зголемување на капиталот и финансискиот потенцијал на банките и над минималните законски и супервизорски барања, односно за градење дополнителен простор над нив“.

„Како што им е укажано, банките треба да се подготвени да обезбедат поддршка на редовното работење на граѓаните и фирмите кои се нивни клиенти, задоволување на квалитетната кредитна побарувачка, при истовремено покривање на евентуалните кредитни загуби како последица на ефектите на вирусот Ковид-19 врз домаќинствата и правните лица“, велат од НБМ.

Како што нагласуваат од централната банка, високото ниво на прудентност при носењето на одлуките за распределба на добивката ќе придонесе за натамошно успешно одржување на сигурноста и стабилноста на банкарскиот сектор, а со тоа и за одржување на финансиската стабилност.

Инаку, минатата 2019 година банките во Македонија, и покрај тоа што имаа за 21,5 милиони евра помала добивка од претходната и рекордна 2018 година, сепак работеа успешно. Тоа го покажува и профитот од околу 114 милиони евра на ниво на целиот банкарски сектор. Најголемиот дел од добивките и минатата година го остварија големите банки, нешто над 113 милиони евра. Успешни беа и малите банки кои имаа профит од 2,2 милиони евра, додека пак, средните по големина банки на крајот на годината беа во негатива од 1,2 милиони евра, покажуваат податоците на НБМ.

Деновиве, на презентирањето на првиот пакет мерки за поддршка на стопанството, гувернерката на НБМ, Анита Ангеловска Бежоска меѓу другото рече дека банкарскиот сектор останува да биде здравото јадро на македонската економија.

„Банкарскиот систем е стабилен, со високо ниво на капитализираност и адекватност на капиталот од 17 отсто, што е повеќе од двојно над законските барања“, рече гувернерката. Исто така и ликвидноста на банките е одлична, а нивото на лошите кредити изнесува 4,8 отсто, значајно помалку (за околу 2 до 3 процентни поени) во однос на повеќе земји во регионот.

Сепак, ризиците со кои се соочуваат фирмите поради кризата со корона вирусот, очигледно, го подигнаа нивото на претпазливост во централната банка. Дали банките ќе ги следат ваквите упатства, ќе се дознае наскоро, бидејќи некои од нив веќе ги имаат закажано акционерските собранија, а преку Македонската берза известија дека дел од добивката ќе распределат како дивиденда за акционерите.

За лице без брчки не Ви требаат скапи креми: Применете ги овие вежби и гледајте како се создава магија!

Против брчките, несаканите гласници на возраста, кремите и хируршките интервенции не се единственото решение.

Со одредени видови на мускулна гимнастика, исто така, може да се постигне многу. Ова е истовремено ефикасен начин за опуштање и пронаоѓање на внатрешен мир, велат експертите.

Со цел да се направат што е можно поефикасни вежби, тие треба да се прават дневно, наутро и навечер, во траење од пет минути.

* Против брчките помеѓу веѓите, стиснете ги веѓите шест секунди, како да се муртите, а по пауза од 10 секунди повторете ја вежбата.

* Растегнете ги усните со палците во насмевка на кловн, и со показалците притиснете ги надворешните делови од очите истовремено за да избегнете создавање нови брчки. Вежбата трае шест секунди, а потребни се 10 секунди пауза.

* Правете вежби со јазикот, наизменично испружете и вовлечете го јазикот против формирањето на подбрадок.

* За добра циркулација на крв, длабоко вдишете воздух и надујте ги образите, а потоа неколку пати префрлете го воздухот од една на друга страна на образите.

Рецепт на денoт: Посни полжавчиња со сусам!

1. Се замесува од сите состојки меко нелепливо тесто. Се остава да стаса. Се премесува и се сучи правоаголна кора која се премачкува со премазот. Се прави ролат и се сечат мали парчиња да дојдат како полжави.

2. Од страната на секое крукче-полжав се макнува во вода и се валка во сусам. Се оставаат да стасаат. Се печат во загреана рерна на 200С-35мин. 

Состојки

250 мл масло

500 мл вода 1 и пол квасец

4 лажици шеќер

1 лажица сол

1.200 гр брашно

Премаз

1 филџан вода

2 лажици брашно

2 лажици масло

прстофат сол

извор: moirecepti.mk

Идеални фризури за дами со густа коса!

Повеќето жени копнеат по коса полна со волумен и користат многу beauty производи за барем визуелно да го постигнат ефектот на густа коса.

Од друга страна, жените кои имаат многу густа коса имаат големи потешкотии да изберат идеална фризура. Најголем проблем за луѓето со густа коса претставуваат деновите кога косата е непослушна, бидејќи тогаш е нескротлива и не постои ништо со што можете да ја фиксирате и соберете, за да не се распадне за половина час.

Ако имате долга, густа коса, страничните плетенки се идеален избор на фризура за дневни, casual комбинации. Ако сакате формална фризура за работа, убаво исчешлајте ја косата и направете фризура што ќе го задржи секој прамен на свое место.

Од друга страна, ако сте обожавател на бохо стилот, извлечете неколку прамени, за целата фризура да добие messy изглед.

Пунџата е исто така фризура, која ќе ја скроти вашата коса во текот на денот. Најубави се пунџите со волумен, кои изгледаат стилски и богато, па затоа се најдобар избор за девојки со долга и густа коса.

Можете да се одлучите за ниска или висока пунџа, неуредна или совршена балетска пунџа, сè ќе изгледа беспрекорно.

Најчитани

Твитови