Само звукот на снегулките одекнуваше во ноќта

Звукот од паѓањето на снегот, кој беше помешан со дожд, синоќа по 21 часот ја правеше најголемата врева по должината на празните скопски булевари, некогашните фреквентни и преполни крстосници, шеталишта и паркови. Да се почувствува пулсот на Скопје за време на полицискиот час за новинарите е можеби привилегија, но истовремено неодминливо е и чувството на мачнина длабоко во себе.

Празните улици и тротоари беа местата каде што единствено можевме да се разминеме со колегите новинари од другите редакции и полицајците што патролираа низ главниот град.

Ова беше сликата што синоќа за време на спроведувањето на полицискиот час ја забележа репортерската екипа на „Нова Македонија“, која направи обиколка во неколку различни населби во Скопје, вклучувајќи го и строгиот центар.

Практично, нашата екипа не можеше да одолее на предизвикот и уште веднаш, првиот ден, ја искористивме дозволата од страна на власта за непречена работа и движење на новинарите за време на полицискиот час.

„Добра вечер, господине, ве замолувам да се упатете накај дома“, беше единствениот „поздрав“ што го добивме вечерта од полициска патрола што од автомобил нѐ пресретна на раскрсницата помеѓу улицата Рузвелтова и булеварот Партизански одреди, кога десетина минути по 21 часот излеговме да провериме како живее Скопје по стапувањето во сила на забраната за движење на населението.

Откако ги покажавме дозволите за движење за време на полицискиот час, ни беше пријателски отпоздравено дека може да продолжиме да си ја вршиме работата. А, всушност, во вакви услови и нема што посебно да се забележи. Празнотијата и тишината на некој начин го исполнуваа и дополнуваа чувството дека граѓаните сериозно ги сфаќаат мерките на власта и целосно ги почитуваат, што, секако, е во интерес на сите.

Помеѓу одењето и враќањето за време на нашата работна обврска немаше ништо друго, освен улици испразнети од живот, гласови на жителите можеа да се слушнат единствено од балконите на становите во ближните згради каде што минувавме. Студеното и снежно време, празните коловози, празните пешачки премини и трепкачките семафори алудираа дека градот комплетно е заминат во домашна изолација.

Маалските улици и паркови, каде што вообичаено има млади луѓе, доцна во ноќта беа празни.

Нѐ одминаа и две медицински возила, кои патуваа по должината на Партизанска, во правец кон болницата „8 Септември“, и неколку такси-возила, кои беа раштркани низ повеќе локации во градот.

Од друга страна, полициските патроли беа видливи на секои 2-3 километри, кои во возила со вклучени светлосни сигнали ја надгледуваа состојбата во градот.

Очигледно униформираните полициски службеници вчера си ја вршеа работата добро.

Движејќи се низ центарот на градот и низ плоштадот, освен катанци на угостителските објекти, можеа да се забележат и известувања за забраната за работа на влезовите во продавниците и спортските обложувачници.

Во центарот на градот се разминавме и со новинарски екипи од други редакции, кои како и „Нова Македонија“ си ги извршуваа своите работни обврски. Така најверојатно ќе биде и во иднина, каде што новинарите ќе бидат ретките луѓе што заедно со вработените во органите за јавен ред и мир секој нареден ден од 21 до 5 часот ќе си ги исполнуваат своите работни обврски додека важи забраната за движење на населението.

За полицискиот час одлучи Владата на нејзина седница викендов и тој првпат се воведува на целата територија на Македонија. До кога ќе трае, дали ќе биде поригорозен или не зависи, пред сè, од дисциплинираноста на нас граѓаните.

За лице без брчки не Ви требаат скапи креми: Применете ги овие вежби и гледајте како се создава магија!

Против брчките, несаканите гласници на возраста, кремите и хируршките интервенции не се единственото решение.

Со одредени видови на мускулна гимнастика, исто така, може да се постигне многу. Ова е истовремено ефикасен начин за опуштање и пронаоѓање на внатрешен мир, велат експертите.

Со цел да се направат што е можно поефикасни вежби, тие треба да се прават дневно, наутро и навечер, во траење од пет минути.

* Против брчките помеѓу веѓите, стиснете ги веѓите шест секунди, како да се муртите, а по пауза од 10 секунди повторете ја вежбата.

* Растегнете ги усните со палците во насмевка на кловн, и со показалците притиснете ги надворешните делови од очите истовремено за да избегнете создавање нови брчки. Вежбата трае шест секунди, а потребни се 10 секунди пауза.

* Правете вежби со јазикот, наизменично испружете и вовлечете го јазикот против формирањето на подбрадок.

* За добра циркулација на крв, длабоко вдишете воздух и надујте ги образите, а потоа неколку пати префрлете го воздухот од една на друга страна на образите.

Рецепт на денoт: Посни полжавчиња со сусам!

1. Се замесува од сите состојки меко нелепливо тесто. Се остава да стаса. Се премесува и се сучи правоаголна кора која се премачкува со премазот. Се прави ролат и се сечат мали парчиња да дојдат како полжави.

2. Од страната на секое крукче-полжав се макнува во вода и се валка во сусам. Се оставаат да стасаат. Се печат во загреана рерна на 200С-35мин. 

Состојки

250 мл масло

500 мл вода 1 и пол квасец

4 лажици шеќер

1 лажица сол

1.200 гр брашно

Премаз

1 филџан вода

2 лажици брашно

2 лажици масло

прстофат сол

извор: moirecepti.mk

Идеални фризури за дами со густа коса!

Повеќето жени копнеат по коса полна со волумен и користат многу beauty производи за барем визуелно да го постигнат ефектот на густа коса.

Од друга страна, жените кои имаат многу густа коса имаат големи потешкотии да изберат идеална фризура. Најголем проблем за луѓето со густа коса претставуваат деновите кога косата е непослушна, бидејќи тогаш е нескротлива и не постои ништо со што можете да ја фиксирате и соберете, за да не се распадне за половина час.

Ако имате долга, густа коса, страничните плетенки се идеален избор на фризура за дневни, casual комбинации. Ако сакате формална фризура за работа, убаво исчешлајте ја косата и направете фризура што ќе го задржи секој прамен на свое место.

Од друга страна, ако сте обожавател на бохо стилот, извлечете неколку прамени, за целата фризура да добие messy изглед.

Пунџата е исто така фризура, која ќе ја скроти вашата коса во текот на денот. Најубави се пунџите со волумен, кои изгледаат стилски и богато, па затоа се најдобар избор за девојки со долга и густа коса.

Можете да се одлучите за ниска или висока пунџа, неуредна или совршена балетска пунџа, сè ќе изгледа беспрекорно.

Најчитани

Твитови