Шеќерот ги “буди” ќелиите на карциномот и ги прави поагресивни

Научниците откриле дека шеќерот ги „буди“ ќелиите на ракот и ги прави туморите поагресивни.

Резултатите од деветгодишниот истражувачки проект во Белгија кој е објавен во списанието “Nature Communications” се сметаат за клучни во истражувањата за рак, бидејќи научниците конечно го разјаснуваат Варбурговиот ефект – феномен во кој ќелиите на ракот бргу разградуваат шеќери и на тој начин го стимулираат растот на туморот. 

Проектот започнал во 2008 година, со нагласок на тоа како туморите ја претвораат количината на шеќер во лактат во однос на здраво ткиво. Досега не било познато дали е тоа симптом или причина за карцином.

Ова истражување дава докази за позитивните корелации помеѓу шеќерот и онкогениот потенцијал во канцерогените ќелии.

“Нашето истражување открива како хиперактивното консумирање на шеќер во канцерогените ќелии доведува до еден маѓепсан круг на континуирана стимулација на развој и раст на ракот. Според тоа, ја објаснува поврзаноста меѓу јачината на Варбурговиот ефект и агресивноста на туморот“, вели професорот Јохан Тевелајн.

Истражувачите сметаат дека овие резултати имаат сеопфатни последици и можат да бидат темел за идни истражувања во оваа област, но и да влијаат на прилагодувањата на диетата за пациентите со рак.

Што да јадеме пред вежбање?

Кога станува збор за вежбањето, тоа што го јадеме и пиеме пред тоа е многу важно. Сепак, никој не сака да оди на вежбање без енергијата која ни е потребна за да завршиме една сесија.

Според многу нутриционисти и тренери, тоа што го конзумираме пред вежбањето е клучно за интензитетот на вежбањето, но и опоравувањето после вежбите. Тие се сложуваат дека важно е да се конзумираат јагленохидрати, како овошје, јогурт, целозрнат леб и мали количини на протеин. Тоа е важно бидејќи јагленохидратите служат како енергија за мускулите и ни  се примарниот извор на енергија, бидејќи се претвораат во гликоза. Сепак, треба да имаме предвид дека колку повеќе ги користиме нашите мускули, толку повеќе јагленохидрати ќе ни бидат потребни претходно.

Протеините се важни бидејќи по вежбањето тие му овозможуваат на телото да ги обнови и обликува мускулите. Тие исто така му помагаат на нашето тело да произедува амино киселини кои се важни за соодветно функционирање на мускулите, што значи дека тие му носат бенефити на телото за време, но и по вежбањето.

Важна е и хидратацијата, со оглед на тоа дека губиме течности бидејќи се потиме за време на вежбањето. Затоа, пиењето вода не е важно само во текот на вежбањето, туку и во тек на него.

Доколку не можете да отидете на утринско вежбање без да се напиете кафе, тоа и не е толку лошо. Според многу експерти, кофеинот ги подобрува нашите физички перформанси. Но, треба да бидеме внимателни во попладневните часови, бидејќи тоа може да влијае на нашиот сон.

Оброци кои можеме да ги подготвиме пред вежбањето:

 - овесни снегулки со боровинки

 - путер од кикирики со целозрнаст леб

 - јогурт со овошје

За да се избегне падот на притисокот кој се случува по јадењето, експертите препорачуваат да јадеме 2 часа пред вежбањето. Тоа го максимизира напорот и го намалува ризикот од проблеми со стомакот и желудникот за време на вежбањето.

Не е веќе само мит: Прават Nutella за богати и за сиромашни

„Кога два различни призводи се претставуваат во исто пакување, тоа ги доведува потрошувачите во заблуда и тоа не е чесно“, вели еврокомеарката Вера Јурова.

Комесарката за правосудстсво и потрошувачи Вера Јурова се вклучи во борбата против праксата на големите концерни да нудат два различни производи во исто пакување: еден за „богатите“ и друг за „сиромашните“ во ЕУ.

Постојат докази дека има „десетина, а можеби и стотина производи“ што се нудат во исто пакување со поквалитетни состојки во западните земји од ЕУ, а со помалку квалитетни во „сиромашните“ земји во Европската унија.

Ако е различен производ, нека има и различно име

Јурова не ја исклучува можноста дека тоа ќе доведе до поскапување на некои производи во земјите што се пожалиле на лош квалитет, но засега „нема знаци дека тоа се нема случено“, рече комесарката.

Од друга страна, таа ги советува производителите да продолжат да нудат такви помалку квалитетни производи, но под различно име. Така потрошувачите веднаш ќе може да видат дали купуваат раличен производ.

Унгарската служба за контрола на прехранбени производи во февруари годинава објави истражување во кое биле опфатени 24 различни концерни и кај кои биле најдени разни неправилности.

Унгарската Nutella на производителот „Ferrero“ била „помалку кремаста“ од австриската, Coca Cola имала „помалку изразена арома“, а во инстант супите на „Кnor“ имало 20 отсто помалку содржина, иако пакувањето било идентично.

Најчитани

Твитови