Ѓорческа избори финале на фјучрсот во Тунис!

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во финалето на фјучрсот во Тунис (награден фонд 60.000 долари). Таа попладнево во полуфиналето со пресврт стигна до триумф над тенисерката од Хрватска Петра Мартиќ со 2-1 во сетови.

Првиот сет го доби Мартиќ со 6:3 во гемови, а во следните два Ѓорческа беше подобра со 6:4 во гемови. Мечот траеше 115 минути.

Нашата тенисерка освои еден поен повеќе во мечот 94:93, а двете имаа по четири брејка.

Во финалето утре Ѓорческа ќе игра со победничката од второто полуфинале меѓу Рајчел Хогенкамп(Холандија, 3 носителка) и Агнеш Букта (Унгарија). Мечот е во тек.

Ѓорческа на турнирот настапува како седма носителка.

Завршница на одбојкарскиот Куп на Македонија!

Во одбојкарскиот Куп на Македонија денеска во Струмица ќе се одиграат завршните финални натпревари во двете конкуренции. 

Кај дамите. За трофејот во националниот куп ќе се борат минатогодишниот финалист екипата на Јанта Волеј и составот на СВСК. 

Во машка конкуренција, во финалето ќе играат екипите на Лешок и домаќинот Струмица.

Натпреварите ќе се играат во термините од 13 и 16 часот, во салата средното училиште „Димитар Влахов“ во Струмица. 

Инаку, со ова практично започнува и распределбата на трофеите во сезонава во македонската одбојка. Имено, веќе за на 2 мај закажан е и првиот меч во финалето од плејофот во женска конкуренција во кое актуелен шампион Јанта Волеј повторно ќе игра против екипата на СВКС, додека ден подоцна (3 мај) ќе се игра првиот финален плејоф меч кај мажите во кој за трофејот ќе се борат Струмица и Пробиштип. 

Прв аматерски атлетски митинг во Скопје!

На националната арената „Филип Втори“ во Скопје, денеска ќе се одржи првиот аматерски атлетски митинг „Скопје 2017“.

Овој атлетски митинг е наменет за сите оние кои го сакаат трчањето, рекреативно се бават со трчање и спорт, се подготвуваат за Скопскиот Маратон или пак сакаат да ги проверат своите можности и брзина во некоја од предвидените дисциплини.

На утрешниот митинг учесниците ќе можат да се натпреваруваат во дисциплините на 100 метри, 400, штафета 4 по 400, една миља (1600 метри), 5000, 10000 метри и скок во далечина. Секој заинтересиран може да се пријави за учество на митингот преку веб страницата www.prvdovrv.mk.

Атлетскиот митинг ќе трае од 14 до 18 часот и е отворен за сите заинтересирани за трчање, како и за публиката.

Првиот атлетски митинг за рекреативци е во организација на здружението за спорт и рекреација Прв до врв во соработка со Атлетската Федерација на Македонија. 

Најчитани

Твитови