Шокантно:После ова никогаш повеќе нема да го полните мобилниот телефон во кревет, додека спиете!

По овие фотографии сигурно ќе размислите за користењето на паметните телефони и таблетите во кревет.

Иако веќе е добро познат податокот дека уредите го нарушуваат квалитетот на сонот, но судејќи според објавата на противпожарната служба од Њу Хемпшир, тие можат да ги доведат и нашите животи во опасност. 

Противпожарната служба објавила фотографии од запалена прекривка и перница, како предупредување на тоа што може да му се случи на секој од нас.

"Истражувањата покажуваат дека 53 отсто од децата/тинејџерите ги полнат своите мобилни телефони или таблети на креветот или под перницата. Во тој случај температурата расте, а полначот станува се потопол", велат тие.

"Избегнувајте полнење на уредите во екстремни случаи, кога е претопло или престудено, и не ги полнете уредите во било какви кутии бидејќи тоа ја зголемува температурата", заклучува Ротман.

Ова на Фејсбук не смееше да се случи: Поради овој пропуст сите корисници се во опасност!

Ананд Праксах на Фејсбук откри пропуст кои му овозможил да пристапи до сите профили на оваа социјална мрежа, но сепак овој пропуст и грешка веднаш ја пријавил на Фејсбук, па поради тоа добил награда од 15.000 долари.

Пропустот е поврзан со ресетирање на лозинката во моментот кога Фејсбук испраќа порака со ПИН кој се користи како привремена лозинка.

Корисниците привремената лозинка може да ја внесат и згрешат десет до дванаесет пати, но на Фејсбук страницата за програмери (на која се достапни сите профили како и на обичната страница) не е поставена таа сигурносна заштита, така што Ананад можел да внесува неограничен број на ПИН-ови се додека не го пронашол вистинскиот и на тој начин да пристапи до сите профили на оваа мрежа.

Доколку овој проблем го пронашол некој криминалец или хакер со сигурност сопственикот на Фејсбук, Марк Цукенберг би имал големи проблеми.

Од Фејсбук го потврди постоењето на пропустот до кој дошло поради промена на бета страницата неколку дена пред Праксах да го открие ова. Најпопуларната социјална мрежа на светот пропустот веднаш го поправила, а потврдено е дека не е забелeжaн ниту еден случај на негово користење и неовластен пристап на профилите на Фејсбук.

НЕВЕРОЈАТНА ПРИЧИНА: Дали сте знаеле зошто Фејсбук е со сина боја?!

Фејсбук се користи веќе 12 години, а нијансата на сина боја на неговиот бренд стана препознатлива за милиони луѓе, кои автоматски ја поврзуваат со најголемата социјална мрежа во светот.

Дали некогаш сте се прашале зошто Фејбуск е токму со сина боја?

Причината за тоа е многу едноставна. Марк Цукерберг, основач и сопственик на Фејсбук е далтонист и не ги распознава црвената и зелената нијанса.

„Сината боја е најбогата боја за мене. Јас ги гледам сите нијанси на сината“, изјави Цукерберг во една прилика.

Најчитани

Твитови