Дали знаете што говори омилената боја за вас?

Поголемиот дел од луѓето имаат своја омилена боја и свесно се опкружуваат со нејзиното присуство. Во случај да немате омилена боја, погледнете во својот ормар - токму таа боја што доминира во него може да се смета и за ваша најдрага боја. Еве што говори токму вашата омилена боја за вас.

Бела

Белата е симбол на чистотата, невиноста и наивноста, па токму затоа често се поврзува со младоста. Ако сте повозрасно лице, белата боја може да значи дека копнеете по совршенството и неостварените идеали, или можеби сакате повторно да ја вратите изгубената младост и свежина. Исто така, белата боја ја симболизира и желбата за едноставност.

Црвена

Оваа боја претставува сила, здравје и виталност. Често ја избираат екстровертни, агресивни и импулсивни лица, или пак лица кои би сакале да ги постигнат тие особини. Се поврзува со амбициозен карактер, одлучни да искористат сè што им нуди животот. Можат брзо да ги оценат луѓето и да одберат страна на која ќе се приклонат. Луѓето кои ја избираат црвената боја се оптимисти кои тешко поднесуваат монотонија, имаат немирен дух и можат да бидат несвесни за сопствените недостатоци. Од друга страна пак, тивките лица кои избираат црвена боја најчесто имаат потреба за топлина, сила и останатите карактеристики на оваа боја. Црвената обично е карактеристична за луѓето кои што го сакаат животот.

Кафена

Луѓето кои ја избираат кафената боја најчесто се одликуваат со исклучителна издржливост и трпеливост. Тие се трудат да бидат со цврст карактер, совесни, независни, лојални и конзервативни. Не се импулсивни, сакаат одговорност, љубезни се и на нив можете да се потпрете во било кој момент. Ако избирате кафена боја, треба да внимавате да не станетете премногу непопустливи и тврдоглави.

Розова

Оваа боја е понежна карактеристика на црвената, симболизира љубов и чувства без страст. Жените кои сакаат розова боја имаат мајчински склоности. Розовата боја означува заштита, внимание и ситуиран живот. Луѓето кои избираат розова боја се во потрага по искрена љубов и сакаат да се чувствуваат сигурно и сакано, можеби дури сакаат да се сметаат за деликатни, слаби и ранливи. Овие луѓе сакаат да бидат шармантни и меки, но и помалку недефинирани.

Портокалова

Ова е боја на луксуз и луѓе кои сакаат да си угодуваат. Портокаловата боја најчесто ја избираат социјални лица кои сакаат добра забава. Обие луѓе најчесто се многу популарни и имаат добар карактер, иако понекогаш можат и да драматизираат, да бидат помалку превртливи и неодлучни. Сепак, овие луѓе се трудат да се согласат со останатите. Портокаловата е боја која ја симболизира младоста, силата, храброста, љубопитноста и немирот.

Жолта

Боја на среќа, мудрост и имагинација. Често ја бираат авантуристи кои сакаат нешто ново и сакаат самите да се исполнат. Обично добро оди со весели лица кои имаат добра смисла за хумор, но и одлично чувство за работа. Жолтата боја означува интелект и сè што е поврзано со умот. Токму поради тоа, овие луѓе најчесто се прецизни и имаат свој став за сè, како и ум преполн со идеи. Овие луѓе понекогаш можат да се сметаат и за неодговорни бидејќи често избираат слобода на своите мисли и делувања. 

Зелена

Ова е боја на хармонијата, симболизира надеж, обнова и мир. Често ја сакаат лица со мирен и искрен карактер. Овие луѓе најчесто размислуваат за заедница, исклучително се друштвени и преферираат мир по секоја цена. Сепак, поради нивната скромност и трпеливост, понекогаш лесно можат да бидат искористени. 

Сина

Ова е мека, сочувствителна и грижлива боја. Означува лишеност од слободата и интроспекцијата, конзервативноста и обврските. Овие луѓе се често предмет на восхитување поради својот цврст карактер и мудроста. Тие се исто така се трпеливи, истрајни и совесни. Луѓето кои ја избираат сината боја се верни и лојални, но понекогаш можат да бидат и сомнителни, па дури и да влезат во конфликти.

Виолетова

Луѓето кои ја избираат оваа боја можат да се опишат како индивидуалци, а ги красат досетливоста, чувствителноста и желбата да бидат единствени и поинакви од другите. Тие се темпераментни и талентирани за уметност. Ако ја сакате волетовата боја, тогаш веројатно се стремите кон тоа да бидете нековенционални, толерантни и достоинствени и да постигнете високи позиции во општеството.

Тиркизна

Комплексна, магична и оригинална боја. Овие луѓе вообичаено го избираат потешкиот начин, па однадвор може да изгледаат сосема ладно, додека во нивната внатрешност се одвиваат различни превирања.

Сива

Сивата боја симболизира внимателност и компромис. Младите лица кои ја избираат сивата боја најчесто се повлекуваат од животот, потиснувајќи ги своите способности. Повозрасните луѓе кои ја избираат оваа боја сакаат животот да им тече со вообичаен тек. Овие луѓе често можат да бидат работохоличари, кои едноставно ѝ се оддаваат на работата.

Црна

Црната боја е достоинствена и импресивна без наметнување. Лицата кои избираат црна боја сакаат да остават помалку таинствен впечаток, а нивниот избор на црна боја може да значи и потиснување на желбите и животните цели, што упатува на нивната внатрешна длабочина и нивните неоткриени желби.

Мусака со тестини: Брз ручек кога „не ви е до готвење“!

Денеска едноставно не е ден за готвење. Времето е идеално за проештки, па поради тоа ви донесуваме еден прекрасен рецепт за вкусна мусака која бргу се подготвува…

Потребно е: 200 г тестенини, 200 – 300 г. мелено месо, 1 главичка кромид, 2 чена лук, масло, зачини по вкус, 2 јајца, 200 г кисела павлака, кашкавал, плус 1 јајце.

Подготовка: сварете ја тестенината, исцедете и додајте малку масло, измешајте да не се залепи. На масло пропржете го ситно сечканиот кромид со лукот, додајте го меленото месо, и него испржете го, зачинете по вкус. Тавата намачкајте ја со масло. Изматете ги јајцата со киселата павлака и додајте во тестенината, измешајте. Половина ставете во тавата, израмнете па нанесете го меленото месо. Ставете ја втората половина тестенина. По површината изрендајте малку кашкавал и ставете во рерна загреана на 200 степени., Печете околу 30 минути, додека убаво не поцрвени.

Брутално искрен хороскоп за секој знак!

Како што постојат особини и постапки кои делуваат магнетно привлечни во очите на другиот, исто така постојат и карактеристики и дела кои го предизвикуваат спротивниот ефект. Што вели астрологијата на оваа тема? Прочитајте подолу!

Овен

кажувате работи пред добро да размислите. Последицата на таквото однесување е многу повредени луѓе во вашата околина. Иако тоа не го правите намерно, вашата искреност сепак честопати е многу брутална.

Бик

Цврсто се држите до своето мислење и не се откажувате од него по никоја цена. Дури и кога ви докажуваат дека не сте во право вам не ви паѓа на памет да попуштите со вашите тврдокорни ставови.

Близнаци

За волја на вистината, сакате да озборувате и прераскажувате трачеви кои вам ви се раскажани во четири очи. Поради тоа луѓето лесно губат доверба во вас, бидејќи мислат дека тоа ќе го направите и со нивните тајни.

Рак

Важите за личност која луѓето лесно можат да ја повредат или навредат. Луѓето околу вас имаат чувство дека е доволен само еден погрешен збор за подоцна да се соочат со бурна реакција од ваша страна.

Лав

За вас е важно секогаш да сте во центарот на вниманието. И честопати делувате премногу напорно за туѓите уши и очи. Незадоволни сте кога додека говорите не ве слушаат сите во просторијата, што на другите за многу брзо време почнува да им оди на живци.

Девица

Ситничарите до таа мера што размислувате за непотребни детали, па честопати пропуштате многу поважни работи. На нив воопшто не обрнувате внимание – а треба.

Вага

Поради некоја причина кај луѓето оставате впечаток дека глумите, односно дека не сте ни приближно такви како што се претставувате пред светот. А со лажни личности дружењето навистина е тешко.

Шкорпија

Вие сте големо злопамтило. Кога човек еднаш ќе се замери со вас, не сакате да го оставите на мира. Додека повеќето знаци се смируваат, вие извлекувате стари проблеми кога ви одговара и повторно ги вадите на маса.

Стрелец

Знаете дека на светот постојат и други луѓе, но вам ви се чини дека тие се помалку важни од вас. Не ве интересира она што го имаат да го кажат бдејќи верувате дека вие секогаш имате на ум нешто подобро.

Јарец

Честопати имате песимистички поглед на светот и проблем за секое решение. Со тек на време ова почнува многу да им пречи на луѓето во вашето опкружување.

Водолија

Намерно им пркосите на другите, само за да видат колку сте посебни. Дури и кога се сложувате со некого, вие имате навика да заземете спротивен став, сакајќи вашето мислење да остави посилен впечаток.

Риби

Со бујна фантазија и склоност кон мечтаење вие во реалноста не сте ни малку добар соговорник. Умеете да одлетате со мислите сред реченица, па тогаш станува очигледно дека воопшто не го ни слушате разговорот.

Најсреќниот човек на светот Матју Рикард – 72-годишен француски писател и монах на тибетскиот будизам!

Матју Рикард – тој е 72-годишен француски писател и монах на тибетскиот будизам, роден 1946. како син на филозоф и уметница.

Оваа титула ја добил по учествувањето во 12-годишната студија за медитација за сочувство која ја води невролог од Универзитетот Висконсин, докторот Ричард Дејвисон.

Дејвисон поставил 256 сензори во главата на Рикард, а скенирањата покажале дека кога Рикард медитира неговиот мозок произведува гама бранови, оние кои се поврзуваат со свеста, вниманието, учењето и парите, на ниво какво што науката сѐ уште нема забележано.

Преку скенирањето е откриено дека активноста во неговиот лев префронтален кортекс на мозокот, му дозволува да има незабележано чувство на среќа и многу мала можност за чувствување негативност.

Рикард, кој понекогаш медитира и по цел ден, признава дека се чувствува како среќна личност иако не сака да го нарекуваат најсреќен човек на светот.

Своите тајни ги открил репортерот на порталот businessinsider.com, кој со него разговарал во текот на Светскиот економски форум во Швајцарија. Неговиот прв совет е:

1. Престанете да размислувате јас, јас, јас, одговорот е во алтруизмот. Кога постојано размислуваме на себе, се заморуваме и потпаѓаме под стрес, што конечно доведува до чувство на несреќа. Ако сакате да бидете среќни, бидете добронамерни. Не само што ќе се чувствувате подобро, туку и другите ќе почнат да ве гледаат како подобра личност.

2. Меѓутоа, не дозволувајте другите да ве користат. Стремете се кон тоа да бидете разумно љубезни. Ако вашиот ум е преполн со добронамерност, ентузијазам и солидарност, а тоа е многу здрава состојба на умот која води кон благосостојба и процветување. На тој начин сте во многу подобра ментална состојба. Докажано е и дека ќе бидете поздрави.

Најчитани

Твитови