Квејд: Кокаинот често беше пресметан во буџетот на филмовите - Колку чинеше тоа?

Американскиот глумец Денис Квејд гостуваше во емисија на Ен-би-си, во која говореше пред се за улогата на поранешниот претседател на САД Роналд Реган, со која е актуелен периодов, но и за својата зависност од кокаин.

Во разговорот снимен на „Ранчот на Реган“ во Калифорнија, Квејд вели дека Реган е неговиот омилен претседател.

За својот брак со Мег Рајан, со која се разведе пред 18 години, тој вели дека се чувствувал како постојано да е во сенка на својата сопруга. Натаму, глумецот признава дека долго време бил и зависник од кокаин.

- Израснав 1970-те и 1980-те, кога односот кон кокаинот беше сосем поинаков. Кокаинот честопати беше неизоставен дел од буџетот на филмовите, изјави актерот.

Поради зависноста, тој страдал и од несоница, па одвикнувањето, како и вообичаено, било вистински кошмар. - По цела ноќ викав на Бога да ме оттргне од таа напаст... Оти понекогаш имав само еден час до следната задача, а не можев да заспијам, додава Квејд.

Тој се одвикнал од дрогата само преку посебна програма за одвикнување. 

Што никогаш не смеете да кажете на пар со едно дете

Тоа што некој пар има само едно дете може да биде резултат на личен избор, но, и неможност за зачнување. Во секој случај, ова е лична работа во која нивната околина не би смеела да се меша, исто како што не би смееле на пар кој нема деца, да им сугерирате да имаат.

Следниве изјави имаат моќ да ги повредат, но, и навредат некои луѓе. Затоа внимавајте!

"Ќе има ли наскоро второ дете?"

Ова прашање е погрешно од многу причини, било да е тоа жената да не сака друго дете или очајнички го посакува, но, не може да го има. Исто така, постојат низа други интимни причини поради кои еден пар не се одлучуваат за носење на свет на второ дете, кои едноставно не сакаат да ги споделат со луѓето.

"Ќе видите со второто дете!"

Ваквите изјави ги омаловажуваат родителите со едно дете, сугерирајќи дека тие се "помалку родители" поради бројот на децата кои го имаат, или во овој случај го немаат. Оваа изјава остава впечаток дека квалитетот и способноста на родителите и родителската љубов е правопропорционална со бројот на децата.

"Толку сте среќни што имате само едно дете!"

На овие изјави се склони родителите со повеќе деца кои мислат дека нивниот живот е многу повеќе тежок и преполн со обврски, додека родителите на единците имаат време за одмор и уживање. Не само што е ваквата изјава е погрешна,но, се потценува и туѓиот живот.

"На секое дете му треба брат или сестра"

Тврдењето дека единците се осамени, склони на размазување или слични изјави се научно недокажани, а се знае дека на детскиот карактер најголемо влијание има примерот кој ќе го остават родителите. Затоа сугерирањето дека на детето му треба брат или сестра како тоа би било подобар човек се еднакво безобразни, како и неточни.

"Лесно е да се изгледа така по само едно породување!"

Оваа изјава обично излегува од устата на оние жени кои за своите вишок килограми ја обвинуваат единствено бременоста. Не се свесни дека еднакво е тешко да се дојде до посакуваната фигура после една или повеќе бремености. Единствена тајна на успехот е добрата волја.

"Не сакате сега девојче или момче?"

Оваа изјава има еднаков ефект со онаа првата, но, за некоја нијанса полоша поради тоа што подразбира дека сите родители треба да имаат деца од двата пола, бидејќи животот може да им биде некомплетен доколку ја немаат совршената комбинација.

Караницата гарантира долготраен брак

Една двојка од Велика Британија, која е во брак веќе 70 години, тврди дека успехот за среќен брак не е во согласувањето, туку во карањето. Тие во текот на бракот се карале речиси секој ден. 

Кет и Бил Шевелс тврдат дека за 70 години во брак се карале вкупно 25.550 пати.

Имаат платинска годишнина од бракот и велат дека сите караници настојувале да ги решаваат со шеги и со смеење.

„Морате да бидете искрени и заедно со добрите страни, да ги прифатите и лошите страни на вашиот партнер”, вели Кет и додава дека „морате да знаете да се смеете за да успеете да го одржите бракот“.

Двојката се запознала за време на Втората светска војна, кога двајцата служеле во воената авијација. Тогаш 20-годишната Кет им сервирала храна на Бил и на неговите колеги.

Се венчале во 1943 година и имаат син, три внука и две правнучиња.

Најчитани

Твитови