д-р Емил Угриновски-генерален менаџер: СИТЕ ПАЦИЕНТИ МОЖАТ ДА СЕ ПРЕГЛЕДААТ И СИТЕ ОПЕРАЦИИ НЕПРЕЧЕНО СЕ ОДВИВААТ ВО НОВАТА НЕУРОМЕДИКА БОЛНИЦА

Новата Неуромедика болница работи со целиот свој капацитет, сите оддели функционираат со строго почитување на сите мерки на безбедност.

Денес славите 28 годишен јубилеј и бележите три години од постоењето на болницата колку Ви е значајна оваа дата?

д-р Емил Угриновски: Почетоците беа во 1992 година која од денешен аспект е далечна, денес славиме јубилеј 28 години постоење на брендот Неуромедика и три години од постоењето на болницата, голем датум за нас како фирма и како болница. За жал прославата мораме да ја одбележиме скромно во услови на пандемија од Covid-19, за нас ова е јубилеј кој многу ни значи, не прави горди и не мотивира да гледаме во иднината.

Какви беа почетоците?

д-р Емил Угриновски: Дамнешната 1992 година кога е формирана Неуромедика имаше премин од еден стар комунистички систем на управување со нашето здравство и требаше да се помине кон нешто ново за овие простори непознато па затоа почетоците беа многу скромни.

Почетокот на Неуромедика е во еден двособен стан од шеесетина квадрати во центарот на Скопје. Јас секогаш кажувам дека почнавме со една многу скромна опрема од бугарско производство, почнавме со ЕКГ и спирометри па од денешен агол тоа ми изгледа многусмешно. Но кај нас постоеше голема желба и имаше многу ентузијазам да се успее и да се смени принципот на размислување кај луѓето. Нема да заборавам кога секој пациент мораше да плати партиципација од една германска марка, само триесетина денари што од денешен аспект е симболично. Тоа беше потребно да се објасни на здравствениот систем дека приватното здравство чини бидејќи за да се добие квалитетна услуга нешто треба и да чини. Влеговме со многу ентузијазам со многу желба и се боревме за секој пациент бидејќи како што се покажува во стварноста правилото е на секој еден задоволен пациент добивате десет нови а само еден незадоволен одвраќа сто.

Неуромедика опстои како прва приватна здарвствена институција во Македонија изоди трнлив пат и со сите потешкотии и препреки на системот се трансформираше во Болница Неуромедика која е наша гордост.

Од каде визијата за толку голем проект?

д-р Емил Угриновски: Во тоа време требаше да се има поразлична мисла за да се надмине постоечкиот и застарен здравствен систем наречен државно здравство каде пациентите беа навикнати ништо да не плаќаат а нешто што не се плаќа и чини нула пари автоматски луѓето не го почитуваат и не го ценат. Визијата беше да се промени мислењето на луѓето и да се добие квалитетна здравствена услуга и тоа е успешната формула во овие 28 години на нашето постоење. Јас сум горд кога велам дека Неуромедика ние не ја изградивме! Неуромедика ја изградија нашите пациенти. Довербата пред сè е факторот кој најмногу не одржа и доколку ние не нудевме квалитетна услуга, доколку пациентите биле незадоволни, или доколку добивале погрешни дијагнози немаше да успееме и да бидеме тоа што сме.

Зошто новиот болнички капацитет каде функционирате веќе три години е изграден во центарот на градот?

д-р Емил Угриновски: Неуромедика болница точно три години функционира во центарот на градот на ул. Јордан Мијалков, целта е да бидеме што поблиску до пациентите.

Самата симболика да се биде во центарот на големиот град беше поради можноста да бидеме достапни подеднакво за сите пациенти. Не сакавме да одиме ни на една страна од градот во ни една населба за подеднакво да бидеме достапни до сите. Тоа се нашите предности, сега сме со локација во центарот на Скопје и сме достапни за пациенти кои не се само од нашиот град туку и за пациентите кои живеат во внатрешноста на државата. Веќе три години функционира овој објект кој е направен по светски стандарди змислен како small luxury hospital. Нашето искуство во овие три години ни покажа токму таква слика, Македонија е мала земја во која нема потреба да се има голема болница. Изминатите три години од почнувањето па до комплетирањето на опремата и доекипирањето на тимот на лекари ни го докажаа тоа. Денес нашите резултати како хируршка болница се импозантни, секојдневно имаме зголемување на бројот на пациентите па дури и во овие тешки времиња кога сите се бориме со пандемијата. Пациентите можеби не сакаат да се изложуваат на потенцијални опасности во државните здравствени институции каде има COVID центри, тие ни ја дават довербата на нас па секојдневно работиме на се потешки и потешки операции. Бројките рапидно растат, порано имавме три или четири операции во неделата а сега имаме толку во еден ден. Капацитетот на болницата е исполнет повеќе од 50% што е сосема доволно да се оправда инвестицијата и визијата на менаџерскиот тим.

Се работи за една високо современа и софистицирана болница којашто има квалитени и опремени хируршки сали, интензивна нега, пост интензивна нега и болнички апартмани коишто се на ранг на хотел со пет ѕвезди. Се е направено капацитетот да се стави во функција на пациентот и тој да се чувствува многу пријатно. Пациентите се под целосен мониторинг на персоналот и нега, добиваат секоја минута во текот на 24 часа.

Што беше посебно во планот за екипирање на плејада еминентни имиња од медицината токму во Неуромедика?

д-р Емил Угриновски: Ако не испланирате неможете да имате високо современа болница, а таа неможе да функционира без плејада на звучни имиња од областа на медицината. Тоа би наликувало да имате најдобар авион а да немате пилот за него. Во нашите долгорочни планови си поставивме за цел да создадеме Болница со најдобрите тимови од областа на хирургијата, ортопедијата, трауматологијата, торакалната хирургија, пластичната хирургија и други области во медицината. Тимови на доктори коишто се актуелни и се бренд  и коишто си го оправдуваат самиот ангажман само тие можат да работат во една институција како што е брендот Неуромедика. На ова би ги додал и докторите коишто работат во поликлиничкиот дел, еминентните професори коишто работат во дијагностика во спрега со тимот на професори и примариуси во оперативниот и анестезиолошкиот дел.

- Како се справувате во услови на пандемија од Covid-19?

д-р Емил Угриновски: Морам да напомнам дека од првиот ден кога пандемијата влезе во границите на нашата држава ние многу темелно пристапивме и горди сме што до овој момент останавме чиста болница. Ниту еден од нашите вработени не е заразен од вирусот а некои од пациентите кои се задскриваа навремено ги откривавме и не дозволивме вирусот да не изненади.

Неуромедика работи со целиот свој капацитет, сите оддели функционираат со строго почитување на сите мерки на безбедност. Сите пациенти можат да се прегледаат и сите операции непречено се одвиваат. Ние сме единствената болница која го вгради и го имплементираше тотем системот за дезинфекција, тоа се специјални апарати низ коишто секој пациент мора да помине на дезинфекција пред да стави маска и ракавици. На сите пациенти и вработени им се мери температурата и доколку се установи покачена температура пациентите или вработените не се пропуштаат и не им е дозволен влезот во болницата бидејќи одговорноста е на сите!

Награди со кои се гордееме се:

- На Форумот за Врвен Квалитет и Менаџмент кој се одржа на 07.10.2016 во Кан, Франција, д-р

Емил Угриновски ја доби наградата Менаџер на Годината додека „Неуромедика“ е прогласена за Најдобра Регионална Болница.

- Европско бизнис здружение (Europe Business Assembly) на „Неуромедика“ ја додели наградата за Најдобра Болница.

- Плакета за д-р Емил Угриновски за особен придонес во македонскиот ракомет

- Студентите избраа! Neuromedica #STUBRAND, Грижата за нивното здравје го имаат доверено на најмодерната приватна македонска Болница Неуромедика.

- Д-р Емил Угриновски го доби признанието Личност на Југоисточна Европа за 2017 година (SEE Personality 2017) што се доделува во рамки на Фестивалот на кинематографиите од Југоисточна Европа.

- Сертификат за „Неуромедика“ за деловна успешност во исполнување на највисоките критериуми за достигнувања во 2018 година.

- Награда за Неуромедика за најдобра практика (Best practice) за 2018 година од Европското Здружение за истражување на квалитет!

Ги топи килограмите: Рецепт за совршено тело!

Покрај тоа што ќе ги изгубите вишокот килограми, ќе го зајакнете имунитетот и ќе се ослободите од отровите во телото.

Лукот е една од најчесто користените состојки во речиси секоја кујна ширум светот. Популарен е бидејќи има фантастичен вкус, му дава посебна арома на секое јадење, а како врв на сето тоа е корисен и за здравјето.

Најдобро е да се конзумира свеж, бидејќи неговата активна состојка алицин ги губи своите својства ако се обработи термички.

Свежиот лук може да ви помогне при многу болести, а дури и самите лекари го препорачуваат. Може да ви помогне да го намалите високиот крвен притисок и холестеролот, срцевите заболувања и срцевиот удар.

Исто така, тој е многу корисен во ублажување на атеросклерозата и одличен е за зајакнување на имунолошкиот систем, а помага и при детоксикација на телото и значително ги намалува килограмите.

Како да го користите лукот за слабеење?

Исецкајте го лукот на што поситни парчиња и оставете го да отстои барем 15 минути пред да го изедете. Најдобро е да го конзумирате на празен желудник, бидејќи така телото полесно ги апсорбира хранливите материи.

Земете 2 – 3 чешниња лук и измешајте ги со една лажица мед.

Конзумирајте ја оваа смеса секој ден. После неколку дена ќе забележите дека се чувствувате поенергично, а ќе бидете и поздрави. Но, после седум дена, ќе забележите и дека значително сте изгубиле од телесната тежина.

Како изгледаат хороскопските знаци на море!

Секој хороскопски знак има свои особини. Замислете дека сите заедно заминуваат на одмор…Некој „виси“ на „Фејсбук“, друг сака ноќна забава, трет да плива…

По пат:

Овенот се нервира што автомобилот не оди побрзо, а Девицата заради мравките кои се појавиле откако Скорпијата скришно изела сендвич за некој да не и побара залче, пишува „Црно бело“.

Стрелецот веќе ставил очила за сонце и апостолки, па босите нозе ги подигнал на седиштето пред себе, заради што Ракот се расплакал.

Близнацот веќе променил повеќе статуси на Фејсбук – Тргаме, тргнавме, еве одиме, супер ни е, еве Скорпијата јаде, Ракот плаче, Овенот ми оди на нерви…

Вагата внимава да не си ја истутка облеката и љубезно го моли Бикот да се тргне од неа со чоколадото и сокот.

Лавот низ прозор им мавта на сите кои ќе ги види по пат, затоа што е сигурен дека сите гледаат во него.

Јарецот ги пребројува парите и пресметува по колку во просек има за еден ден, додека Водолијата ја пробува маската за нуркање.

Рибата цело време спие.

 

Конечно, стигнавме, пишува Близнакот нов статус на Фејсбук. Водолијата лајка. Овенот веќе е во море.

Скорпијата со торбата го окупирала тоалетот, заради што Вагата стои пред врата и плаче како мора да се пресоблече и да ја среди фризурата за на плажа.

Девицата има нервен слом затоа што во станот веќе е тотален неред, никој не ги распакувал куферите.

Стрелецот веќе отишол да го истражува местото, Бикот лови риба за на скара, Ракот прави јадење бидејќи знае дека сите се гладни.

Јарецот повторно ги пребројува парите и се ценка со газдата на апартманот. Лавот е на терасата и им позира на минувачите.

Рибата штотуку се разбудила и веќе размислува за смислата на животот.

 

Јухууу, еве не на плажа, гласи новиот статус на Близнакот заедно со нова фотка.

На фотографијата Девицата е со шешир на глава со дијаметар од метар и половина, додека во рака држи фактор 50-ка.

Ракот е замотан во пешкир со ликови од цртани филмови.

Вагата има костим за капење во вредност од половина просечен автомобил.

Лавот ја покажува совршената фигура, Рибата не се гледа од својот апарат, а Стрелецот, Лавот и Вагата и држат рогови од два прста.

Скорпијата го свртела грбот и им забранила на сите да ја тагнат.

Водолијата се слика со маска за нуркање и пераи, Јарецот има 3 книги под рака, Бикот лиже сладолед.

Од Овенот нема слика, затоа што веќе е на 200 метри оддалечен во вода.

 

Ноќна журка, објавува Близнакот, без фотка бидејќи сите се веќе поцрвенети од првиот ден на плажа, освен Девицата.

Бикот запалил скара, а Лавот тврди дека тој може многу подобро.

Стрелецот веќе ги поканил сите комшии на забавата, што на Скорпијата не и се допаѓа, па мирно седи во ќоше.

Ракот на сите им сервира чинии, јадење, пијалаци…

Вагата е во свечен фустан и ја наговара Рибата да ја слика во сите можни пози.

Водолијата предлага утредента сите да запишат часови по нуркање или подводен риболов, додека Јарецот пресметува дали е тоа исплатливо.

Овенот оди на ноќно пливање.

Најчитани

Твитови