Третина од населението на Земјата е во изолација поради Ковид-19

Откако денеска во Индија стапи во сила наредбата 1,3 милијарди жители да не ги напуштат своите домови во следните три недели, тоа значи дека една третина од човештвото е во изолација поради новиот коронавирус.

По одлуката на индискиот премиер Нарендра Моди жителите на најнаселената земја во светот по Кина да не ги напуштаат домовите три недели, бројот на луѓе во изолација во светот се искачи на 2,6 милијарди.

-Да се спаси Индија, да се спаси секој граѓанин, ти, твоето семејство (…) секоја улица и секое соседство значи да се биде во изолација, нагласи Моди во телевизиско обраќање до нацијата.

Сепак, Кина денеска ги укина драстичните ограничувања наметнати пред неколку месеци во провинцијата Хубеи, жариште на пандемијата на коронавирусот, која од декември досега однесе повеќе од 18.000 животи низ целиот свет. Пекинг вчера објави дека ја укинува карантинот за повеќе од 50 милиони луѓе во Хубеи, воведен во јануари, за да можат сега да патуваат ако се здрави.

Некои аеродроми и железнички станици повторно работат. Но, училиштата се се уште затворени во оваа фаза, а жителите на Вухан, ќе треба да чекаат до 8 април за да можат да патуваат надвор од градот.

Во земјата не се откриени случаи на локална зараза во последните 24 часа, но има пријавено 47 случаи од странство во тој период, соопштија кинеските здравствени власти.

Низ целата планета, бројот на починати од вирусот Ковид-19 продолжува да се зголемува.

Вирусот однесе живот на повеќе од 18.200 луѓе и 405.000 се заразени, половина од нив во Европа.

Ситуацијата во Европа е се уште критична, но добри и лоши информации доаѓаат од најпогодената земја – Италија.

Во таа земја, бројот на смртни случаи за еден ден се искачи на 743, откако во претходните два дена беше забележана надолна траекторија, по рекордни 793 смртни случаи во саботата. Сепак, новите инфекции пораснаа за само осум проценти за втор последователен ден, најмалку од кризата во Италија.

Ирска одлучи да ги затвори компании кои не се од суштинско значење за функционирањето на земјата, Велика Британија планира да изгради болница со 4.000 кревети, а Шпанија го повика и НАТО за помош.

Африканските земји, со често лоши здравствени системи, ги зголемуваат мерките за борба против коронавирусот бидејќи се зголемува бројот на заразени и починати.

Речиси 130 милиони Американци, 40 проценти од населението, се во некаква форма на изолација, или наскоро ќе бидат. Оваа мерка ја опфаќа и најголемата држава Калифорнија.

Претседателот Доналд Трамп изрази надеж дека САД ќе бидат „активирани“ до средината на април, но тој оптимизам тешко го делат светските лидери кои воведуваат ограничувања на движењето во обид да го спречат ширењето на болеста.

Иако на САД му се заканува експоненцијално ширење на вирусот, и покрај тоа што многу влади слушаат експерти кои велат дека единствениот начин за забавување на пандемијата е „социјална дистанца“, американскиот претседател Доналд Трамп смета дека мерката не вреди за високата цена што би ја платила економијата. Имено, Трамп разгледува повторно покренување на економијата во април.

– Нашата држава не е изградена за да се затвори. На тој начин можете да ја уништите државата, изјави Трамп за Фокс Њуз.

За лице без брчки не Ви требаат скапи креми: Применете ги овие вежби и гледајте како се создава магија!

Против брчките, несаканите гласници на возраста, кремите и хируршките интервенции не се единственото решение.

Со одредени видови на мускулна гимнастика, исто така, може да се постигне многу. Ова е истовремено ефикасен начин за опуштање и пронаоѓање на внатрешен мир, велат експертите.

Со цел да се направат што е можно поефикасни вежби, тие треба да се прават дневно, наутро и навечер, во траење од пет минути.

* Против брчките помеѓу веѓите, стиснете ги веѓите шест секунди, како да се муртите, а по пауза од 10 секунди повторете ја вежбата.

* Растегнете ги усните со палците во насмевка на кловн, и со показалците притиснете ги надворешните делови од очите истовремено за да избегнете создавање нови брчки. Вежбата трае шест секунди, а потребни се 10 секунди пауза.

* Правете вежби со јазикот, наизменично испружете и вовлечете го јазикот против формирањето на подбрадок.

* За добра циркулација на крв, длабоко вдишете воздух и надујте ги образите, а потоа неколку пати префрлете го воздухот од една на друга страна на образите.

Рецепт на денoт: Посни полжавчиња со сусам!

1. Се замесува од сите состојки меко нелепливо тесто. Се остава да стаса. Се премесува и се сучи правоаголна кора која се премачкува со премазот. Се прави ролат и се сечат мали парчиња да дојдат како полжави.

2. Од страната на секое крукче-полжав се макнува во вода и се валка во сусам. Се оставаат да стасаат. Се печат во загреана рерна на 200С-35мин. 

Состојки

250 мл масло

500 мл вода 1 и пол квасец

4 лажици шеќер

1 лажица сол

1.200 гр брашно

Премаз

1 филџан вода

2 лажици брашно

2 лажици масло

прстофат сол

извор: moirecepti.mk

Идеални фризури за дами со густа коса!

Повеќето жени копнеат по коса полна со волумен и користат многу beauty производи за барем визуелно да го постигнат ефектот на густа коса.

Од друга страна, жените кои имаат многу густа коса имаат големи потешкотии да изберат идеална фризура. Најголем проблем за луѓето со густа коса претставуваат деновите кога косата е непослушна, бидејќи тогаш е нескротлива и не постои ништо со што можете да ја фиксирате и соберете, за да не се распадне за половина час.

Ако имате долга, густа коса, страничните плетенки се идеален избор на фризура за дневни, casual комбинации. Ако сакате формална фризура за работа, убаво исчешлајте ја косата и направете фризура што ќе го задржи секој прамен на свое место.

Од друга страна, ако сте обожавател на бохо стилот, извлечете неколку прамени, за целата фризура да добие messy изглед.

Пунџата е исто така фризура, која ќе ја скроти вашата коса во текот на денот. Најубави се пунџите со волумен, кои изгледаат стилски и богато, па затоа се најдобар избор за девојки со долга и густа коса.

Можете да се одлучите за ниска или висока пунџа, неуредна или совршена балетска пунџа, сè ќе изгледа беспрекорно.

Најчитани

Твитови