Овој начин на исхрана е подобар и од вежбањето!

Грците кои се хранат во рамките на својата традиционална кујна имаат за 47 отсто помал ризик од развивање на кардиоваскуларни болести. Тоа го тврди и студијата која го проучувала ризикот од развивање на болести цели 10 години.

Медитеранската исхрана се состои од многу свеж зеленчук и свежо овошје, цели житарки, јаткасто овошје, маслиново масло и риба. Медитеранската исхрана го штити вашето срце подобро и од вежбањето, открива студијата која ја спроведе Универзитетот Харокопио од Калитеа во Грција. Оваа студија траела 10 години, а во неа учествувале 2.500 возрасни Грци и Гркинки на возраст од 18 до 89 години.

Според официјалните податоци, секој петти маж и 12 отсто од жените развиваат некаква болест на срцето или умираат од истата.

Истражувачите проучувале различни начини на исхрана и дошле до заклучок дека оние кои ја преферираат медитеранската кујна се за 47 отсто под помал ризик за да развијат било каква кардиоваскуларна болест. При изведувањето на заклучокот се водело грижа и за годините, полот, историјата на болестите, нивото на образование, телесната тежина и останатите поважни фактори.

Овој начин на исхрана подразбира внос на големи количества на свеж зеленчук и овошје, цели зрна од житарки, јаткасто овошје, маслиново масло риба и црно вино. Тие кои се хранеле на ваков начин биле за 47 отсто под помал ризик за развивање на срцеви болести.


„Нашата студија покажува дека медитеранската исхрана е одлична за сите луѓе, за двата пола и за било која старосна доба. Овој начин на исхрана го штити срцето подобро и од самото вежбање. Освен тоа, таа е добра и за намалување на ризикот за добивање на дијабетес, а ги спречува и воспаленијата. Бидејќи ваквиот начин на исхрана се состои од намирници кои им се достапни на сите, луѓето ширум светот би можеле без никакви големи промени да ја усвојат и со тоа и да се заштитат од многу сериозни болести“, вели професорот Демостенос Панагиотакос, автор на целата студија.

Мусака со тестини: Брз ручек кога „не ви е до готвење“!

Денеска едноставно не е ден за готвење. Времето е идеално за проештки, па поради тоа ви донесуваме еден прекрасен рецепт за вкусна мусака која бргу се подготвува…

Потребно е: 200 г тестенини, 200 – 300 г. мелено месо, 1 главичка кромид, 2 чена лук, масло, зачини по вкус, 2 јајца, 200 г кисела павлака, кашкавал, плус 1 јајце.

Подготовка: сварете ја тестенината, исцедете и додајте малку масло, измешајте да не се залепи. На масло пропржете го ситно сечканиот кромид со лукот, додајте го меленото месо, и него испржете го, зачинете по вкус. Тавата намачкајте ја со масло. Изматете ги јајцата со киселата павлака и додајте во тестенината, измешајте. Половина ставете во тавата, израмнете па нанесете го меленото месо. Ставете ја втората половина тестенина. По површината изрендајте малку кашкавал и ставете во рерна загреана на 200 степени., Печете околу 30 минути, додека убаво не поцрвени.

Брутално искрен хороскоп за секој знак!

Како што постојат особини и постапки кои делуваат магнетно привлечни во очите на другиот, исто така постојат и карактеристики и дела кои го предизвикуваат спротивниот ефект. Што вели астрологијата на оваа тема? Прочитајте подолу!

Овен

кажувате работи пред добро да размислите. Последицата на таквото однесување е многу повредени луѓе во вашата околина. Иако тоа не го правите намерно, вашата искреност сепак честопати е многу брутална.

Бик

Цврсто се држите до своето мислење и не се откажувате од него по никоја цена. Дури и кога ви докажуваат дека не сте во право вам не ви паѓа на памет да попуштите со вашите тврдокорни ставови.

Близнаци

За волја на вистината, сакате да озборувате и прераскажувате трачеви кои вам ви се раскажани во четири очи. Поради тоа луѓето лесно губат доверба во вас, бидејќи мислат дека тоа ќе го направите и со нивните тајни.

Рак

Важите за личност која луѓето лесно можат да ја повредат или навредат. Луѓето околу вас имаат чувство дека е доволен само еден погрешен збор за подоцна да се соочат со бурна реакција од ваша страна.

Лав

За вас е важно секогаш да сте во центарот на вниманието. И честопати делувате премногу напорно за туѓите уши и очи. Незадоволни сте кога додека говорите не ве слушаат сите во просторијата, што на другите за многу брзо време почнува да им оди на живци.

Девица

Ситничарите до таа мера што размислувате за непотребни детали, па честопати пропуштате многу поважни работи. На нив воопшто не обрнувате внимание – а треба.

Вага

Поради некоја причина кај луѓето оставате впечаток дека глумите, односно дека не сте ни приближно такви како што се претставувате пред светот. А со лажни личности дружењето навистина е тешко.

Шкорпија

Вие сте големо злопамтило. Кога човек еднаш ќе се замери со вас, не сакате да го оставите на мира. Додека повеќето знаци се смируваат, вие извлекувате стари проблеми кога ви одговара и повторно ги вадите на маса.

Стрелец

Знаете дека на светот постојат и други луѓе, но вам ви се чини дека тие се помалку важни од вас. Не ве интересира она што го имаат да го кажат бдејќи верувате дека вие секогаш имате на ум нешто подобро.

Јарец

Честопати имате песимистички поглед на светот и проблем за секое решение. Со тек на време ова почнува многу да им пречи на луѓето во вашето опкружување.

Водолија

Намерно им пркосите на другите, само за да видат колку сте посебни. Дури и кога се сложувате со некого, вие имате навика да заземете спротивен став, сакајќи вашето мислење да остави посилен впечаток.

Риби

Со бујна фантазија и склоност кон мечтаење вие во реалноста не сте ни малку добар соговорник. Умеете да одлетате со мислите сред реченица, па тогаш станува очигледно дека воопшто не го ни слушате разговорот.

Најсреќниот човек на светот Матју Рикард – 72-годишен француски писател и монах на тибетскиот будизам!

Матју Рикард – тој е 72-годишен француски писател и монах на тибетскиот будизам, роден 1946. како син на филозоф и уметница.

Оваа титула ја добил по учествувањето во 12-годишната студија за медитација за сочувство која ја води невролог од Универзитетот Висконсин, докторот Ричард Дејвисон.

Дејвисон поставил 256 сензори во главата на Рикард, а скенирањата покажале дека кога Рикард медитира неговиот мозок произведува гама бранови, оние кои се поврзуваат со свеста, вниманието, учењето и парите, на ниво какво што науката сѐ уште нема забележано.

Преку скенирањето е откриено дека активноста во неговиот лев префронтален кортекс на мозокот, му дозволува да има незабележано чувство на среќа и многу мала можност за чувствување негативност.

Рикард, кој понекогаш медитира и по цел ден, признава дека се чувствува како среќна личност иако не сака да го нарекуваат најсреќен човек на светот.

Своите тајни ги открил репортерот на порталот businessinsider.com, кој со него разговарал во текот на Светскиот економски форум во Швајцарија. Неговиот прв совет е:

1. Престанете да размислувате јас, јас, јас, одговорот е во алтруизмот. Кога постојано размислуваме на себе, се заморуваме и потпаѓаме под стрес, што конечно доведува до чувство на несреќа. Ако сакате да бидете среќни, бидете добронамерни. Не само што ќе се чувствувате подобро, туку и другите ќе почнат да ве гледаат како подобра личност.

2. Меѓутоа, не дозволувајте другите да ве користат. Стремете се кон тоа да бидете разумно љубезни. Ако вашиот ум е преполн со добронамерност, ентузијазам и солидарност, а тоа е многу здрава состојба на умот која води кон благосостојба и процветување. На тој начин сте во многу подобра ментална состојба. Докажано е и дека ќе бидете поздрави.

Најчитани

Твитови