Погрешно избраната облека за на работа може да ве чини многу повеќе од по некој презирен поглед. Еве како да ги избегнете модните грешки и да ја заработите почитта што ја заслужувате…

Изберете кежуал-облека, која не открива големи површини на телото, ниту пак истакнува одредени делови (гради, задник, нозе).
Немојте… да се облечете во ист стил од глава до петици
Односно, немојте да претерувате со деталите, бидејќи ако вашата облека личи на костим (театарски, филмски, бапски), никој нема да ве сфати сериозно.
Немојте… премногу да ги истакнувате облините
Изгледот на секси-секретарка може да се види таму каде што се гледаше и досега – во филмовите. Тесната облека е резервирана за слободното време и за посебни пригоди. Во спротивно, ризикувате да го вознемирите или да го навредите шефот и да предизвикате непријатни коментари.
Немојте… да носите премногу брендирана гардероба и детали
Етикета на блуза, на панталони, на сако, марама од познат дизајнер, очила за сонце, брендирана чанта или обувки… Сето ова може да изгледа провокативно во деловно опкружување, а колегите би можеле да помислат дека сте материјалист и сноб.