Констатирани пропусти во подоготовките за УЕФА Супер купот на Арената „Филип Втори“

Владата на Република Македонија на синоќешната седница констатира сериозни пропусти од страна на АД за стопанисување со станбен и деловен простор и на претходата Влада, во реализацијата на преземената обврска за одржување на УЕФА Супер купот 2017 на Арената „Филип 2“, со оглед дека стадионот не е подготвен согласно бараните стандарди на УЕФА, соопшти владината прес-служба.

„Задолжен е Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, во соработка со другите надлежни министерства да ги преземе сите потребни мерки во рок од три дена и да изнајдат начин за одржување на УЕФА Супер купот, за што, како што е најавено УЕФА ќе дојде во Скопје на 21 јули да ги провери условите за одржување на натпреварот меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид“, се посочува во соопштението.

Марка го сели Роналдо во ПСЖ

Најдобриот фудбалер на мадридски Реал, Кристијано Роналдо, по завршувањето на Купот на Конфедерации во Русија, на претседателот на клубот Флорентино Перез ќе му соопшти дека сака трансфер во ПСЖ, тврди „Марка“.

Весникот секогаш е добро упатен во она што се случува во и околу Реал Мадрид, објави дека 32-годишниот фудбалер побарал состанок со Перез и покрај тоа што претседателот пред неколку дена објави дека Роналдо е бесен, но се обиде да ги смири навивачите со изјавата дека тој ќе остане во Реал.

ПСЖ за еден од најдобрите во светот се подготвени да издвојат сума помеѓу 100 и 150 милиони евра и да му обезбедат поголема годишна плата од онаа која ја има во Реал.

За Кристијано Роналдо, кој во Шпанија е обвинет за даночно затајување, интерес покажуваат и неколку екипи од Кина, но Португалецот нема намера да се сели на Далечниот исток.

ФИФА покрена дисциплинска постапка против Јувентус

Се претпоставува дека постпката против торинската Стара дама е поради наводно исплаќање процент на менаџерот на Погба

 

По истрагата за минатогодишниот трансфер на Пол Погба во Манчестер Јунајтед, ФИФА во средата објави дека покренала дисциплинска постапка против италијанскиот шампион и европски вицепрвак Јувентус.

Иако не е прецизирано поради што е отворена дисциплинската постапка против Јувентус, се претпоставува дека станува збор за кршење на правата за сопственост на третата страна над фудбалерот.

Трансферот на Погба од Јувентус во Манчестер Јунајтед беше за сума од 110 милиони евра. Во медиумите беше објавено дека менаџерот на играчот Мино Раиола од оваа зделка заработил повеќе од 40 милини евра, со тоа што Јувентус наводно му платил 27 милиони евра од таа сума.

Меѓутоа, од мај 2015 година менаџерите на играчите и агенциите не смеат да земаат од клубот од кој фудбалерот заминува процент од трансферот.

ФИФА, исто така, објави дека во врска со споменатиот трансфер не е покрената никаква постапка против Манчестер Јунајтед.

Најчитани

Твитови