Помош! Не престануваме да се караме

Ако се пронаоѓате во овие изјави, побарајте стручна помош за надминување на кризата во врска.

Повеќе немаме секс. Отсуство на редовни сексуални односи обично е показател за проблеми во врската. Повеќемесечни паузи се причина за загриженост. Сексот ја создава и ја одржува емотивната блискост. Недостатокот на сексуалната желба обично е од психолошка природа.

Не се караме. Иако постојаните кавги не се добри за врската, нивното целосно отсуство укажува за рамнодушност на партнерите.

Ни се допаѓаат други луѓе. Некои експерти ја споредуваат здравата врска со комплетен оброк. Значи, ако сте го изеле највкусниот оброк на светот, тогаш не ви е важно што ви нудат – едноставно ќе одбиете. Ако се уште чувствувате желба да јадете, тоа значи дека апетитите не ви се задоволени.

Нашиот социјален живот се темели на групни излегувања. Ако чувствувате потреба да се дружите со многу луѓе, а не да бидете сами со партнерот, тоа е знак дека нешто не е во ред во вашата врска.

Заедничкото време го поминуваме во тишина. Ако во миговите кога сте заедно повеќе сакате да разменувате СМС-пораки со другарка ви или гледате телевизија, вашата врска не е во најдобра состојба.

Тајните ги задржуваме за себе.

Несигурноста и недостатокот на доверба ја нарушуваат врската. Од друга страна, основите на среќна врска се довербата и комуникацијата.

Тамара Тодевска го покажа трудничкото стомаче! (ФОТО)

Тамара Тодевска е активна трудница, изгледа одлично, па речиси и не налкикува дека скоро е влезена во седмиот месец од бременоста. Неодамна објави фотографија каде што го покажува своето трудничко стомаче, па слободно можеме да кажеме дека бременоста ѝ прилега доста.

Тајни кои ги кријат личностите родени во знакот Вага!

Вагите се познати по тоа што имаат високо развиени логички способности, па умеат правилно да расудуваат. Меѓутоа, во продолжение откријте некои работи кои се помалку познати за овие личности.

Вагите тежнеат кон долги и значајни врски

Ретко која личност родена во знакот Вага ќе се пронајде во кратките врски без смисла. Тие се спремни да бидат трпеливи и да ја чекаат вистинската личност.

Тие се особено внимателни

Вагите знаат многу повеќе отколку што покажуваат. Тие постојано го набљудуваат светот околу себе и си „прават белешки“ во својата глава за сето она што го гледаат.

Вагите умеат да бидат непредвидливи

Кога е во прашање Вагата, не постои секогаш баланс. Како воздушен знак, тие може да бидат непредвидливи. Во еден момент може да помислите дека целосно сте ги сфатиле овие личности, но веќе наредниот Вагата ќе направи нешто што не сте ни помислувале.

Најчитани

Твитови