ЕВН Македонија дел од глобалната акција „Час на планетата земја“

Со симболично исклучување на електричната енергија од логото на зградата во Скопје и во сите Корисничко енергетски центри низ земјава, на 25. март од 20:30 до 21:30 часот, „ЕВН Македонија“ и годинава се приклучува на глобалната акција „Час на планетата земја“.

Годинава „Час  на планетата земја“ се одржува под мотото „Заблескај светлина на климатските промени – вклучи се во акција, исклучи ги светилките“, што е директно поврзано со енергетската ефикасност и намалување на глобалното загадување. ЕВН Македонија е една од компаниите која реализира низа активности за едукација и примена на енергетската ефикасност во Македонија. Во таа насока е и кампањата „Енергетска математика“, чија цел е подигнување на свеста и промена на навиките при користење на електрична енергија. 

„Часот на планетата земја“ ќе се одбележи и во рамките на кампањата „Енергетска математика“. Преку социјалната мрежа „ Facebook“започнува иницијатива чија цел е мотивирање на корисниците на оваа мрежа да праќаат идеи и пораки за активности без употреба на енергија. Најдобрите идеи и пораки ќе добијат и симболична награда.

Освен преку кампањата „Енергетската математика“, ЕВН Македонија иницира и спроведува низа други активности, мотивирајќи ги и вработените и корисниците да живеат и делуваат во духот на енергетската ефикасност. Истовремено, сите активности на компанијата се одвиваат во целосен склад со принципите за заштита на животната срeдина. Покрај тоа, ЕВН Македонија во континуитет спроведува проекти за заштита на животната средина и природните ресурси. ЕВН Македонија на своите корисници им ја понуди и услугата Е-фактура, чија цел е покрај брзиот и едноставен начин на комуникација и да ја намали употребата на хартија за печатење на месечните фактури, со што се заштитува животната средина.

Заштеда на електрична енергија е директен придонес во намалувањето на вкупните емисии на т.н. стакленички гасови во атмосферата, кои се посочуваат како еден од главните причинители на глобалното затоплување и климатските промени.Годинава во глобалната акција „Часот на планетата земја“ ќе се приклучат на 7.000 градови низ 170 држави во светот, каде по локално време ќе биде исклучена електричната енергија.

Со почит,

ЕВН Македонија

Нова урбана приказна во оптичкото поле со отворање на Dioptra Couture (фото)

Во Македонија се развива нова урбана приказна во оптичкото поле. Секој се грижи за својот вид без оглед дали станува збор за заштита од сончевите зраци или  за оптика на видот. Dioptra Optics се најдобрите оптики во Македонија каде што се нуди голем избор на очила од реномирани светски брендови. Во престојните денови се отвора и Dioptra Couture којшто ќе придонесе за развој на сосема нова димензија во оптичкото поле во Македонија, односно ќе се овозможи достапност на светски брендови на очила коишто ќе предизвикат модно збогатување на нашето секојдневие.

Dioptra Couture е шести салон од семејството на Dioptra (Optics, Outlet). Од сабота (25.03), за прв пат во Македонија, луксузни брендови од светскиот пазар ќе бидат достапни и овде. Во сабота (25.03), со почеток од 12:00 – 17:00 часот, се отвора нов салон на Dioptra Optics, Dioptra Couture, на плоштад Македонија, во склоп на хотелот Marriott. Настанот ќе биде исполнет со архитектонско уживање, палета на премиум, уникатни брендови кои се за прв пат во Македонија, и забава со Dj John Antonio. Покрај разноликоста на брендови, Dioptra Couture ќе располага со јапонски софтвер на ID оптички леќи (Hoya Eye Genius) кој исто така е застапен за прв пат во Македонија. Во склоп на самиот салон, ќе биде отворен и оптометриски кабинет, каде што за еден час се изведува детален преглед, и се обезбедува изработка на очила и леќи.

Салонот воведува навистина светски и уникатни брендови како Oliver Peoples, Philippe Starck, Moscot, Lindberg, Snob Milano, Etnia Barcelona, Gucci, Boucheron, Brioni, Stella McCartney, Pier Martino, Kyme, Alexander McQueen, JF Rey, Dita, Victoria Beckham, Cutler & Gross, Bottega Veneta, Tom Ford, Cavalli, Chopard, Persol, iO Ethical Italian Eyewear, и така натаму. Повеќето брендови се непознати и се новитети на нашиот пазар, но, познати се поради листата на актери, пејачи, уметници кои ги носат (Moscot: Johnny Depp, Lindberg: Meryl Strip, Queen Elizabeth, Elton John и сл.) а, се омилени на Менхетен, Лондон Сохо, и Лафает Париз.

Конечно и во Македонија, уникатни брендови од оптичкото поле се сега достапни за секој што сака да ја истражи димензијата на совршенството и единственоста. Урбаниот стил, врвниот квалитет и професионалниот тим се темелите на успешната приказна на Dioptra Optics.

Голем медицински симпозиум на Неуромедика во Штип (ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО)

Државата треба повеќе да соработува со приватното здравство во интерес на пациентите. На ова повикуваат врвни лекари, кои се бават со научно истражувачка работа. Тие сметаат дека бенефитите од развиеното приватно здравство треба да ги добиваат сите граѓани подеднакво.

Во тој правец треба да се размислува како би можеле да дојдеме до некој компромис, до некое решение, приватните апарати да ги ставиме во служба и на пациентите кои се здравствено осигурани и кои ги користат бенефитите на државниот сектор, изјави Проф. Др. Миодраг Врчаковски, неврорадиолог.

Ова е еден од заклучоците на вчерашниот Симпозиум во организација на Неуромедика, на кој лекари-професори одржаа предавања за своите врвни научни достигнувања.

"Се работи за хернирање на мозокот во венски синус, исто како што, на пример, абдоминалните органи хернираат во ингвиналната регија. Извноредно ретка состојба, благодарение на моето искуство успеав да дојдам до таа дијагноза, од која патат десетина, дваесет случаи во светот" - изјави Проф. Др. Миодраг Врчаковски - неврорадиолог.

Покрај, Проф. Врчаковски, предавање одржаа и универзитетските професори и доктори во Неуромедика Ѓорѓе Зафироски и Методи Чепреганов.

"Јас имам многу необична тема, тоа се кортикалните малформации. Тоа е една промена во мозокот која почнавме да ја гледаме и да ја дефинираме откако излегоа невролошките дијагностички методи, како магнетна резонанца и компјутеризирана томографија" - изјави Проф. Др. Методи Чепреганов - невропсихијатар и епилептолог.

Според д-р Чепереганов, македонската медицина сеуште во многу гранки заостанува зад светската. "Сметам дека има многу работи во кои сме сеуште назад, се прават напори да одиме напред, меѓутоа науката е отидена многу напред, бара многу средства, бара многу кадар, бара многу институции и така натаму" - изјави Проф. Др. Методи Чепреганов, невропсихијатар и епилептолог во Неуромедика.

Симпозиумот во Штип беше во рамките на серијата акредитирани симпозиуми ширум Македонија 8-ми по ред во организација на Неуромедика, кои имаат за цел споделување на научните и здравствени достигнувања на оваа приватна здравствена институција која веќе 25 години е во служба на здравјето на своите пациенти. Овој акредитиран Симпозиум во Штип со 8 бодови од Лекарска комора на РМ може да се каже дека беше најмасовно посетен едукативен медицински настан со присуство на 240 доктори-слушатели. Организаторите веќе го најавија следниот Симпозиум кој ќе се одржи во Битола на 29.03.2017 каде се очекува да се повтори оваа бројка. 

 

Најчитани

Твитови