Најсексапилните парови според хороскопот

Што хороскопскиот знак открива за нашите сексуални афинитети?

Припадниците на хороскопскиот знак Лав се палат на жесток секс, Шкорпиите се ненаситни, Близнаците и Овновите се мајстори за секс набрзина, Водолиите и Јарците сакаат секс играчки.

Овен
Сака да покаже доминација и во креветот. Сексуална енергија има на претек и многу е страствен. Ги сака сите пози каде може да го диктира темпото и да го потчини партнерот. Добро се сложува со сите огнени и воздушни знаци.

Бик
Бикот е исклучително сексуален, има способност да почувствува што е тоа што најмногу го возбудува партнерот. Ги сака сите пози и долга предигра. Посебно му одговараат личности родени во знакот на Шкорпија, како и останатите водени знаци.

Близнаци
Близнакот не спаѓа во групата на сексуални знаци, но умее да изненади. Неговото најсилно оружје е уметноста на заведување. Сака да зборува во текот на сексот. Му одговараат акробатски пози, а одлично се вклупува со Стрелецот и Водолијата.

Рак
Ракот е исклучително чувствителен знак кому му е потребно да сака за да може во сексот да ја покаже својата нежност и уметност. Во спротивно, нема да биде баш инспириран. Позите кои ги сака се оние во кои може да има близок контакт со партнерот. Му одговараат земјените знаци.

Лав
Желбата да биде најдобар не го напушта ни во сексот – секогаш е подготвен на сѐ. Сака жесток и активен секс и пози во кои може да надгледува. Му одговараат знаците Овен и Вага.

Девица
Овој знак има потешкотии да се опушти за време на сексот, така што му одговараат класичните пози. Добро се сложува со Јарците и Рибите.

Вага
Ужива во заведувањето и во сексот има многу побарувања. Смета дека го заслужува најдоброто, а партнерот исто така ќе добие потполно уживање. Ги сака позите кои ги откриваат сите способности. Добро се сложува со знаците Овен и Водолија.

Шкорпија
Во врската сексот е најважен за овој знак, па во креветот одлично се покажува. Сака необични пози. Си одговара со Бик, Риби и Рак.

Стрелец
По природа е ладен така што ги сака конзервативните пози и позите во кои партнерот е доминантен. Се сложува со Шкорпиите, Биковите и Раковите.

Јарец
Во креветот е многу слободен и оргинален, но исто така е склон кон чести авантури. Го возбудува сѐ, а особено провокативен изглед. Најмногу ги сака позите во стоечка положба. Му одговараат сите огнени и воздушни знаци.

Водолија
Овој знак во сексот сака сѐ и секогаш е отворен за иновации. Од сето она од што другите можеби се срамат, тој не. Го возбудува шепотењето. Се вклопува со Близнаците и Огнените знаци.

Риби
Во креветот умеат да направат вистинска магија. Особено ги возбудува мазење на стопалата и страстен бакнеж. Најмногу им одговараат Раковите, Шкорпиите и Девиците.

Дерматолозите откриваат: Кокосовото масло е одлично но не делува лековито на сите типови кожа!

Веќе подолго време се зборува дека кокосот е лековит, и за бјути предностите од кокосовото масло, за неговите својства кои одлично делуваат на кожата и косата, за лекување на лузни и спречување на стареењето на кожата.

Според дерматологот и научник Џошуа Зејкнер, кокосовото масло е сепак “тешко” за лицето.

“Ова масло има многу бенефиции, но ги затвора порите. Во основа, кокосовото масло е многу заштитено и наместо да се апсорбира во кожата, останува на неа. Посебно не се препорачува за лицата кои се склони на акни и митесерии”.

Иако кокосовото масло е богато со витамин Е, линолска киселина која ја смирува иритантната кожа, сепак ова масло не се покажа како добро за бробата против акни.

Само во одредени случаеви се покажа како одлично против воспаление на кожата и акните:

“Овде мора да ги имаме во предвид гените отколку лековитите својства на маслото. На одредени типови на кожа, маслото од кокос им одговара, а на други не. Некои се многу чувствителни на овој производ, други не и во тие случаеви генетиката игра важна улога”.

Кафето е лек за луѓето со срцеви заболувања!

Новото истражување вели дека секојдневното пиење кафе и чај може да биде од корист за луѓето кои имаат проблеми со срцето и ја поврзало консумацијата на кофеин, како состојка на овие два популарни пијалаци, со намалувањето на стапката на аритмии и абнормален срцев ритам.

Аритмија е состојба во која срцето бие премногу брзо, побавно или има нееднаков ритам. Многу лекари ги советуваат пациентите со атријална или вентрикуларна аритмија да избегнуваат пијалаци кои содржат кофеин. Но овие научници го покажале спротивното.

Тие анализирале 11 значајни научни студии, во кои вкупно биле вклучени 360.000 луѓе и откриле дека кофеинот нема никакво влијание на вентрикуларната аритмија, пишува Гардијан.

Анализата укажува дека внесот на кофеин од 300 милиграми на ден може да се смета за безбеден кај пациенти кои страдаат од аритмија. Тоа е, приближно, количина која е содржана во три шолји кафе.

Сепак, постојат бројни индивидуални разлики кога е во прашање чувствителност на ефектите на кофеинот, земајќи ги во предвид факторите кои водат до аритмии кај некои одделни случаи.

“Во студиите, во кои бил вклучен голем број луѓе, пациентите кои умерено конзумирале кафе и чај имале помал ризик за појава на проблеми со срцевиот ритам. Можно е тоа да влијаело позитивно на должината на нивниот животот”, заклучува тој.

Студијата беше објавена во научното списание на Американскиот колеџ за кардиологија.

Емотивна исповед: Вељко Ражнатовиќ ја отвори душата и прв пат јавно прозборе за неговото семејство и татко му!

Вељко Ражнатовиќ, синот на популарната пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ, почна професионално да се занимава со бокс. Вељко не крие дека неговата мајка би сакала нејзиниот син да се бави со нешто друго, но, секако го поддржува неговиот избор.

“Искрено, мислам дека мојот татко би сакал повеќе да сум некој дипломат, магистер или слично. Мислам дека би сакал да имам три универзитети, но не се сомневам дека би бил горд на мојот избор и триумфи “, изјави Вељко за српски магазин.

Тој вели дека сака да се ослободи од стереотипите “момче на мама”, па затоа избрал боречка вештина.

“Можеби тој  стереотип ме натера на тој спорт  спорт каде што не постои мајка, татко, баба,  дедо. Сам одам во рингот и се борам за својот живот. Јас сум син на Цеца и од тоа не можам да побегнам. Но,  јас сум исто така, син на Аркан и брат на Анастасија“, продолжува Вељко.

Тој верува дека ќе дојде денот кога ќе се наречат само по неговото  име и презиме. Против предрасудите кои постојат околу него, но поради популарноста на неговата мајка, научил да се бори.

Најчитани

Твитови