Најголемите гради ги има манекенка од 127 килограми се прошета по модната писта

Американската плус-сајз манекенка Тес Холидеј (34) минатата недела се прошета по пистата на Њујоршката модна недела, држејќи се за градите. Таа ги покажа своите килограми во тесен бел фустан и ја испровоцира публиката, при што многумина беа одушевени од нејзината самодоверба.

Со белиот фустан комбинирала влечки во иста боја, а од шминка ставила црвен кармин и син туш за очи, што не можело да помине незабележано.

Плус-сајз манекенката повеќе пати ја има критикувано новинарот Пирс Морган (54), кој смета дека таа не е плус-сајз манекенка, туку дебела жена која не треба да се промовира во медиумите.

Во една пригода, Тес се појави на насловната страница на магазинот „Космополитен“, кога публиката беше поделена на оние кои сметаа дека е крајно време да се појави некој „поголем“ на насловната страница, додека другите сметаа дека со тоа се промовира дебелината како нешто здраво и нормално.

Грешки кои можете да ги направите при купување сандали со штикла

Како и за сè друго во животот, така и при изборот на сандали со високи потпетици може да се направат грешки.

Од друга страна, убавиот модел на сандали со штикла може да направи да изгледате уште поатрактивно и посекси. Меѓутоа, лошиот избор на овој тип обувка може да го има сосема спротивниот ефект.

Ова се трите најчести грешки кои можете да ги направите при купување сандали со штикла:

Купувате сандали наутро

Сандали, но и кој и да е друг тип на обувка, се купува во подоцните часови, кога стапалата се малку отечени.

Не обрнувате внимание на материјалот

Што поприроден материјал, толку обувката полесно се прилагодува на стапалото. Сандали од вештачка кожа и пластика и други евтини материјали може само да ве стегаат и да ви направат рани.

ПАРЧИЊА ОБЛЕКА кои е подобро да ги купите еден број поголеми

Одредени парчиња облека најдобро стојат кога се точно ваш број, но некои е подобро да ги имате во еден број поголеми, особено ако се изработени од памук или волна.

Можеби овие модни совети ќе ве зачудат, но вистина е дека се далеку попрактични кога не се „залепени“ за вас.

Волнена облека

Џемперите и волнените фустани купете ги еден број поголеми. Волната не изгледа добро кога е припиена до вашето тело. Само еден број поголемо парче ќе биде многу поудобно и нема да се деформира брзо. За перење, следете ги упатствата на етикетата.

Кошула

Кошулите во која било боја ќе ви стојат подобро ако се еден број поголеми од вашиот. Кошулата која не е залепена за вас изгледа многу попристојно и поелегантно.

Најчитани

Твитови