Малкумина го погледнале ова интервју на Тоше, дадено неколку месеци пред смртта (видео)

Важеше за поп икона и таков и остана. Момчето родено во највисокиот град на Балканот, со мила насмевка и ангелска лика и по деценија од неговата смрт се уште раѓа солза кај секој оној кој го запознал, слушнал негова песна или воопшто разбрал за ликот и делото на Проески.

Ова е едно од интервјуата ки ги дал само неколку месеци пред трагичната сообраќајка. На прашање дали го погодувале трач муабетите во медиумите, само ќе се насмевне и ќе рече дека секоја реклама е добра, важно е само фотографијата да е убава.

Убава фотографија од Тоше во сечии очи...

Од прва рака дознаваме: Зошто приватните болници масовно ги зголемија цените на здравствените услуги!

Како што веќе најавивме, тимот на Ексклузив стапи во контакт со неколку приватни клиники се со цел да го искажат својот став на темата околу покачувањето на цените на здравствените услуги.

Зошто се одлучиле на овој чекор и кои се причините. 

„Пред 10-ина дена извршив корекција на цените како би можела да ги покријам сите дополнителни трошоци, во спротивно ќе морав да ја затворам ординацијата и да заминам да работам во странство како што направија и многу од моите колеги“ - Др. Ѓеорѓиевска ПЗУ (приватна здравствена установа)

„По консултација со останатите големи приватни клиники се договоривме да извршиме зголемување на цените на здравствените услуги. Ние сме револтирани поради зголемувањето на платите во државното здравство и поради овој факт одлучивме да ги покачаме и цените се со цел примарно да ги зголемиме и платите на лекарите како би можеле да ги задржиме во Македонија. Во изминативе 10 години средставата кои Фондот за здравство ги исплаќа прво не се доволни за да се покријат платите на докторите а каде е медицинскиот персонал и сите останати медицински потребни материјали и лекови. Цените на се останато енормно растат со што и ние бевме приморани да извршиме корекција на цените на приватните здравствени услуги. Апелираме до надлежните во Фондот за здравство, сериозно да размислат за зголемување на буџетот на приватното секундарно здравство“ - Др. Емил Угриновски - приватна болница Неуромедика

„Од менаџментот на приватната болница Систина ни одговорија дека го пратат трендот на зголемување на цените и перманентно вршат зголемување на нивните здравствени услуги.“

Поради доста фактори, почнувајќи од зголемените цени на медицински препарати, лекови, материјали и воедно ситуацијата во која моментално се наоѓаме морав да направам промена во цените на здравствените услуги како и големиот дел од моите колеги. Фондот за здравство под итно треба да направи промена во средствата намемети за приватното здравство“ - Др. Стојановска - концесионер на приватна ординација

“Од приватната болница Ремедика не добивме одговор, но како што дознаваме од сигурни извори и тие работат на промена на цените на здравствените услуги.“

Не се знае кој ќе преживее во туризмот, на одмор во татковината, вели Аркан Керим, поранешен претседател на Туристичко Угостителска Комора на Македонија, директор на туристичка агенција и хотелиер

Мерките не попуштаат, но топлото време сите не тера да размислуваме за летување. Како и каде ќе се оди на одмор? Богатите размислуваат за далечни дестинации, посиромашните за туристички центри во соседните држави. Но, факт е дека ако продолжи вака ниту едните, ниту, пак, другите ќе може летово да се капат во солена вода.  Аркан Керим, поранешен претседател на Туристичко Угостителска Комора на Македонија и директор на туристичка агенција и хотелиер вели дека во фелата треба да се отвори пандорината кутија, бидејќи на светско ниво се уште не се знае како ќе се летува. Односно, нормално е кај луѓето да постои интерес за одмор, но дека во овој момент никој не знае каде, како и од кога ќе може да оди на одмор.

Доаѓа лето, какво е расположението за одмор? Се јавуваат ли за аранжмани? Какво е размислувањето на луѓето?

-За жал следствено на ситуацијава многу е мал интересот кај луѓето за одмор бидејќи се уште не сме излезени 100% од пандемијата и како и сите граѓани и ние секојдневно ги следиме ситуациите и кај нас и во соседството и во Европа и чекаме што поскоро отворање на границите за да можеме да испланираме макар кратка туристичка сезона летово.

Некои земји најавуваат дека ќе ја отвораат туристичката сезона, па од твое искуство, како мислиш оваа лето да се оди на одмор?

– Хрватска го направи првиот чекор ги отвори границите но тоа не е доволно треба сите балкански земји да ги отворат границите да ги објават регулативните препораки како би се одвивала сезоната колку и како ќе се запазува социјалната дистанца колку проценти ќе можат хотелите да примаат гости, дали ќе може да се оди во приватно сметување , авто- кампови сл.

Грција и Турција воведоа некои правила, српските туристички агенции добиле некакво известување за новите правила, има ли кај нас стасано некој допис, да речеме од Турција, бидејќи ти најмногу работиш  со турското крајбрежје?

-Дописот до српските туристички агенции во врска со летувањето во Турција е тотална невистина, тие имаат проблем со нивните партнер агенции коишто не сакаат да им ги вратат предвреме платените пари и сега им измислуваат правила коишто воопшто не кореспондираат со вистината. Турското Министерство за туризам планира во првата фаза да ги отвори хотелите на крајбрежјето од  15 јуни за домашните туристи со строги правила и сертификати за хотелите, додека за странски туристи се уште МНР  и лекарскиот конзилиум на Република Турција се нема произнесено дека пред август би било отворено крајбрежјето за странски туристи било српски или македонски. Ситуацијата со Грција е сосема различна. За да нашите туристи патуваат во Грција треба нашето МНР да го контактира грчкото МНР и да договорат протокол за отворање на границите се надевам од 01.07, бидејќи досега Грција има ваков протокол со Бугарија, Кипар и Израел. Друг момент е тоа што се уште грчките хотелиери не се сигурни дали ќе ги отворат хотелите следствено на ситуацијата во Европа и донесената одлука на министрите за туризам на Европската Унија до 15.06 да не се отвораат границите, а со тоа и немањето авио летови од  Европските земји кон Грција.

Што мислиш, македонските туристи како ќе го користат годинашниов одмор? Односно каде? Ќе се оди на варијанта- запознај ја татковината за да ја засакаш повеќе?

– Најдобро би било да се оди летово во нашите туристички центри како Охрид, Струга, Маврово, Берово, Дојран, Отешево и многу други прекрасни места во нашата татковина. Неизвесноста со границите, авио летовите најверојатно ќе бидат дополнителен мотив македонските граѓани да ги преферираат домашните дестинации летово со што би направиле одличен допинг за домашниот туристички пазар во оваа турбулентна непредвидлива година.

 Дали со туристичките работници од дома и од странство овој период додека трае пандемијата сте разговарале на таа тема и кое е нивното размислување?

-Секоја недела имаме телеконференции со колегите од Балканот и пошироко ги следиме сите нови детали бидејќи во моментов 156 земји од светот ги имаат затворено своите граници и за разлика од затварањето, отворањето на границите оди многу потешко. Целокупниот авио сектор, хотелскиот сектор, туроператорите и туристичките агенции се во комплетно тешка ситуација и голема е неизвесноста колку проценти од сите туристички чинители ќе го преживеат овој период и затоа сме секоја недела на линија да најдеме солуции да го пребродиме периодов што е можно поскоро.

Дали сте задоволни од мерките на Владата за туристичкиот сектор или тоа не е доволно?

-Мерките што се побарани и што се добиени не се доволни да го спасат туристичкото стопанство од целокупнава ситуација. Би сакал да иницирам видео телеконференција или програма на телевизија  на крупните играчи во македонскиот туризам како авиокомпании што летаат кон Скопје и Охрид,туроператори што носат најмногу туристи кон Македонија,ТАВ како аеродроми во Македонија,големите хотелски синџири,транспортните фирми и се разбира министрите за надворешни работи,транспорт економија и здравство за да се спротивстават аргументите, што треба да се преземе и како да се отвори пандорината кутија во којашто сме за жал сега сите во фелата.

Што е она што треба да се направи, кои мерки да се преземат за да туризмот, односно туристичките агенции застанат на нозе?

-Туристичките агенции добија една поддршка во вид на ваучери да дадат на своите клиенти за искористување на аранжманите до 31.12.2021 но и покрај тоа се во многу тешка ситуација за жал,бидејќи ова што се случува  никој не би го претпоставил ни во најлошите денови. И да се отворат границите многу брзо луѓето ќе бидат резервирани да патуваат како што патуваа до пред кризава,  додека не се врати светот во нормала. Би препорачал од септември да се воведат дополнителни стимулативни мерки за туристичките агенции за да ја преживеат зимата и во наредната година да почнат да работат со полна пареа.

Што мислиш, летово која дестинација ќе биде најбарана, независно дали е дома или странство? Или можеби луѓето се плашат од втор бран?

– Летово луѓето ако има услови повторно ќе патуваат најмногу во Грција и Албанија со сопствен превоз ,ако нема услови за тоа домашните дестинации ќе бидат најпреферирани. Чартер летовите се уште се знак прашалник. Наредните денови и недели ќе има почиста слика околу оваа проблематика.

Беше претседател на Туристичко Угостителска Комора на Македонија, кој е најгорливиот проблем на туризмот во Македонија и како тоа треба да се реши, кои мерки треба да се преземат?

– Македонскиот туризам има проблем во регулативата и заслужува да има посебно Министерство за туризам во Владата коешто ќе ги решава горчливите проблеми на туристичкото стопанство. Воедно ќе го отвори патот за многу поголем девизен прилив во македонското стопанство кое би било околу една милијарда американски долари за пет години од денес ако има конкретни мерки од евентуалното ново Министерство за туризам. Во моментов туризмот е на 17 место по приоритети во Министерството за Економија и тоа мора да се промени. Нека се отвори слухот кај релевантните политички чинители во државава, ова да го стават во нивните програми за претстојните избори.

Најчитани

Твитови