Новата апликација Pokemon Sleep го претвора спиењето во забава

Pokemon Company на конференција во Токио најави нова апликација/игра наречена Pokemon Sleep. Играта ќе можете да ја инсталирате на своите уреди во 2020 година, а ќе биде достапна и за  Android и за iOS.

“Играчите ќе уживаат во добриот сон заедно со Pokemon, а будењето ќе биде вистинско задоволство.  Доколку податоците за спиењето на корисникот се пренесат на телефон, нешто забавно ќе го дочека кога ќе се разбуди” велат од компанијата Pokemon.

До неодамна Покемоните беа достапни само за уреди на Nintendo, но преминот на смартфони навистина се исплатеше. Играта Pokemon Go и денес заработува многу пари, а од Nintendo најавија дека ќе почнат да продаваат и нова верзија на Pokemon go plus +.

Во текот на денот ќе можете да го користите за Pokemon Go, а пред спиење да го ставите на перница за да го следи вашето спиење и да испраќа информации на телефон преку Bluetooth.

„Гугл“ и „Хуавеј“ прекинуваат со соработка - Што ќе биде со социјалнитемрежи?!

„Гугл“ ја прекинува соработката со кинеската компанија „Хуавеј“, по мерките на САД против Кина.

Мерката ги опфаќа сите зaеднички дејности во врска со трансферирање хардвер, софтвер и сервисите, но не и софтверот со отворен код што се развива во „Гугл“ и кој „Хуавеј“ би можел да го користи, како што е програмата АОСП – отворена верзија на Андроид, достапна како слободен софтвер.

Уредите на „Хуавеј“ веднаш ќе останат без надградби и нови верзии на содржините на „Гугл“. Новиот смартфон на „Хуавеј“ нема да има пристап до Гугл плеј стор, Јутјуб, Џимејл, Гугл драјв и Хром.

Ги разгледувамме последиците од овие одлуки. За корисниците на нашите услуги, Гугл плеј и Гугл плеј протект, тие услуги и натаму ќе функционираат на уредите на „Хуавеј“ – изјави претставник на кинеската компанија, без да открие натамошни подробности.

Овој прекин на соработката може значајно да ѝ наштети на работата на „Хуавеј“, кој ќе загуби пристап до ажурирањата.

Инстаграм е во план до го скрие бројот на лајкови на дадена фотографија!

Инстаграм е во план до го скрие бројот на лајкови на дадена фотографија, така што публиката нема да може да дознае кои тип на луѓе ја имаат лајкувано фотографијата.

Необјавената карактеристика која што јавно се криеше со денови, беше забележана од страна на програмерот Џејн Вонг, кој потврди дека Инстаграм сака своите следбеници да се фокусираат на тоа што го споделуваат, а не само да се концентрираат на бројот на лајкови кои ќе ги остварат на фотографијата.

Само лицето кое што објавило фотографија, ќе има можност да го види бројот на лајкови добиени на таа слика.

Ова претставува голема промена за тоа како функционира Инстаграм платформата, за која верувам многумина ќе бидат незадоволни.

 

извор:курир.мк

Најчитани

Твитови