Прегазено 9-годишно дете во Скопје

Вчера околу 16 и 30 часот во село Долно Коњари, скопско, на улица „1“ се случила сообраќајна незгода во која патничкото моторно возило „Форд Фокус “ со скопски регистарски ознаки, управувано од 25- годишниот Ј.Б од село Батинци удрило во деветгодишно дете велосипедист од село Долно Коњари.

Во незгодата детето се здобило со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош било задржано на понатамошно лекување на Детска Хирургија во Клиничкиот центар.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје.

Љубовна драма во Скопје: Младо момче со забоден нож донесено во болница

Вчера во 12 часот и 30 минути во Скопје, во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ бил донесен 24-годишниот А.Ј. од Скопје со убодна рана во пределот на грбот, во близина на срцето.

Со повредата се здобил во близина на неговиот дом, по претходна вербална расправија за љубовна врска со некоја девојка, при што од страна на Е.Н. му била нанесена повредата. На истиот му била констатирана тешка телесна повреда и ќе биде задржан за понатамошно лекување, пренесе полицијата.

Момчето се наоѓа надвор од животна опасност.

Кочани згрозено: 25 годишник ја уценувал со слики од фб и 2 години ја силувал

Полицијата во Кочани поднесе кривична пријава против Д.М. (25) од селот Ракитец – Општина Конче поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување“, информираат од Министерсвото за внатрешни работи.

Пријавениот во периодот од ноември 2014 година до октомври 2016 година во повеќе наврати извршил силување и други полови дејствија над 19 годишна жителка на кочанско село. Откако оштетената ја прекинала љубовната врска со пријавениот, истиот ја натерал да му испрати на „Фејсбук“ неколку слики со експлицитна содржина, а по добивање на истите, пријавениот во повеќе наврати ја уценувал и и се заканувал дека ќе ги објави сликите на нејзини блиски роднини и пријатели, со што ја присилувал на обљуба и други полови дејства.

Најчитани

Твитови