
ОВЕН
ЉУБОВ: Имате мала криза на самодовербата, но за кратко ќе помине и нема да ви пречи во љубовните активности.
РАБОТА: Очекуваат многу од вас, но вие умеете да изненадите и со повеќе.
ЗДРАВЈЕ: Пад на имунитетот.
БИК
ЉУБОВ: Ќе се трудите да се доближите повеќе до личноста која ви се допаѓа, но внимавајте тоа да не биде протолкувано како дрскост.
РАБОТА: Ви недостига пофалба од одредена личност, за да се чувствувате одлично на работа.
ЗДРАВЈЕ: Средете ги приоритетите.
БЛИЗНАЦИ
ЉУБОВ: Љубовниот живот не се одвива по планот кој вие го замисливте, конците ги влече другата страна, но и тоа ви одговара.
РАБОТА: Поважен ви е мирот отколку да се истакнувате.
ЗДРАВЈЕ: Спијте повеќе.
РАК
ЉУБОВ: Оние кои се во врска ќе уживаат со саканата личност во мирна атмосфера, а другите ќе сонуваат за идеална љубов.
РАБОТА: Чувствувате мир и не ве загрижуваат барањата на претпоставените.
ЗДРАВЈЕ: Чувајте се од респираторни заболувања.
ЛАВ
ЉУБОВ: Во текот на денешниот ден ќе сфатите дека ја сакате личноста со која веќе подолго време водите длабоки филозофски разговори.
РАБОТА: Соработувајте, тоа може да донесе многу поволни и пријатни изненадувања.
ЗДРАВЈЕ: Поминувајте повеќе време во природа.
ДЕВИЦА
ЉУБОВ: Верни сте и на љубената личност и на семејството.
РАБОТА: Што и да правите, ќе го правите солидно, без пречки.
ЗДРАВЈЕ: Чувствувате сила како за двајца.
ВАГА
ЉУБОВ: Преку глава ви е од конфликтите со саканата личност, па ќе го искористите денешниот ден да уживате во самотија.
РАБОТА: Точно знаете како паметно да ја изиграте ситуацијата.
ЗДРАВЈЕ: Не се нервирајте.
СКОРПИЈА
ЉУБОВ: Очекувате награда за своето однесување во љубовта, но не е тоа работа, па да бидете наградувани.
РАБОТА: Ќе пропуштите интересна шанса за промена.
ЗДРАВЈЕ: Грижите ве гушат.
СТРЕЛЕЦ
ЉУБОВ: Мудрите Стрелци чекаат подобри денови, а нетрпеливите ќе удираат со глава во ѕид очекувајќи резултати кои се недостижни.
РАБОТА: Ви годи тоа што можете да учите нови нешта.
ЗДРАВЈЕ: Бидете смирени.
ЈАРЕЦ
ЉУБОВ: Ќе гледате низ розови очила, но и ќе уживате во тоа. Сепак на крај ќе биде добро.
РАБОТА: Ќе покажете креативност во вистинскиот момент.
ЗДРАВЈЕ: Не се преморувајте.
ВОДОЛИЈА
ЉУБОВ: Денеска ќе се водите според својата интуиција и тоа е правилна одлука.
РАБОТА: Имате одлични нови идеи, но внимавајте пред кого ги кажувате.
ЗДРАВЈЕ: Мирни сте и во добра здравствена состојба.
РИБИ
ЉУБОВ: Не се грижите бидејќи знаете дека ја имате љубовта на саканата личност.
РАБОТА: Успешно ќе завршите задача за која мислевте дека ќе ви треба повеќе време.
ЗДРАВЈЕ: Вежбајте повеќе.