Ова на Фејсбук не смееше да се случи: Поради овој пропуст сите корисници се во опасност!

Ананд Праксах на Фејсбук откри пропуст кои му овозможил да пристапи до сите профили на оваа социјална мрежа, но сепак овој пропуст и грешка веднаш ја пријавил на Фејсбук, па поради тоа добил награда од 15.000 долари.

Пропустот е поврзан со ресетирање на лозинката во моментот кога Фејсбук испраќа порака со ПИН кој се користи како привремена лозинка.

Корисниците привремената лозинка може да ја внесат и згрешат десет до дванаесет пати, но на Фејсбук страницата за програмери (на која се достапни сите профили како и на обичната страница) не е поставена таа сигурносна заштита, така што Ананад можел да внесува неограничен број на ПИН-ови се додека не го пронашол вистинскиот и на тој начин да пристапи до сите профили на оваа мрежа.

Доколку овој проблем го пронашол некој криминалец или хакер со сигурност сопственикот на Фејсбук, Марк Цукенберг би имал големи проблеми.

Од Фејсбук го потврди постоењето на пропустот до кој дошло поради промена на бета страницата неколку дена пред Праксах да го открие ова. Најпопуларната социјална мрежа на светот пропустот веднаш го поправила, а потврдено е дека не е забелeжaн ниту еден случај на негово користење и неовластен пристап на профилите на Фејсбук.

НЕВЕРОЈАТНА ПРИЧИНА: Дали сте знаеле зошто Фејсбук е со сина боја?!

Фејсбук се користи веќе 12 години, а нијансата на сина боја на неговиот бренд стана препознатлива за милиони луѓе, кои автоматски ја поврзуваат со најголемата социјална мрежа во светот.

Дали некогаш сте се прашале зошто Фејбуск е токму со сина боја?

Причината за тоа е многу едноставна. Марк Цукерберг, основач и сопственик на Фејсбук е далтонист и не ги распознава црвената и зелената нијанса.

„Сината боја е најбогата боја за мене. Јас ги гледам сите нијанси на сината“, изјави Цукерберг во една прилика.

Класични „љубовни грешки", кои сите ги прават на Фејсбук

Сликите од вљубените парови знаат да бидат доста слатки. Но, кога неколку слики ќе се претворат во неколку албуми исполнети со истоимените фотографии, време е да прекинете.

Имаме секакви пријатели на Фејсбук и сите тие секојдневно постираат различни работи на друштвените мрежи. Но, за потребите на оваа статија ќе се сконцентрираме на оние вљубените кои со нивните активности навистина претеруваат и иритираат.

Доколку и самите се пронајдете правејќи ги овие "љубовни грешки" на Фејсбук, добронамерно ве предупредуваме да се оттргнете од таа навика.

1. Менување на љубовниот статус на секои неколку дена - најдобро би било најпрво да одлучите што сакате, а потоа да го преземете "големиот чекор" во менување на љубовниот статус на Фејсбук.

2. Кога "јас" ќе стане "ние", тогаш навистина сте ја преминале границата - "ние мислевме", "ние јадевме", "ние имаме заеднички профил"...

3. Албуми и албуми со слики од вас двајца. "Албум од попладнето поминато заедно", "Албум од нашата прошетка во парк", "Албум од посетата на трговски центар" - Едноставно прекинете.

4. Пресметка со поранешното момче (или со било кој друг) - Ја сфаќаме потребата да покажете дека сте продолжиле понатаму, но со сите овие активности пред очите на вашето ново момче ќе направите да изгледате лошо и незрело.

5. Кога со некој почнуваме нешто ново, се обидуваме да оставиме што подобар впечаток. Но, ажурирање на статусот на секој половина час, фотошопирани слики, "check-in" во текот на секое излагање и слично може да оставите погрешен впечаток - дека сакате премногу внимание.

Најчитани

Твитови