Тепачка на сцена на изборот за најубав бразилски задник „Мис Бум Бум!“ (ВИДЕО)

Триесет и едногодишната Елен Сантана, која ја претставуваше сојузната држава Рораима, ја освои престижната награда на настанот што се одржа во Сао Пауло, за потоа една од губитничките да се обиде да ѝ ја скине лентата откако ја обвини дека хируршки го изменила своjот задник. 

Откако не успеа да се пласира меѓу најдобрите три, Алине Ува (27) се стрча на сцената и ја нападна Сантана, тврдејќи дека таа е „единствениот стопроцентно природен натпреварувач“.

„Јас ги почитував сите правила и моето газе е единствено стопроцентно природно. Ја зграпчив победничката лента бидејќи јас сум единствената жена која ја заслужува. Нивните задници се чист силикон, тоа е неправда“, изјави Ува.

Интервју со Проф. Д-р Миодраг Врчаковски: „За мене Неуромедика е Елдорадо за успешна и креативна научна работа, за високи научни дострели на светско ниво.“

Неуромедика е првиот приватен медицински бренд во Македонија кој веќе 26 години работи на полето на современа и напредна здравствена заштита. 26 години искуство поминати низ константен раст и развој, и стремеж да се достигне врвно здравство и беспрекорни услови за лекување на нашите пациенти. Низ постојаното вложување и унапредување на работниот процес Неуромедика придонесува кон подобрување на квалитетот на медицинските услугите кои ги нуди. Посебен акцент на работата болницата Неуромедика е ставен на современата дијагностичка медицинска апаратура и комплетната 24 часовна медицинска услуга со вклучена домашна посета и санитетски транспорт од страна на нашите медицински екипи.

Тимот на НЕУРУМЕДИКА е составен од искусни и професионални доктори и медицински лица чијашто основна цел е грижата за здравјето на секој пациент. Распогаламе со стручен медицински тим кој е секогаш достапен за консултации со пациенти. Нашите вработени имаат можност преку работа со најсовремена опрема и технологија максимално да придонесат кон подобрување на здравјето на луѓето.

 

Проф. Д-р Миодраг Врчаковски, Радиолог и Неврорадиолог, вработен во болницата Неуромедика од 2015 год.

* Како дознавте за слободното работно место во НЕУРОМЕДИКА?

„За моето вработување во Неуромедика најзаслужен е креативниот и инвентивен член на менаџерскиот тим на Неуромедика - Аритон Кандикјан кој по моето пензионирање дирекно контактираше со мене како и визионерската интуитивност на Директорот на Неуромедика Г-дин Емил Угриновски.“

* На која позиција ја започнавте својата кариера и дали можете да се присетите на Вашиот прв работен ден во болницата?

„Во Неуромедика дојдов како професионално активен и радиоактивен пензионер (На Антена 5 Радио секое неделно утро повеке од 13 години ја водам емисијата Соул Рели.)“

* Дали ја работите работата од Вашите соништа?

„Апсолутно. Работата во Неуромедика ми преставува огромно задоволство да не кажам вистинско и големо хоби. Уживам во секоја секунда од времето.“

* Со кои предизвици се соочува еден доктор?

„Докторската професија е тешка и одговорна работа. Ние докторите го посветуваме животот на нашите пациенти. Нивните страдања, болести и судбини стануваат дел од нашето секојдневие, стануваат и наши судбини кои цел живот не следат. А некои болести се немилосрдни и за нив сеуште нема лек. На таквите пациенти ние сме им единсвената светла точка, единствената утеха и надеж. Можете ли да претпоставите колку тешко време е тоа? И тоа е мојата причината зошто мојата утеха и релаксација ја наоѓам во спокојството на вечни и бесконечни простори на уметноста, на музиката.“

* Како се справувате со итните случаи?

„За мене секој случај е итен. Пациентот има проблем и јас се обидувам да го решам најбрзо што можам. Кај мене резултатите се добиваат истиот момент кога прегледот ќе биде завршен а во државните установи за резултат се чека и десетина дена.“

* Што е она во што НЕУРОМЕДИКА е пред другите болници, за Вас како вработен, но и за пациентите?

„Лесно прашање и едноставен и логичен одговор. На едно место собрани врвни искусни специјалисти кои работат тимски и секој  пациент го дијагностицираат и третираат брзо и на највисоко можно ново. За мене е уживање да работам со такви колеги и да бидам дел од тимот. Најголема награда за мене е кога гледам задоволни и насмеани пациенти пресреќни што токму  кај нас, во Неуромедика успеале да го откријат лекот за својата болест.“

* Кои достигнувања ги направивте во НЕУРОМЕДИКА?

„За мене Неуромедика е Елдорадо за успешна и креативна научна работа, за високи научни дострели на светско ниво. Токму овде открив, објавив и презентирав неколку малку познати и многу ретки случаи. Случаи кои во другите здравствени установи не успеале да ги дијагностицираат.

Овие месеци со огромен елан работам на мојата нова, шеста по ред монографија под наслов „Вистини и заблуди за дискус херниите.“ Во неа презентирам сознанија кои никој досега не успеал да ги одгатне.“

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Neuromedica (@neuromedica) on

* Колку е важна тимската работа за еден медицински тим и како ја развивате?

„Па јас веќе Ви одговорив. Без тимска работа нема успех во професијата.“

* Кој е Вашиот совет до Вашите идни колеги, кои сакаат да аплицираат за позицијата Доктор?

„За успех во професијата најважна е љубовта и посветеноста. И докторската професија е уметност, ако не си вистински уметник никогаш нема да создадеш големо дело.  А најдобри судии за вредностите на таа наша докторка уметност се пациентите. Само нивниот суд е вистински.“

 

Нарачан текст

Мовембер во болницата НЕУРОМЕДИКА со Д-р Горан Деримачковски, специјалист уролог!

Ноември е месец на машкото здравје. „Mоем­ври” е кам­па­ња што на ори­ги­на­лен и ху­мо­ри­сти­чен на­чин пре­не­су­ва ед­но­став­на, а во­ед­но мно­гу се­ри­оз­на по­ра­ка до ма­шка­та по­пу­ла­ци­ја во све­тот. Има за цел да ја по­диг­не све­ста на ма­жи­те за нив­но­то здрав­је, сим­бо­лич­но  пре­ку но­се­ње му­ста­ќи во но­ем­ври. Ас­пе­ктот на ху­мор охра­бру­ва сѐ по­ве­ќе ма­жи да се вклу­чат во кам­па­ња­та, да дру­га­ру­ва­ат и ди­ску­ти­ра­ат за фор­ма­та на му­ста­ќи­те, но и за здрав­стве­ни проб­ле­ми спе­ци­фич­ни за нив, кои мо­же да се пре­ве­ни­ра­ат, a со на­вре­ме­на ди­јаг­но­за и трет­ман це­лос­но да се из­ле­ку­ва­ат.

Ак­ци­ја­та „Мо­ем­ври“ е ини­ци­ра­на во Ав­стра­ли­ја во 2003 го­ди­на со цел да го свр­ти вни­ма­ни­е­то кон еден од нај­че­сти­те здрав­стве­ни проб­ле­ми кај ма­жи­те – рак на про­ста­та. Ак­ци­ја­та мно­гу бр­зо ста­на гло­бал­на, а се со­стои во тоа ма­жи­те во но­ем­ври да пу­шта­ат му­ста­ќи. Во ак­ци­ја­та „Мо­ем­ври“, ко­ја го до­би име­то по ав­стра­ли­ски­от сленг за му­ста­ќи „мо“ се вклу­чи­ле по­ве­ќе од еден ми­ли­он ма­жи од це­ли­от свет, а би­ле со­бра­ни по­ве­ќе од 70 ми­ли­о­ни до­ла­ри за истра­жу­ва­ње и за ле­ку­ва­ње на ра­кот на про­ста­та.

Во Македонија ма­жи­те на 45 го­диш­на-во­зраст раз­мис­лу­ва­ат ка­ко да си ја за­др­жат ко­са­та и да го ос­ла­бат сто­ма­кот, а не им па­ѓа на па­мет да посе­тат уро­лог.

Во Евро­па и кај нас има дра­стич­но зго­ле­му­ва на бол­ни­те и со кар­ци­ном на те­сти­си и со рак на про­ста­та. Во Ма­ке­до­ни­ја ра­кот на про­ста­та е трет на ли­ста­та на кар­ци­но­ми кај ма­жи­те, а ре­дов­ни­те прег­ле­ди зна­чат и изв­ле­ку­ва­ње на ма­жи­те.

Имате проблем со болка во тестисите, крв во урина, зголемување на простата, проблеми со мокрењето или машката неплодност?

Болницата НЕУРОМЕДИКА е тука за Вас!

Д-р Горан Деримачковски, специјалист уролог во клиниката Хил во соработка со Неуромедика ќе врши прегледи во клиниките на Неуромедика во:

Скопје, 09.11.2018 (петок) од 16:30 часот, на ул. „Јордан Мијалков“ бр. 62. Закажување на телефонскиот број +389 2 313 33 13

Битола, 10.11.2018 (сабота) од 08:00 часот, на ул. „Димитар Илиевски-Мурато“ бр. 26. Закажување на телефонскиот број +389 47 252 255.

Најчитани

Твитови