PURETECH ПРОГЛАСЕН ЗА „МОТОР НА ГОДИНАТА“ ПО ТРЕТ ПАТ

За време на 18-тата Меѓународна Награда за Мотор на Годината што се одржа во Штутгарт, меѓународното жири на новинари ја додели наградата "Мотор на Годината за 2017" на турбо-бензинскиот мотор PureTech 1.2 литри со 3 цилиндри во категорија од 1 литар до 1.4 литри.

Индустриски и комерцијален успех

Трета година по ред, наградата "Мотор на Годината за 2017" го потврдува комерцијалниот успех на овој успешен бензински мотор, достапен со 110 и 130 КС (PureTech 110 S&S и PureTech 130 S&S).

Факти:

Со повеќе од 850.000 веќе произведени единици во индустриските капацитети на производствената локација Française de Mécanique во Дуврин (Франција) и во Xiang Yang (Кина) од нејзиното лансирање во 2014 година, овој мотор, исто така, ќе се произведува во фабриката Тремери (Франција) на крајот на 2017 година, со цел да се одговори на зголемувањето на побарувачката и двојно да го зголеми капацитетот за производство на овој мотор во Франција. Годишното производство ќе надмине 1 милион единици до 2019 година.

PureTech 1.2-литарскиот мотор во верзии од 110 и 130 КС е целосно распореден на повеќе од 90 возила во 70 земји. Во 2017 година, тој придонесе за комерцијалниот успех на новите производи на PSA Групацијата, во кои го вклучуваат потполно новиот Peugeot 3008 SUV - Европски автомобил на годината за 2017 и новиот Citroën C3.

 

На европскиот пазар, PureTech 1.2литри со 3-цилиндрично модуларно семејство претставува една третина од вкупните бензински и дизел мотори на PSA Групацијата.

Поголема ефикасност и еколошка погонска единица

Признание за сите перформанси во возењето, дури и кај најниските вртежи во минута, PureTech 1.2 литри 3-цилиндричниот турбо мотор продолжува да се развива и ќе има корист од значителни подобрувања пред крајот на 2017 година, со подобрувања во ефикасноста, перформансите и потрошувачката на гориво (до 4%):

воведување на филтер за честички на бензинските мотори за намалување на штетните честички на емисиите за повеќе од 75% во очекување на идните стандарди за регулирање на емисијата во 2020 година во Европа и Кина;

оптимизација на ефикасноста, поради еволуцијата на циклусот на согорување и притисок за вбризгување на горивото од 250bar;

намалување на механичкото триење и воведување на нов турбополнач;

правејќи го моторот покомпактен за да ја оптимизира аеродинамиката на каросеријата (SCx добивки).

Коментирајќи ја наградата, Christian Chapelle, потпретседател на одделот „Инженеринг за моторен погон и шасии“ на PSA Групацијата, изјави: "Добивањето на оваа награда го потврдува извонредниот квалитет и перформансите на нашите бензински мотори. Продолжуваме да ги оптимизираме моторите со внатрешно согорување и да ги направиме повеќе ефикасни и сè повеќе еколошки, за што подобро да се справуваат со предизвиците на енергетската транзиција".

Зошто такси возилата се во жолта боја?

Новата студија, објавена во списанието „Proceedings of the National Academy of Sciences" го открива одговорот на ова прашање. 

Такси возилата во Сингапур се обоени во сина и жолта боја, Истражувачите во период од три месеци следеле повеќе од 16 илјади возила.

Резултатите покажале дека автомобилите во жолта боја учествувале во помал број сообраќајни несреќи, бидејќи полесно се забележуваат. 

За жолтите такви возила постоела пет отсто помала веројатност дека ќе бидат удрени од задната страна, додека ноќно време тој процент се зголемувал на 19.

Бојадисувањето на сите такси возила во жолта боја би му донел на градот годишна заштеда од 1,4 милиони долари.

Опасна замка: Престанете да решавате забавни квизови на Фејсбук

Забавните квизови се голема зараза на корисниците на Фејсбук, но за „невините“ квизови се кријат хакерски замки.

Група на хакери неодамна коритеше забевен квиз за да ги открие личните податоци на корицисниците.

Совет на стручните лица е да престанете да играте квизови, а ако го правите тоа да бидете внимателни.

Најчитани

Твитови