Колку мораториумот ќе ги зголеми ратите на кредитите

Врие на социјалните мрежи откако граѓаните кои имаат кредити во банките сфатија дека одложувањето на ратите и каматите не е бесплатно. Односно, дека додека нивните обврски кон банките мируваат, народски кажано „таксиметарот врти“. Банките за периодот од шест месеци ќе пресметуваат камата на долгот во мирување, која потоа, откако ќе помине тој рок, таквата камата ќе се распредели на делот од кредитот кој доспева за враќање. Некои од банките кои до сега ги објавија јавните понуди, како на пример Халк банка, овозможуваат, оние кои сакаат, уплатата на така пресметаната камата да ја направат еднократно без нејзино капитализирање.

За колку ќе се зголеми обврската? Тешко е да се извади просек, имајќи предвид дека банките имаат различни понуди и дека граѓаните се задолжуваат по разни основи, за купување стан, автомобил, за потрошувачки кредити, со и без обезбедување, со или без девизна клаузула итн. Сите овие видови кредити се со различна каматна стапка, некои имаат фиксна камата за одреден временски период, а потоа променлива, а и каматите значајно се разликуваат во зависност од видот на кредитот.

Сепак, за да имааат претстава колку ќе изнесува каматата, Комерцијална банка на нејзината интернет страница на граѓаните им овозможува преку посебен калкулатор да ги стават сите параметри за нивниот кредит и да видат дали мирувањето на отплатата им одговара или, пак, е подобро да продолжат со редовно плаќање на нивните обврски.

Банката дава и неколку примери преку кои исто така се добива слика колку ќе изнесува обврската по истекот на шесте месеци мирување на обврските.

Така на пример за готовински кредит со девизна клаузула (во евра) во износ од 10.000 евра со рок на отплата од 95 месеци и за кој каматната стапка е фиксна во првите две години (4,9 отсто) и променлива потоа (во моментов променливата камата е 5,9 отсто), месечната рата ќе се зголеми за три евра. Односно, од сегашните 127 евра за периодот со фиксна камата ќе изнесува 130 евра месечно, а за периодот со променлива камата, наместо 131 евра месечно, ќе биде 134 евра месечно.

Кај станбените кредити е слично. Според дадениот пример и кај овој вид кредити ратата ќе се зголеми за три евра месечно. На пример, за станбен кредит со девизна клаузула во износ од 40 илјади евра со рок на отплата од 240 месеци (односно 20 години), каде што првите десет години каматата е фиксна (3,5 отсто), а во преостанатите десет години е променлива (во моментов е 5,2 отсто), сега месечната рата е 232 евра (за периодот со фиксна камата) и 251 евра (за периодот со променлива камата). Од септември, односно по фазата на мирување, ратите ќе изнесуваат 235 евра за периодот со фиксна и 254 евра за периодот со променлива камата.

 

За кредитниот производ „Пензионерски плус“, во износ од 100.000 денари со рок на отплата од две години, односно 48 месеци, каде што каматната стапка е променлива (во моментов е 7,42 отсто) во моментов месечната рата е 2.414 денари, а од септември ќе биде 2.492 денари, објаснува банката.

Дали граѓаните беа доведени во заблуда?

Премиерот Оливер Спасовски во интервју за Телма синоќа изјави дека граѓаните не се доведуваат во заблуда затоа што тој дел од мерката бил соопштен од самиот почеток.

„Точно е дека во овој момент нема предвидено да нема камата или да не се стопира каматата, но сепак треба да имаме во предвид дека треба да се одржува ликвидноста. За една држава е многу важно да има ликвиден банкарски систем. Можеме да донесеме секаква одлука, но не смееме да донесеме одлука со која ќе се загрозат здравите системи коишто сега ги имаме“, рече Спасовски, додавајќи дека сега во државата се посакува никој ништо да не плаќа, никој за ништо да не се грижи во овој момент, а државата се да подмири и на физичките и на правните лица.

„Тоа не е можно“, рече Спасовски.

Тој нагласи дека треба да се води сметка посебно кога станува збор за банкарскиот систем и дека треба да се направи се за да се одржи во добра кондиција.

„Затоа ги носиме одлуките вака, затоа со Народна банка и со банкарскиот сектор решивме да се помогне на овој начин, секоја од банките да изврши одложување на плаќањето од 3 до 6 месеци“, вели Спасовски.

Од друга страна, банкарите велат дека мерката со која овозможуваат одложување на обврските за граѓаните, ги исправа и нив пред големи предизвици. Тие работат со парите кои клиентите им ги доверуваат, кои потоа ги пласираат во вид на кредити. Во наредните месеци тие ќе немаат или ќе имаат значајно помали приливи од отплата на кредитите од страна на граѓаните. За да продолжат со своите редовни кредитни активности, банките сега ќе треба да напраават премостување со средства кои ги имаат пласирано во вид на благајнички записи кај НБМ.

Пресметката на камата за време на мораториумот се применува и во други земји. На пример, во соседна Србија, каде што мораториумот е двојно пократок во однос на Македонија и трае три месеци, банките исто така пресметуваат камата.

Според пресметките на тамошните банки, ратите ќе бидат нешто поголеми. „Застојот во плаќањето на ратите не значи застој во пресметување на каматите. Пресметаната камата ќе се прераспредели на преостанатите ануитети“, пишуваат српските медиуми. Сличен е и одговорот на српската централна банка: „Во однос на редовната (договорена) камата која банката ја пресметува за време на траење на застојот, таа се припишува на долгот и се распоредува рамномерно на преостанатиот рок на доспевање“. 

Како најбрзо да го преболите? Постои апликација која ќе ви помогне!

Break-up Boss е одлична апликација која ќе ви помогне во неколку чекори да го преболите поранешното момче.

Оваа генијална апликација наречена Break-Up Boss беше лансирана пред помалку од една година.

Ја измисли експертот за врски и прекинувања Зои Фостер Блејк, која одлучи да се стави крај на “пијаните” пораки и повици, разлеаната маскара по неконтролираното плачење и општата болка која ја чувствуваме по прекинот.

“Пишувам за односите веќе цела деценија, повеќето луѓе што ми пишуваат пишуваат дека токму тогаш прекинале врска или минуваат низ прекин. Сепак, на таа тема не постои ништо едноставно и јасно, а јас мислев дека би требало да постои “, изјави Фостер Блејк за Dazed.

Со помош на нејзината апликација, сега можете да ги артикуирате своите чувства полесно, да најдете совети кои ќе ве орасположат, а ако дојдете во искушение да му испратите на поранешното момче некоја порака, можете да го направите тоа во апликацијата која ќе ве смири и ќе ви порача дека тоа не е она што ви треба.

Фостер Блејк моментално пишува и книга за прекинувања на врски, која исто така ќе биде наречена Break-up Boss.

Идеи како да ги изненадите најмилите и им направите униканта роденденска торта! (ВИДЕО)

Уникатни идеи како да ги изненадите најмилите и им направите роденденска торта, од која ќе бидат воодушевени.

Погледнете го видеото во продолжение:

Практични совети како да го поминете месецот со што е можно помал трошок!

Не можеме да кажеме дека живееме во економски стабилна земја, но, ако ништо друго, Балканците научија да се справат на различни начини за време на овие тешки и неизвесни години. Едноставниот домашен буџет мора да се прилагоди на нашиот приход, колку и да е низок.

Но, како да го поминете месецот со што е можно помал трошок? Еве неколку совети за управување со вашиот домашен буџет.

Месечни и непланирани трошоци

Како да се справите со бројните долгови? За почеток, запишете ги на хартија вашите месечни трошоци што треба да ги решите. Значи: изнајмување, сметки, мобилен телефон, интернет, трошоци за храна, патни трошоци … Сега извадете го долгот од вашиот приход и пресметајте колку пари останувате за да потрошите.

Повеќето луѓе во голема мера ги акумулираат своите финансиски обврски во главата, но многу трошоци често се забораваат, бидејќи ги има многу. Затоа, секогаш е добро да ги запишете, па ќе мора да се има предвид за она што е неопходно да се тргнат пари во текот на месецот, а со тоа ќе бидете сигурни дека ништо не сте заборавиле.

Како да заштедите пари? 

Повеќето пари се трошат на мали нешта. Сте виделе една симпатична маица па веднаш сте ја купиле, нешто повеќе од потребно сте потрошиле на бонбони и грицки отколку што е планирано, сте почастиле некоја тура повеќе во кафаната затоа што ве повела атмосферате … Реално, тоа сте го направиле бидејќи во моментот сте имале пари во себе. Ова се тие непланирани трошоци кои може да ги намалите доколку парите ги оставате дома а со себе носите само потребен дел.

Потрошувачка кошница. Ние ќе направиме листа повторно. Обично по доаѓањето на пари или кога се зема плата, често одиме на шопинг, најчесто во молот голем бидејќи сакаме целата храна да ја купиме на едно место. На такви места обично има голем број на акции и производи со снижена цена.

Кога ќе завршиме со купување, сфаќаме дека купивме уште десет продукти што не ги планиравме. Затоа, ние сме изложени на повисоки трошоци. Затоа е неопходно повторно да се состави листа.

Запишете на хартија само она што навистина ви е потребно за вашиот дом од храна. Дозволете си малку слобода, бидејќи ќе ги здогледате омилените слатки кои не се наведени во списокот, но не претерувајте со поместувањето на листата.

Ако сте решиле да заштедите пари, најдобро е да се прошетате низ градот, бидејќи хипермаркетите не се секогаш најевтини. Секој град има свои поволни пазари и продавници. Само еден месец да се споредат цените на неколку места, а следниот ќе знаете каде е поевтино овошјето, каде е хемијата, каде месото и така натаму.

Парите не се зачувуваат на крајот од месецот, туку на почетокот.  Кога плаќате пари за вашите сметки, можете, исто така, да одземете одредена сума пари за заштеди, се разбира, според вашите способности. Нека биде минимум десет евра. Ви предлагаме да ги конвертирате тие пари во евра, да ги кренете во некоја кутија и да се преправате како тие пари да не постојат се до моментот кога навистина ќе ви бидат неопходни.

Не чекајте да видите што ќе остане од вашата плата на крајот на месецот, туку веднаш оставете одредена сума пари за недај боже.

Но, пред да почнете да штедите, дефинирајте го она на што сакате да ги потрошите: летување, зимување, нов велосипед, некои апарати техника во домот… Значи, не земајте  од тие пари, во секој случај, освен кога е време да ги потрошите за она што сте ги намениле.

Ако итно ви требаат пари за неочекувана сметка, користете го веќе споменатиот дозволен минус.

Што ако веќе сте во долгови?

Се чинеше толку лесно кога зедовте заем, а сега веќе сте во голем проблем. Поминавте малку повеќе, дојдоа некои непланирани трошоци. Ова се ситуации кога е најдобро да се земе кредит за рефинансирање. Тоа е можност да се поправат старите грешки и да почнат патите да се трошат малку повеќе разумно.

Најчитани

Твитови