Поучна приказна: СÈ СЕ СЛУЧУВА СО ПРИЧИНА!

Често се жалиме на негативните работи кои ни се случуваат заборавајќи дека ништо не е случајно и дека се се случува со причина.

Си бил еден крал кој не верувал во Божјата добрина. Но имал еден роб кој во сите ситауции знаел да каже: “Кралу мој, немојте да бидете обесхрабрени, се што прави Бог е совршено. Тој не греши.“

Еден ден по кој знае пат отишле заедно на лов. Во текот на ловот едно диво животно во самоодбрана го нападнало кралот. Неговиот роб успеал да го убие животното но не успеал кралот да не го изгуби својот прст. Лут и без никаква благодарност што е спасен го прашал робот: “Дали е Бог добар? Да беше добар јас немаше да бидам нападнат и немаше да го изгубам прстот.“

Робот му одговорил: “Кралу мој, и покрај се, јас можам да ви кажам дека Бог е добар и Тој знае зошто сето тоа се случило. Се што прави Бог е совршено. Тој никогаш не греши.“

Бесен поради неговиот одговор кралот наредил да го фатат робот и да го затвор во најмрачната темница.

После месец дена кралот повторно отишол на лов, но овој пат сам. За негова несреќа, по кратко бркање и борба го фатиле некои дивјаци кои од памтивек обавувале ритуално жртвување на луѓе. На олтарот за жртви забележале дека нивната жртва нема еден прст. Согласно со нивните обичаи за жртвување, само здрава и целосна жртва може да им биде понудена на нивните богови. Затоа го ослободиле кралот.

Кога се вратил во палатата наредил да го ослободат кралот и радосно го примил и рекол:

“Бог навистина беше добар спрема мене! За малку ќе ме убиеја едни дивјаци и кога видоа дека немам еден прст, ме ослободија. Но, имам едно прашање, ако бог е толку добар, зошто допушти јас да те ставам тебе во затвор?“

Робот одговорил: “Кралу мој, да дојдев јас со тебе во лов, и мене ќе ме фатеа и сигурно ќе ме жртвуваа бидејќи јас не сум без еден прст. Запомни, се што прави Бог е совршено. Тој никогаш не греши, ти допушти да ме ставиш во затвор за да не би дошол со тебе во лов.“

Често се жалиме на негативните работи кои ни се случуваат заборавајќи дека ништо не е случајно и дека се се случува со причина.

Направете си катче за читање во домот, и уживајте во есенските денови!

Секој љубител на книги покрај домашна библиотека, посакува посебен простор во кој би можел на мир да ужива во читањето на страниците. Ако планирате да си создадете едно такво катче во галеријата погледнете неколку идеи што можеби ќе ве инспирираат :)

„Кога некој заминува, си заминува затоа што некој друг треба да дојде“: Бесценети мудрости на Пауло Коелјо!

Мудрите зборови на Коелјо донеле светлина во животите на милиони луѓе

Славниот бразилски писател Пауло Коелјо на 24-ти август го прославил својот 71-ви роденден. Неговите мудрости му помогнале да стане еден од најпродаваните писатели на денешницата. Да се потсетиме на дел од нив...

„Сите битки во животот служат за да нѐ научат нешто, вклучувајќи ги и оние во кои губиме. Кога ќе пораснеш, ќе откриеш дека честопати си ја бранел лагата, си се лажел себеси или си страдал за глупости.“

„Во одреден момент од нашето постоење губиме контрола врз сопствениот живот и ѝ се препуштаме на судбината. Ете, тоа е најголемата лага на светот.“

„Кој сака да го види виножитото, мора да научи да го сака дождот.“

„Најбедни се оние кои рамнодушна ја набљудуваат туѓата беда.“

„Не доаѓаат сите бури за да ти го уништат животот, некои доаѓаат за да ти го расчистат патот.“

„Смртта обично ги принудува луѓето подобро да го почувствуваат животот.“

„Кога некој заминува, си заминува затоа што некој друг треба да дојде.“

„Човек се сака затоа што човек се сака. За љубовта не се потребни прични.“

„Мора да се навикнете на малку тага во животот. Нема да знаете што е вистинска среќа, ако не сте имале со што да ја споредите.“

„Никој не се жртвува за најдрагоценото нешто што го има - љубовта.“

„За да верувате во сопствениот пат, не мора да докажувате дека туѓиот пат е погрешен.“

„Ниту еден живот не е целосен без ронка лудило. Зборовите се запишани солзи. Солзите се зборови што треба да течат.“

Најчитани

Твитови