Да се почитуваат препораките за заштита од топлото време

Граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури со оглед на најавите дека денеска и утре Македонија ќе биде зафатена од жолта (алертна) фаза, апелира Министерството за здравство.

Носење светла и лесна облека, заштитни очила и капа, престој во затворени, климатизирани простории или почести одмори под сенка доколку се излегува надвор, внесување помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку маснотии, пиење повеќе течности, најдобро обична вода, и избегнување алкохолни пијалаци,…, се само некои од препораките на лекарите кои посебно нагласуваат дека хронично болните лица треба редовно да ја земаат препишаната терапија.

Исто така, возилата, одредено време пред влегување во нив, да се проветрат.

Поради високите температури и зголемената можност од појава на труења со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје), како и термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу кус рок по подготовката (доколку тоа не се направи, подготвената храна да се стави во фрижидер на + 8 степени, а пред употреба истата да се загрее на + 100 степени). Се препорачува да се избегнува консумирање производи кои не се термички обработени (мајонез од домашни јајца), а внимателно да се консумираат и сладолед и разни кремови.

Министерството за здравство потсетува дека во сите градови низ државата во соработка со здравствените домови се поставени пунктови за превентивни препораки и совети за заштита од високите температури. Пунктовите функционираат секој ден од 18:30 до 21:30 часот – се мери крвен притисок и се даваат совети за превенција од топлото време и за здрав начин на живот.

ТАЖНА ВЕСТ: Почина Драги Арсов, прв потпретседател на Собранието

По кратко боледување денеска на 82 – годишна возраст почина Драги Арсов, поранешен пратеник и прв потпретседател на Собранието.

Роден е во 1937 година во Кочани. Завршил Факултет за политички науки.

Драги Арсов е и еден од основачите на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и потписник на Декларацијата за независност.

Арсов од 1998 до 2002 ја извршувал функцијата заменик-министер за информации.

Следи промена на времето: УХМР најавува ново невреме

УХМР за утре најавува сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Минималните температури од 8 до 17 а максималните од 26 до 33 степени.

УВ индексот е 8.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб  северозападен ветер. 

 Следува период на потопло време со пораст на дневните температури.

Во петок во попладневните часови ќе има изолирана појава на дожд и грмежи.

Најчитани

Твитови