Како да не ја покачите тежината за време на изолацијата?

Затворен простор и граниченото движење е идеално за зголемување на телесната тежина, но не ако ги користите овие мали трикови.

За време на изолацијата, движењето е минимизирано, а храната е нешто што за што сите посегнуваме кога поминуваме премногу време во куќата или се досадуваме.

Спанаќ – зошто е корисен за телото?

Во тие моменти кога се обидуваме да ги скриеме или потиснеме негативните емоции, тоа обично го правиме со јадењето засилено, велат психолозите.

Во домашни услови, можеме да вежбаме, но ако не сте љубител на потење, имаме трикови кои делуваат без да се откажувате премногу.

Подгответе оброци на почетокот на денот

Ова ќе ви даде целосен увид во тоа што сте јаделе и колку калории сте внеле во оргаизмот. Покрај тоа, тоа е многу подобра опција да ги подготвите сите од еднаш, бидејќи нема да бидете во искушение да каснете уште нешто додека го подготвувате секој оброк.

Само 4 бадеми дневно за повеќе здравје и убавина

Најдете поздрави опции

Наместо грицкање чипс додека го гледате филмот, изберете поздрава верзија. Пуканките се многу подобри за оргазмот и имаат значително помалку калории, велат нутриционистите. Исецканиот зеленчук на стапчиња што можете да го јадете со грчки јогурт е исто така добар избор.

Мамете ја гладта со салати

Додадете голема порција зеленчук на секој оброк. Ова ќе ви го наполни стомакот, оставајќи помалку простор за друга храна.

Витаминот Ц го успорува стареењето и се грижи за срцето

Внесувајте доволно течност

Хидратацијата е важна од повеќе причини, а исто така ќе помогне да се ослободите од гладот. Стомакот ќе биде полн во секој момент, така што е помала веројатността да имате ненадејни напади на глад. Покрај водата, можете да пиете чаеви, кои ќе ги засладите со мед.

Џвакајте

Додека јадете, фокусирајте се само на храната. Пратете колку пати ја џвакавте. Имајте на ум дека експертите велат дека сигналот од стомакот до мозокот патува 20 минути. Дајте му време на стомакот да му каже на телото дека е сит.

За лице без брчки не Ви требаат скапи креми: Применете ги овие вежби и гледајте како се создава магија!

Против брчките, несаканите гласници на возраста, кремите и хируршките интервенции не се единственото решение.

Со одредени видови на мускулна гимнастика, исто така, може да се постигне многу. Ова е истовремено ефикасен начин за опуштање и пронаоѓање на внатрешен мир, велат експертите.

Со цел да се направат што е можно поефикасни вежби, тие треба да се прават дневно, наутро и навечер, во траење од пет минути.

* Против брчките помеѓу веѓите, стиснете ги веѓите шест секунди, како да се муртите, а по пауза од 10 секунди повторете ја вежбата.

* Растегнете ги усните со палците во насмевка на кловн, и со показалците притиснете ги надворешните делови од очите истовремено за да избегнете создавање нови брчки. Вежбата трае шест секунди, а потребни се 10 секунди пауза.

* Правете вежби со јазикот, наизменично испружете и вовлечете го јазикот против формирањето на подбрадок.

* За добра циркулација на крв, длабоко вдишете воздух и надујте ги образите, а потоа неколку пати префрлете го воздухот од една на друга страна на образите.

Рецепт на денoт: Посни полжавчиња со сусам!

1. Се замесува од сите состојки меко нелепливо тесто. Се остава да стаса. Се премесува и се сучи правоаголна кора која се премачкува со премазот. Се прави ролат и се сечат мали парчиња да дојдат како полжави.

2. Од страната на секое крукче-полжав се макнува во вода и се валка во сусам. Се оставаат да стасаат. Се печат во загреана рерна на 200С-35мин. 

Состојки

250 мл масло

500 мл вода 1 и пол квасец

4 лажици шеќер

1 лажица сол

1.200 гр брашно

Премаз

1 филџан вода

2 лажици брашно

2 лажици масло

прстофат сол

извор: moirecepti.mk

Идеални фризури за дами со густа коса!

Повеќето жени копнеат по коса полна со волумен и користат многу beauty производи за барем визуелно да го постигнат ефектот на густа коса.

Од друга страна, жените кои имаат многу густа коса имаат големи потешкотии да изберат идеална фризура. Најголем проблем за луѓето со густа коса претставуваат деновите кога косата е непослушна, бидејќи тогаш е нескротлива и не постои ништо со што можете да ја фиксирате и соберете, за да не се распадне за половина час.

Ако имате долга, густа коса, страничните плетенки се идеален избор на фризура за дневни, casual комбинации. Ако сакате формална фризура за работа, убаво исчешлајте ја косата и направете фризура што ќе го задржи секој прамен на свое место.

Од друга страна, ако сте обожавател на бохо стилот, извлечете неколку прамени, за целата фризура да добие messy изглед.

Пунџата е исто така фризура, која ќе ја скроти вашата коса во текот на денот. Најубави се пунџите со волумен, кои изгледаат стилски и богато, па затоа се најдобар избор за девојки со долга и густа коса.

Можете да се одлучите за ниска или висока пунџа, неуредна или совршена балетска пунџа, сè ќе изгледа беспрекорно.

Најчитани

Твитови