Гори: Сите 40.000 луѓе кои биле на натпреварот Аталанта – Валенсија се заразени со Ковид-19

Градоначалникот на Бергамо, Џорџо Гори изјави дека сите 40.000 навивачи кои присуствувале на фудбалскиот натпревар Аталанта – Валенција, што се одржа на 19 февруари во Милано се заразени со новиот коронавирус.

– Во тоа време не знаевме што се случува. Првиот пациент во Италија беше на 23 февруари. Ако вирусот циркулираше, тогаш 40.000 навивачи на стадионот Сан Сиро биле инфицирани. Никој не знаеше дека вирусот е помеѓу нас. Голем број го гледаа натпреварот во групи и маше многу контакти помеѓу нив. Вирусот се пренесува од еден на друго, посочи Гори.

Бергамо од каде е фудбалскито клуб Аталанта е најтешко погодениот италијански град од новиот коронавирус.

Фудбалскиот клуб Валенсија на 16 март потврди дека 35 проценти од екипата биле позитивни на Ковид-19.

Во Италија, според најновите податоци инфицирани се 74.386 луѓе од кои 7.503 починаа.

Фенг шуи правила кои помагаат во привлекување на пари во домот!

Според старото тибетанско учење, не е сеедно што всушност се наоѓа од левата страна на просторијата (ходникот) во која влегувате после влезната врата. Тој дел од куќата е исклучително важен за финансиите.

Топ шест фенг шуи правила кои помагаат во привлекување на парите во домот:

1. Поправете ги цевките и кровот

Доколку ви тече вода од цевките, секако дека тоа треба да го поправите. Истото тоа направете го и со кровот, доколку протекува, не чекајте проблемот да стане поголем. Според фенг шуи теоријата - парите и емоциите се вид на енергија која како и водата имаат свој тек. Со тоа што ги поправате работите во вашиот дом, го поправате и својот живот, па така и финансиите.

2. Спуштајте го капакот од WC шолјата

Голем потрошувач на позитивната енергија во домот е тоалетот. Всушност, пуштањето вода во тоалетот, троши голема количина од животната енергија. Но доколку го спуштите капакот, тоа го спречува оддалечувањето на енергијата од вас. Освен тоа, според фенг шуи, убаво би било да врзете црвен конец на цевката посади WC шолјата - тоа ги штити финансиите.

3. Уредете го влезот во куќата

Кога некој ќе ви влезе во домот или вие самите влегувате во него, важно е да се почувствувате добредојденo и да има пријатна атмосфера. Тргнете ги сите работи од влезот на куќата, како на пример пренатрупаните чевли, ѓубрето, дрвата... Бидејќи сето тоа го блокира влезот на позитивната енергија. Исто така, внимавајте ѕвончето на влезот да ви работи, затоа што така се привлекуваат работни можности. Освен тоа, водете грижа и за куќниот број и адресата, добро да се гледаат, а влезната врата да ви биде чиста. 

4. Внимавајте на деталите

Според старото тибетанско учење, не е сеедно што всушност се наоѓа на левата страна од просторијата (ходникот) во која влегувате после влезната врата. Тој дел е многу важен за финансиите. Доколку сè е нафрлано и владее хаос, тоа негативно се одразува на приливот на парите. Но, чистотата и уредно поставените работи делуваат спротивно - добро на финансиите. Исто така, доколку во тој дел се наоѓа некое растение, важно е да обрнете внимание како тоа напредува. Доколку напредува брзо, така ќе биде и со финансиите. Добро е на ѕидовите да поставите слики од природа затоа што тие ја предизвикуваат позитивната енергија во домот.

5. Редовно оддржувајте го оганот

Доколку во домот имате камин или шпорет на дрва, водете грижа секогаш тие да бидат чисти, а огнот да се одржува. Според фенг шуи, шпоретот на дрва или каминот симболизираат обилие и богатство. Со редовно чистење создавате слободен пат за енергијата која носи пари и работни можности.

6. Почитувајте ги парите

Гледајте на парите како на нешто позитивно, како на награда за трудот, интелигенцијата и добрината... Секогаш бидете благодарни кога имате пари во своите раце и внимавајте во паричниците секогаш парите да ви бидат подредени. Што повеќе ги почитувате парите, повеќе ќе ги имате, бидејќи така ќе зрачите со енергија која ги привлекува.

Не ги занемарувајте овие симптоми: Зад нив можеби се крие најлошиот женски канцер!

Во светот секоја година се регистрираат 250.000 нови случаи на заболени од рак на јајници.

140.000 жени во светот ја губат битката со оваа болест. За жените кои живеат со оваа болест им треба поддршка во борбата за излекување.

Од клучна важност е болеста да се препознае при појавата на првите проблеми. Само редовниот преглед е некаква заштита во борбата против рак на јајници. Жените треба да се грижат за своето здравје и редовно да одат на гинеколог.

Сепак, тешко е да се открие на време. Од рак на јајници заболуваат претежно повозрасни жени, но болеста не ја заобиколува ниту помладата популација. Станува збор за тешка и сериозна болест, односно за најсмртоносниот канцер од сите гинеколошки малигнитети.

Најголемата причина за тоа е фактот што нема рани симптоми, а кога ќе се појават тие се многу неспецифични и поврзани се главно со дигестивниот и уринарниот тракт.

Отекување на стомакот, нагло зголемување на телесната тежина, болки во пределот на карлицата и чувство на притисок во стомакот. Чувство на ситост веднаш после започнувањето на оброкот, често и нагло мокрење, болки во текот на сексуалните односи- ова се само некои од симптомите.

Прашања за забременувањето кои се срамите да му ги поставите на вашиот гинеколог!

Колку често треба да имам секс за да имам добри шанси за забременување? Која е најдобрата секс поза за забременување?

Експертот за плодност Зита Вест дава одговори на прашањата за забременувањето кои можеби ви е незгодно да му ги поставите на вашиот гинеколог.

Најчестите прашања за забременувањето:

Дали жената треба да доживее оргазам за да зачне?

Не, воопшто. 50% до 80% од жените имаат проблем да доживеат оргазам, но сепак многу жени забременуваат. Единствено оргазмот малку помага мускулите правилно да ја насочат спермата кон јајце клетката.

Дали оралниот секс ги подобрува шансите за забременување?Не, важно е да го избегнуваат оралниот секс за време и околу овулацијата.

Плунката содржи ензими и други состојки кои може да ја оштетат спермата и да го попречат нејзиното патување до јајце клетката.

Колку често треба да имам секс за да имам добри шанси за забременување?

3 до 4 пати неделно е совршено за време и околу овулацијата за да бидете добро снабдени со спрема за време на плодните денови. Помалку фокусирајте се кога се ослободува јајце клетката, а повеќе на тоа колку сперма е на располагање.

Спермата во вас живее 3 до 5 дена, па редовниот секс ве осигурува дека го користите максималниот потенцијал на располагање.

Која е најдобрата секс поза за забременување?

Вистината е дека нема врска која е позата. Секоја поза што прави да сте релаксирани, да уживате и ви е удобна е добра.

Дали може да имате претерате со секс при обидите за забременување?

Кога се обидувате да добиете бебе, не постои такво нешто како премногу секс. Многу жени мислат дека со претераното имање секс ќе го намалат квалитетот на спермата, но вистината е спротивна.

Ако мажот ја собира долго спермата, таа ќе излезе во голема количина, но поголемиот дел од неа ќе биде мртва. Плус, сексот ослободува многу хормони за плодност и кај мажите и кај жените. Па, така колку повеќе секс, толку подобро.

Како да сопрам течноста да излезе од вагината по сексот?

Не можете, дел од содржината ќе истече и тоа е нормално. Но, не паничете тоа не значи дека спермата нема да дојде до јајце клетката.

Сперматозоидите се добри пливачи и ќе стигнат таму каде што треба многу брзо по ејакулацијата. Секогаш дел од послабата сперма ќе остане во вагината и ќе истече 10-15 минути по сексот, без разлика која поза ќе ја фати жената.

Сепак, можете 20 минути по секс да лежите во хоризонтала и да не се миете веднаш.

Дали е потребна страст за да се зачне?

Кај мажите тестостеронот се произведува наутро и докажано е дека спермата е поздрава кога има присутно повеќе тестостерон, па имањето секс наутро ги подобрува вашите шанси.

Најчитани

Твитови