Психолог Анета Начевска од Неуромедика: Кога треба да му се каже на детето дека е посвоено и како? (видео)

Exclusive.mk во соработка со првата приватна поликлиника во Македонија, Неуромедика го реализира проектот Ексклузив ординација.

Во денешното издание разговараме со психолог Анета Начевска од Неуромедика, на тема: Кога треба да му се каже на детето дека е посвоено и како?

Стоматолог Ирина Бидовска од Неуромедика: Белеењето на забите треба да се практикува само во стоматолошка ординација (видео)

Белеењето на забите може да има негативни последици доколку претходно не е направен соодветен стоматолошки преглед.

За тоа колку често треба да се практикува белеење на забите, дали и колку е штетно и кои се придобивките од истото, во продолжение, од стоматолог Ирина Бидовска од Неуромедика:

Тмурно време резултира со главоболка! Без лекови, природно, кажете збогум на главоболките

Ве боли глава, заб, зглобовите, мускулите?

Олеснувањето од болки многумина прво ќе ја побараат во апчињата, но и храната која секојдневно ја користиме во кујната може да делува како природен, а со самото тоа и здрав аналгетик.

1. Куркума

Куркумата помага во војната против различни видови на воспаление, хроничната болка, болниот грб и мускули, забоболка, артритис, успешно ги обновува ткивата и одличен е за детоксикација, како и за подобрување на целокупното здравје. Можете да ја додадете на сите видови на јадење, но и во чајот и соковите. Најдобро е со куркумата да комбинирате црн пипер, затоа што тогаш има најмногу ефекти.

2. Ѓумбир

Оваа извонредно лековита билка ќе Ви помогне да ја намалите хроничната болка во зглобовите и артритисот. Ѓумбирот можете да го додадете во чајот, манџите и десертите. Некои луѓе се осетливи на ѓумбир, па затоа постепено воведувајте го во исхраната.

3. Чили пиперчиња

За благотворното делување на чили пиперчињата заслужна е главната состојка капсицин, кој ги слаби сигналите дека нешто Ве боли кои телото ги праќа до мозокот. Успешно ја лекува болката во зглобовите, фибромијалгијата, мигрената и главоболката. Доколку можете да го поднесете вкусот, ставете три лажици кајанска пипер во чаша вода и испијте за моментално олеснување.

4.Лук

Забоболка, воспаление на увото и болката која е предизвикана од артритис успешно се лекува со лукот. Три исечкани чешниња додадете во половина шолја маслиново масло и оставете да врие на тивок оган две минути. Исцедете и оставете да поседи во фрижидер до две недели.Така подготвеното масло стоплете го и нежно масирајте ги зглобовите или мускулите. Дали имате воспаление на увото? Тогаш капнете две капки од топлото масло. Доколку Ве боли забот, направете смеса од изгмечен лук и малку сол и нанесете на забот.

5. Каранфилчиња

Забоболката совладајте ја со каранфилче. Најдобро е да се џвака, при што се испушта моќната состојка со аналгетско делување, еугенол. Доколку не можете да го поднесете неговиот остар вкус, направете јак чај од каранфилчиња.

6. Цреши

Црешите се можеби најискусниот аналгетик на листата кој помага кај артритисот, болките во коските и хроничната главоболка. За против воспалително и аналгетско делување на црешата заслужен е антиоксидансот антоцијанин, со кој е богато ова овошје. Антицијанинот ги елиминира ензимите кои го предизвикуваат воспалението на ткивата.

7. Јаболков оцет

Доколку страдате патите од киселини во желудникот, измешајте една лажица јаболков оцет во чаша вода и испијте пред јадење или полека пијте по јадење како би ја избегнале киселината. Јаболков оцет помага во топењето на маснотии и белковини кои предизвикуваат непријатно чувство во стомакот.

8. Боровинки

Тие се најдобар природен лек за лекување и превенција на инфекцијата на уринарните патишта. Полни се со танини, природни органски соединенија кои ефикасно ги отстрануваат бактериите што ја предизвикуваат инфекцијата на уринарните канали.

Најчитани

Твитови