Адвокати бараат да прекинат судските постапки и да запре застарувањето на предметите

Да прекинат времено сите судски постапки, освен оние каде што се одлучува за определување притвор; владата да донесе уредба со законска сила, со која ќе се спречи застарување на предметите; судските сали да се дезинфицираат по секое рочиште; да се обезбедат заштитни маски и ракавици за секое лице што ќе влезе во судовите. Со вакви барања излегоа денеска 75 адвокати во иницијатива испратена до Судскиот совет и до Врховниот суд, како и до премиерот и надлежните министри и сите амбасади во земјава.

Според адвокатите, Кривичниот суд – Скопје врши директна повреда на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот, со самото тоа што се одржуваат рочишта на кои присуствуваат повеќе од пет лица. Со тоа, како што се наведува, се загрозува и здравјето на бранителите во предметите. Поради тоа, адвокатите предлагаат преземање на неколку мерки:

Сите постапки во судовите привремено да се прекинат, а единствено да се држат рочишта каде што по барање на надлежен обвинител треба да се одлучи за определување мерка притвор, како и за  случаи каде е утврдена кривична одговорност поради повреда на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот, за кои се постапува по казнен налог за што одлуките се носат без присуство на странките;

За предметите за кои ќе настане времен прекин во судењето да се донесе уредба со законска сила која ќе го прекине течењето на роковите. Со тоа нема да може да настане застареност на предметите или други негативни реперкусии. И со истекување на 90 дена да не мора главната расправа да почне одново, ниту сите докази да се изведуваат повторно, туку истата да продолжи како да немало прекин.;

По завршување на секое рочиште да се врши соодветна дезинфекција на салите, да се дезинфицираат лифтовите и сите простории во кои ќе се движат странки; , вклучително рачките на вратите и други површини кои често се изложени на допир на повеќе лица, како и да се мери температура на сите лица кои влегуваат во судот од службениот и сите неслужбени влезови;

Министерството за правда или да обезбеди заштитни маски и ракавици за секое лице што ќе влезе во судот;

„Неопходно е итно да се преземат дополнителни мерки и да се донесат соодветни одлуки. Во спротивно се остварува законското битие на кривичното дело против здравјето на луѓето, пренесување на заразни болести или непостапување според здравствените прописи за време на епидемија т.е. прогласена вонредна состојба на територија на нашата држава“, 

се наведува во соопштението на адвокатите.

Девојката му направила "шливка" на вратот, а тој одма потоа починал

17 годишниот Хулио Гонзалес од Мексико Сити починал од гушење предизвикан од тромб, кој девојката му го направила со бакнеж.

Во текот на вечерата со фамилијата, Хулијо почнал да се гуши, неговите родители веднаш повикале помош од лекари, но тие за жал не можеле ништо да сторат и тинејџерот починал. 

За смртта на момчето се сомнева дека е “виновна“ неговата девојка која непосредно пред тоа на вратот му направила “шливка“, при што настанал тромб кој допатувал до неговиот мозок и предизвикал мозочен удар.

Според пишувањата на медиумите девојката е во бегство бидејќи е исплашена дека може да биде обвинета за смртта на младото момче.

Ова не е прв ваков случај: пред две години 44 годишна жена од Нов Зеланд останала неподвижна по мозочен удар предизвикан од слични околности.

Лекарите не можеле да објаснат која е причината за парализа на левата рака се додека не приметиле модрица на нејзиниот врат и оштететна артерија. На пациентката и била дадена терапија, па после една недела дена таа заздравила.

Вистинска случајност: Фотографии кои се направени случајно, а потсетуваат на реални ликови и животни (галерија)

Биди поразличен, оригиналот е вреден!

Водејќи се според ова мото некои луѓе биле навистина креативни и направиле вистински уметнички дела, фотографирајќи предмети и моменти од вистинскиот агол.

Едноставно уживајте и разбудете ја креативноста во себе:

12 филмски грешки од врвни филмови кои речиси и никој не ги забележува, а се очигледни (галерија)

Ние како тим и истражувачи ви претставуваме популарни и одлични филмови. Сепак, исто така знаеме дека дури и најдобрите од нив секогаш имаат неколку грешки. Тоа не ги  праваи полоши, се разбира, но по оваа галерија ќе имате добра причина да ги погледнете повторно и да се фокусирате на деталите да ги забележите недостатоците.

Погледнете:

#1# Iron Man 2

#2# Deadpool

#3# Forrest Gump

#4# Harry Potter and the Philosopher’s Stone

#5# Titanic

#6# Pulp Fiction

#7# The Fifth Element

#8# Tangled

Најчитани

Твитови