Кое е вистинското место за икона во домот?

Во ходникот – закачете ја иконата наспроти влезната врата бидејќи ги благословува тие што влегуваат и тие што излегуваат од домот.

На источниот ѕид – свештеникот ќе ви каже дека иконата треба да се постави на источниот ѕид за да се заварди правилото на црквата. Олтарот, односно најсветиот дел во црквата е поставен на исток(тоа е делот каде што влегуваат само свештениците) и додека трае службата верниците се свртени кон олтарот, односно кон исток.

Истокот во христијанството го симболизира Христовото Воскресение.  Исто така, добро би било пред иконата на имате кандило што претставува еден вид почит кон светецот заштитник на домот.

Во детската соба – овде не е важно на кој ѕид се наоѓа иконата бидејќи децата се чисти и безгрешни како ангелите. Целта на иконата во детската соба е ангелот покровител и светителот на вашиот дом деноноќно да бдеат над вашето мало богатство.

Под перница – многу луѓе кои имаат проблематичен сон, кошмари, страдаат од месечарење и слично, поставуваат икона од својот светител заштитник под перницата додека спијат. Црквата не го негира ова.

На бирото – зависи кој влегува во просторијата и дали сакате да знаат за таа страна на вашата личност. Но некои луѓе ја поставуваат иконата на бирото да им помага и штити и да им донесе успех во тоа што го работат.

Без разлика кое место ќе го изберете за вашата икона, црквата препорачува во секој дом да биде присутна барем една икона која ќе ве потсетува секојдневно на христијанскиот морал и етика, ќе ви напомни дека треба да се молите и дека најважните нешта во животот се во Божји раце.

Жените родени во овие знаци имаат најголема среќа во љубовта

Овие жени имаат најголема среќа во љубовта, бидејќи за нив не постои посесивност и љубомора.

Тие знаат како да се изборат со тоа и да уживаат во љубовта.

Овен

Тие се многу сигурни во љубовта и секогаш чекорат со главата горе. Тие се зафатени со себе и затоа се одлични и во врска бидејќи се многу зрели и силни.

Стрелец

Жените родени во овој знак се големи авантуристки кои уживаат во љубовта. За нив не постои љубомора, туку само љубов, страст и разбирање. Тие живеат во моментот и секогаш се посветени на тоа што го избрале.

Водолија

Тие се слободни души кои ја почитуваат и туѓата слобода. Во љубовта се многу посветени, но и индивидуалисти кои точно знаат што сакаат.

„Игра на тронови“, „Чернобил“ и „Прекрасната г-ѓа Мајсел“ со најмногу номинации за наградата „Еми“

Култната серија „Игра на тронови“ преовладува на номинациите за наградата „Еми“ со 32-те номинации меѓу кои за најдобра драма, како и со неколку номинации за најдобри глумци, пренесува „Тајм“. 

Дарси Карден и Кен Џенг ги објавија топ-категориите во вторникот. Покрај „Игра на тронови“ врвните номинации ја вклучуваат „Прекрасната г-ѓа Мајсел“ , која доби 20 номинации, мини-серијата „Чернобил“ која има 19 номинации и „Кога ќе нѐ видат“ со 16 номинации.

Седумдесет и првата „Еми“ награда ќе биде емитувана на 22 септември  на Фокс. Домаѓинот сѐ уште не е објавен. Сите номинации погледнете ги на видеото подолу.

Најчитани

Твитови