Изненадувачки ерогени зони кај мажите

Експертите велат дека постојат ерогени зони кај машкото тело кои најголем дел од жените не ги откриле.

Веројатно ги знаете вообичаените места каде треба да ги допрете мажите за да се возбудат, но има и некои помалку очигледни.

Стапала 
Постои древна пракса со која преку масажа на стапалата доаѓа до еротско задоволство. Факт е дека на мажите им годи допирање по стапалата, па не мора да бидете експерт за масажа – доволно е само малку добра волја. Искористете ја приликата кога ќе видите дека партнерот се обидува да се опушти и изненадете го со масажа на стапалата – може да му се допадне повеќе од што мислите. 

Уши 
Многу мажи сакаат допири по ушите, па за нив често оваа занемарена област е ерогена зона. Обидете се полека, така што со прстите ќе го погалите по местото каде што увото се спојува со лицето, а потоа движете се по ушната школка. 

Зад колената 
Ова место кое е познато како скокотлива област, во вистински момент и при вистинска атмосфера, може да стане и област на задоволство. Овде кожата е нежна, има мали влакненца, па на многу мажи им годат допири и бакнежи токму таму. Оргазмот е последица на собирање и нагло ослободување на сексуалната тензија, па колку е поголема тензијата, толку и оргазмот ќе биде поинтензивен. Не ве чини ништо да пробате, а него би можело многу да му значи.

Долниот дел од стомакот 
Допири по долниот дел од стомакот го поттикнуваат крвотокот и прават мажот да се наежи. Почнете да го допирате во тој дел, каде тој веројатно ќе очекува да преминете и подолу, но оставете го малку да почека, и така зајакнете ја сексуалната тензија.

Внатрешната страна на бутовите 
Нежни допири по внатрешната страна на бутовите многу брзо можат да го доведат вашиот партнер до вистинска возбуда. Тој повторно ќе биде полн со исчекувања, но обидете се да си дадете време малку да го залажувате на ваков начин.

Мозок 
За мажите умот е многу моќна ерогена зона, па затоа за секунда ќе го излудите ако му шепнете нешто секси. Кога неговиот мозок почнува да чувствува возбуда, почнува и неговото тело.

Очните капаци 
Кога очите му се затворени, нежни допири или бакнежи на капаците се убав гест на нежност, кој ќе му покаже дека го сакате, но за некои мажи ова може да биде и многу возбудливо. Многу мажи сакаат кога жената има контрола, па вашата доминантна положба во ситуацијата кога очите му се затворени, би можела многу да го возбуди.

Врат 
Скокотнете го по вратот и допрете го по клучната коска со врвовите од прстите и веројатно веднаш ќе биде подготвен за сексуална игра.

Обидете се да му ги стимулирате двете области одеднаш, така што нежно ќе го бакнете во вратот, додека со рацете му ја допирате клучната коска.

Чело 
Челото можеби делува како дел од телото кој не е ни малку еротичен, но всушност не е така. Целата кожа на главата е полна со нервни завршетоци. Кога нежно му ја масирате главата од работ на косата кон внатрешноста на челото, неговото тело лачи хормони кои лесно можат да предизвикаат возбуда.

По колку часа дневно спијат најуспешните луѓе?

Иако денот не може да има повеќе часови од оние што ги има, може да се промени начинот на искористување на тие часа.

Некои од најуспешните луѓе во светот не само што работат надвор од работното време, туку времето предвидено за спиење го користат за завршување на своите дневни обврски.

Директорите како што се Indre Nooyi која работи во Пепси и Jack Dorsey кој работи во Twitter, сонот често го жртвуваат за да ја сработат работата.

Така на пример основачот на Twitter и CEO ма компанијата Square, Jack Dorsey во 2011 поминал 8-10 часа работејќи на Square, 8-10 часа на Twitter, па за сон им останале од 4 до 6 часа. 

Sergio Marchionne, CEO Fiat, спие само 4 часа, а вели дека буден го одржува кофеинот и цигарите.

Marrisa Mayer, Yahoo CEO, работела 130 часа неделно, што не ѝ оставало многу време за спиење. Вели дека и биле доволни само 6 часа дневно за јадење и сон. 

Helena Morrissey, CEO Newton Investmen Managment, тврди дека станува во 5 наутро, а некогаш и порано и почнува да праќа мејлови, додека нејзините деца спијат. Со семејството се дружи во 19:30, а после тоа повторно се фаќа за работа. 

Tom Ford, моден дизајнер вели дека неговиот успех не лежи во талентот туку во работната енергија. Тврди дека спие само 3 часа дневно! 

Tim Amstrong, AOL CEO, се буди во 5 наутро и работи до 7 навечер.

Што значи кога бебето силно клоца во стомакот?

Речиси секоја трудница чие бебе е многу активно во стомакот се запрашала дали ќе биде бебето толку живо и после породувањето.

Што значат тие силни удари, движења и превртувања?

Сите ние би сакале што побргу да дознаеме каков карактер ќе има бебето уште пред да се роди, па ги бараме знаците во секое мало движење кое тоа ќе го направи во матката. Може ли според движењата на бебето во стомакот навистина да се предвиди неговиот карактер?

Стручњаците велат дека не постои никаква врска помеѓу тоа колку е активно бебето во текот на бременоста и нејзиниот карактер после породувањето. Исто така, тие нагласуваат дека недостатокот на активност на бебето во стомакот не мора секогаш да биде причина за грижа.

Немал друг избор: Мајка му го фатила додека гледал порно, а тој...

Слушнал како доаѓа мајка му додека гледал порно на „pornhub“ на својот лап топ, и токму кога сакал да ја исклучи содржината за возрасно започнале проблемите.

Мајкл Дензел објави фотографија на Твитер од неговиот искршен лап топ. Сепак, најинтересна е причината поради која го направил тоа.

Како што напишал во твит под фотографијата, гледал порно на Интернет, кога слушнал дека неговата мајка се качува по скалите и оди кон неговата соба. Проблемот настанал кога страницата му се „замрзнала“ и не можел да ја исклучи.

Според неговите зборови, немал друг избор освен да го скрши екранот.

На прашањето зошто едноставно не го затворил лап топот, Дензел одговорил дека во тој момент тоа не му паднало на памет.

Најчитани

Твитови