ИНТЕРВЈУ СО МАРТИН ВЕЛИЧКОВСКИ, АСИСТЕНТ МЕНАЏЕР ВО НЕУРОМЕДИКА КУМАНОВО

 ВАЖНО Е РАБОТАТА ДА СЕ СФАТИ СЕРИОЗНО И ДА СЕ РАБОТИ ПОСВЕТЕНО

Во серијата интервјуа направени со вработените во Неуромедика кои имаат најдолг стаж, зборуваме за нивните почетоци, за годините кои што поминале и што научиле од нив, за професионалните предизвици и пораката која што сакаат да ја пренесат на своите нови колеги.

Мартин Величковски, асистент менаџер во поликлиника Неуромедика Куманово

Колку време сте дел од Неуромедика, како започна Вашата приказна?

Мојата професионална приказна со Неуромедика започна во јули 2006 година, во тогашната поликлиника Медика – Неуромедика во Куманово. Би рекол дека во вистинско време се појави можноста бидејќи претходно работев на позиција во друга компанија каде што не бев среќен, работата не ме исполнуваше и посакав промена. Денес, со задоволство можам да кажам дека мојата приказна успешно трае веќе 15 години. Во времето кога јас се вработив, Неуромедика беше чекор пред сите останати приватни установи, а така е до ден денес. Од поликлиника брзо прерасна во болница, токму заради квалитетот на здравствени услуги кои што нудеше и се уште го нуди, благодарение на фактот што сите врвни специјалисти се дел од медицинскиот тим.

Дали се сеќавате на чувството  кога првпат започнавте да работите во Неуромедика, како беше тогаш, колку Вие се променивте низ годините?

Да, секако се сеќавам. Посебно се сеќавам на чувството кое го имав, тоа беше предизвик кој едвај чекав да го преземам, бидејќи доаѓав од целосно друга област која немаше конекција со здравството. Но, бев среќен што влегувам во прв приватен македонски здравствен бренд, каде што се сретнав со искусни, квалитетни менаџери, професори, доктори, медицински и технички кадар кој веднаш ме прифати. Но, морам да нагласам дека најголем ментор тогаш ми беше и сè уште е Д-р Емил Угриновски, кој посветено работи 24/7, се вложува максимално, ја надградува институцијата со квалитетен кадар од секоја гранка.

Кога кон работата се пристапува професионaлно и посветено, неминовно е да се научи многу од истата. Дали Вашиот случај е таков, колку научивте и се надградивте себеси низ годините?

Точно така, тоа е случајот и со мене. Навистина се променив и надградив себеси со секоја помината година. Неминовно е работата да ве профилира дополнително како личност, ја зголемува одговорноста кон професијата и сето тоа буди желба за уште поголема посветенест, а со тоа и успех. Уште една професионална карактеристика која што ја совладав е духот за тимска работа, што е од особено значење кога работите за еден толку голем и значаен бренд.

Со кои врвни медицински имиња сте работеле досега додека сте дел од медицинскиот им на Неуромедика?

Бидејќи мојата работна позиција е асистент менаџер, сум имал можност да соработувам со многу колеги од врвни институции од Македонија во делот организација и менаџмент, а посебно задоволство ми е да истакнам дека благодарение на фактот што во Неуромедика работеле и сè уште работат најдобрите специјалисти во својата област, имав можност да научам многу од нив во поглед на посветеност, професионалност и доследност.

Која е пораката која би сакале да ја пренесете на идните колеги?

Би сакала да им нагласам дека успешноста во работата и напредокот на работната позиција зависи од вас самите, но и менаџерот, лидерот на компанијата од кој секогаш можете да научите многу, доколку ги следите инструкциите и што е уште поважно имате меѓусебна соработка, како со претпоставените, така и со колегите. Тоа што ме научи моето 15 –сет годишно искуство е дека на работното место покрај професионалната надградба, се стекнуваат и многу пријатели, се  запознаваат  личности кои значат нешто во светот на бизнисот. Сè на сè, важно е работата да се сфати сериозно и да се работи посветено.

 Подготви: Билјана Настеска - Каланоска

Фотографија: Приватна архива - Неуромедика

Кој плаче повеќе, мажите или жените?

Истражувањето направено во врска со емоционалното празнење, односно плачење покажа - верувањето дека жените плачат почесто е точно. Сепак резулатите се изненадувачки во однос на тоа колку редовно плачат мажите, ако се земе во обзир дека ниеден маж нема да признае дека некогаш плачел.

Припадничките на понежниот пол плачат просечно секој шести ден, а мажите еднаш во 3 недели...

Последното истражување на германски научници покажа дека жените ронат солзи 30-64 пати годишно, а мажите многу помалку, само 17 пати. Додека се деца до 13 години, девојчињата и момчињата плачат речиси подеднакво, но понатаму работите се менуваат.

Истражувањето покажало дека возрасните жени обично плачат долги временски периоди и тоа го прават подраматично за разлика од мажите. Времетраењето на просечно плачење кај жените е околу 6 минути, а кај мажите околу 2-3 минути.

Жените плачат почесто отколку мажите, затоа што на тој начин си ги олеснуваат своите емоции или го отфрлаат чувството на тага. Истото истражување покажало дека 65% од дамите плачат со липање, додека таква ситуација се случува само кај 6% од мажите.

Причините за плачење се разликуваат. Жените плачат кога ќе се соочат со ситуација или проблем за кој е тешко да се најде решение, но и со потсетувањето на тажни и тешки искуства од минатото. Од друга страна, мажите плачат кога сочувствуваат со некоја личност, а многу често поради прекин на љубовна врска.

Како најлесно да ги преболите бившите?!

Сите знаеме дека раскинувањето никогаш не е лесно. Тоа е процес низ кој сите поминуваме различно. 

За да се поштедите од поголема болка и постапки за кои подоцна може да зажалите, бидете разумни и послушајте што вика науката за преболувањето на бившите.

Повеќе во видеото:

Ја идеализирате вашата врска – ова се четири јасни знаци дека ништо не е идеално!

Колку и љубовта од нас да бара компромиси и попустливост кон некои навики на нашиот партнер, постојат работи кои едноставно не треба да се толерираат во текот на врската. Се разбира, вие не сте единствената личност која толерира, исто така и вие сте склони кон грешки, спрема кои вашиот партнер е толерантен, но сепак, ако некои ситуации постојано се повторуваат, не треба да живеете во заблуда дека вашата врска е совршена.

Вашите потреби се подеднакво важни

Здравата врска подразбира дека и на двајцата ви е убаво и заедно  уживате во вашиот однос, затоа немојте да ги ставате потребите на вашиот партнер пред своите, поточно не го правите тоа постојано. Врската е терен на кој двете страни подеднакво уживаат во познатото. Значи, ако тој е вашиот приоритет, мора и вие да бидете негов, а ако не, не би требало да бидете пар, бидејќи кога сте сами, секој на себеси му е приоритет број еден.

Тој не стои на своите зборови

Се разбира, дека сите несогласувања ги решавате со мирен разговор, а кога ќе укажете на грешките на својот партнер, тој ветува дека тој нема повторно да ги повтори, но сепак, сè е сведено на празни ветувања. Ова е ситуација во која можете да видите дека вашиот партнер не човек од збор и дека со него не можете да планирате сигурна иднина, и тоа не е она што ви треба.

Секогаш имате оправдување за неговите постапки

Наместо да продолжите постојано да наоѓате оправдувања, за неговото, се почесто, неприфатливо однесување, време е да кажете доста и да обрнете внимание на работите во кои тој греши. Ако не е подготвен да се обиде да ги промени своите лоши навики, за да го подобрите вашиот однос, значи дека не му е доволно грижа и дека си е најважен сам на себе.

Немате повеќе самодоверба

Кога сте во здрава и среќна врска, вие блескате и сте полни со самодоверба, додека лошата врска на вас влијае спротивно. Ако сте во врска која што не ви одговара, потребно е поради својата и среќата на вашиот партнер, да ставите точка на оваа приказна.

Нема потреба да се залажувате дека сте во среќна врска, доколку  не сте. Важно е да се почитувате и да се сакате себеси и не дозволувајте да замижите пред некои транспарентни знаци. Колку порано свртите нова страница, толку побргу ќе ви бидат дадени нови шанси за среќа!

извор:попара.мк

Најчитани

Твитови