Шест метри одвоеност и во вода и меѓу лежалки: Кои се правилата за на плажа

Во вода да се одржува социјална дистанца, а на плажа да се носат покривки за лице кога дистанцата не може да се одржи. Сопствениците на плажите треба лежалките, чадорите, веслата, кајаците и перките за пливање да ги исчистат и дезинфицираат, да се чуваат одвоени од веќе исчистените и дезинфицираните предмети. Персоналот и посетителите на плажите не треба да споделуваат предмети што тешко се чистат, санираат или дезинфицираат како очила, храна, опрема, играчки и матеирјали со оние со кои не живеат, се вели правилата за одење на плажа кои ги објави Инстутот за јавно здравје. Најверојатно допрва ќе има и протоколи. Македонските плажи засега се единствена опција. Дали ќе може да одиме надвор на море ќе зависи од развојот на епидемијата.

Во нив стои дека поединците не треба подолго да комуницираат со луѓе. Во правилата за однесување на плажа ризиците се на три нивоа. 

Најнизок ризик имаат вработените и посетителите на плажа кои се на најмалку 6 метри оддалеченост од луѓето со кои не живеат. Притоа, тие не не делат храна, опрема, играчки или материјали со луѓе со кои не живеат.

Повеќе ризик за зараза имаат персоналот и посетителите на плажа кои се доближуваат на помалку од 6 метри од луѓето со кои не живеат, но се од ист град или област и притоа делумно споделуваат храна, опрема, играчки или материјали со соседот.

На највисок ризик од зараза се изложени посетителите и персоналот кои се на помало растојание од 6 метри од луѓето кои се од друг град или област и притоа слободно споделуваат храна, опрема, играчки или материјали со други, дури и со луѓе што не ги познаваат.

Се препорачува да се ограничи употребата на бањите, а персоналот и посетителите на плажа да го делат превозот и транспортот само со луѓе во нивното домаќинство. На плажите треба да има препораки за миење на рацете со сапун и вода најмалку 20 секунди, да се користат средства за дезинфекција на раце со најмалку 60 проценти алкохол, да се постават канти за ѓубре без допир и со капак, да се постават преносни станици за миење раце, за да се мотивираат посетителите и персоналот на плажа да ги мијат рацете.

Социјално дистанцирање

Социјалното растојание — персоналот и посетителите на плажа треба да останат најмалку 6 метри (и во водата и надвор од водата) од луѓето со кои не живеат.

Треба да се направат исклучоци

Кога треба да се спаси вознемирен пливач, да обезбеди прва помош или да изврши кардио-пулмонална реанимација (CPR); или

Евакуација на целата плажа заради итен случај.

Ограничете го зафаќањето на мали простори (како што се бањи и центри за посети) за да им се олесни на персоналот и на посетителите на плажа да останат најмалку 6 метри подалеку од луѓето со кои не живеат.

Да им се пепорача на персоналот и посетителите на плажа да делат превоз-транспорт само со луѓе во нивното домаќинство.

Покривки за лице-ткаенини

Препорачајте ја употребата на прекривки за лице од ткаенини кај вработените и посетителите на плажа. Покривките за лице треба да се носат кога е возможно и се најважни во моментите кога социјалното растојание е тешко да се одржи.

Советувајте ги оние што носат крпи за лице да не ги носат во вода, затоа што може да биде тешко да дишат кога ќе се навлажни. Ова значи дека е особено важно да се одржи социјалното растојание во водата.

Навлаките за лице на ткаенината не треба да бидат поставени кај:

Деца помлади од 2 години или

Секој што има проблеми со дишењето или е во несвест, неспособен или на друг начин не може да ја отстрани покривката без помош.

Треба да се обезбедат информации за целиот персонал за правилна употреба, отстранување и миење ткаенини на лицето. Поединците треба често да се потсетуваат да не ја допираат ткаенината и да ги мијат рацете често.

Ги топи килограмите: Рецепт за совршено тело!

Покрај тоа што ќе ги изгубите вишокот килограми, ќе го зајакнете имунитетот и ќе се ослободите од отровите во телото.

Лукот е една од најчесто користените состојки во речиси секоја кујна ширум светот. Популарен е бидејќи има фантастичен вкус, му дава посебна арома на секое јадење, а како врв на сето тоа е корисен и за здравјето.

Најдобро е да се конзумира свеж, бидејќи неговата активна состојка алицин ги губи своите својства ако се обработи термички.

Свежиот лук може да ви помогне при многу болести, а дури и самите лекари го препорачуваат. Може да ви помогне да го намалите високиот крвен притисок и холестеролот, срцевите заболувања и срцевиот удар.

Исто така, тој е многу корисен во ублажување на атеросклерозата и одличен е за зајакнување на имунолошкиот систем, а помага и при детоксикација на телото и значително ги намалува килограмите.

Како да го користите лукот за слабеење?

Исецкајте го лукот на што поситни парчиња и оставете го да отстои барем 15 минути пред да го изедете. Најдобро е да го конзумирате на празен желудник, бидејќи така телото полесно ги апсорбира хранливите материи.

Земете 2 – 3 чешниња лук и измешајте ги со една лажица мед.

Конзумирајте ја оваа смеса секој ден. После неколку дена ќе забележите дека се чувствувате поенергично, а ќе бидете и поздрави. Но, после седум дена, ќе забележите и дека значително сте изгубиле од телесната тежина.

Како изгледаат хороскопските знаци на море!

Секој хороскопски знак има свои особини. Замислете дека сите заедно заминуваат на одмор…Некој „виси“ на „Фејсбук“, друг сака ноќна забава, трет да плива…

По пат:

Овенот се нервира што автомобилот не оди побрзо, а Девицата заради мравките кои се појавиле откако Скорпијата скришно изела сендвич за некој да не и побара залче, пишува „Црно бело“.

Стрелецот веќе ставил очила за сонце и апостолки, па босите нозе ги подигнал на седиштето пред себе, заради што Ракот се расплакал.

Близнацот веќе променил повеќе статуси на Фејсбук – Тргаме, тргнавме, еве одиме, супер ни е, еве Скорпијата јаде, Ракот плаче, Овенот ми оди на нерви…

Вагата внимава да не си ја истутка облеката и љубезно го моли Бикот да се тргне од неа со чоколадото и сокот.

Лавот низ прозор им мавта на сите кои ќе ги види по пат, затоа што е сигурен дека сите гледаат во него.

Јарецот ги пребројува парите и пресметува по колку во просек има за еден ден, додека Водолијата ја пробува маската за нуркање.

Рибата цело време спие.

 

Конечно, стигнавме, пишува Близнакот нов статус на Фејсбук. Водолијата лајка. Овенот веќе е во море.

Скорпијата со торбата го окупирала тоалетот, заради што Вагата стои пред врата и плаче како мора да се пресоблече и да ја среди фризурата за на плажа.

Девицата има нервен слом затоа што во станот веќе е тотален неред, никој не ги распакувал куферите.

Стрелецот веќе отишол да го истражува местото, Бикот лови риба за на скара, Ракот прави јадење бидејќи знае дека сите се гладни.

Јарецот повторно ги пребројува парите и се ценка со газдата на апартманот. Лавот е на терасата и им позира на минувачите.

Рибата штотуку се разбудила и веќе размислува за смислата на животот.

 

Јухууу, еве не на плажа, гласи новиот статус на Близнакот заедно со нова фотка.

На фотографијата Девицата е со шешир на глава со дијаметар од метар и половина, додека во рака држи фактор 50-ка.

Ракот е замотан во пешкир со ликови од цртани филмови.

Вагата има костим за капење во вредност од половина просечен автомобил.

Лавот ја покажува совршената фигура, Рибата не се гледа од својот апарат, а Стрелецот, Лавот и Вагата и држат рогови од два прста.

Скорпијата го свртела грбот и им забранила на сите да ја тагнат.

Водолијата се слика со маска за нуркање и пераи, Јарецот има 3 книги под рака, Бикот лиже сладолед.

Од Овенот нема слика, затоа што веќе е на 200 метри оддалечен во вода.

 

Ноќна журка, објавува Близнакот, без фотка бидејќи сите се веќе поцрвенети од првиот ден на плажа, освен Девицата.

Бикот запалил скара, а Лавот тврди дека тој може многу подобро.

Стрелецот веќе ги поканил сите комшии на забавата, што на Скорпијата не и се допаѓа, па мирно седи во ќоше.

Ракот на сите им сервира чинии, јадење, пијалаци…

Вагата е во свечен фустан и ја наговара Рибата да ја слика во сите можни пози.

Водолијата предлага утредента сите да запишат часови по нуркање или подводен риболов, додека Јарецот пресметува дали е тоа исплатливо.

Овенот оди на ноќно пливање.

Најчитани

Твитови