Кајлин Маре Шимпф е мотивационен говорник, и таа овојпат одлучила за на мажите да им објасни и зошто им порачува почесто да ги фотографираат своите сопруги.
Иако денес сме преплавени од фотографии на друштвените мрежи, оваа жена потсетува на подлабокото значење на фотографиите коешто се чини дека денес е веќе заборавено.
"Драги мажи,
Не е важно како изгледа таа и дали ви кажала да не ја фотографирате, вие фотографирајте ја. Можеби и не мислите често на ова, но сетете се колку фотографии направила таа кога сте биле некаде заедно со семејството. Сепак, еден ден кога таа нема да биде тука, тие фотографии нема да им ја покажат на вашите деца жената којашто стоела од другата страна на објективот.
Фотографирајте ја, иако е без шминка, во стара маичка и со неуредна коса. Утре ништо од тоа нема да им биде важно на вашите деца кога таа повеќе нема да биде тука. Ќе им биде важно дека сте ја сакале и дека сте го забележале тој момент за жената за којашто сте живееле. Ниту една жена утре нема да ја гледа својата историја од селфи фотографи. Забележувајте го она што го прави таа, секој ден. Бидете горди, и фотографирајте ја и пред и откако ќе добиете заеднички деца.
Само направете фотографија", порачува таа на својот Facebook профил.
