Рајот на земјата е во Мексико: Уживајте за миг во занесна глетка на овој феномен (видео)

Високите летни температури се вистински мотиватор за бегство од урбаното секојдневие. Вистински рај, природен спа центар и мелем за душа, несекојдневно место со базени во убавото Мкедико.

Доколку напорно работевте и секако уште повеќе заработивте, отидете директно во Мексико во овој природен спа ценатар. Ако сепак не сте подготвени, тогаш барем за миг со мислите уживајте:

Едноставно, ова лето мора да го посетите Сплит: Плажи со чувство на мир (галерија)

Најпознатиот хрватски град кој што излегува на море и најпознатата хрватска туристичка дестинација е Сплит.

Од година во година популарноста на овај туристички град расте. Туристите најмногу доаѓаат од Германија, Франција, Италија и од многу други земји.

Богатата историја со која располага овој град, многубројните музеи и галерии, големите пристаништа кои го прават најважен морепловски центар во Хрватска, песочните плажи, чистата морска вода, нека бидат доволни причини за ова лето да го посетите овај бисер на Јадранот. 

При посетата на Сплит задолжително треба да ги посетите:

•    Диклецијановата Палата – тоа е стара палата или тврдина кој се наоѓа во центарот на Сплит, изградена од римскиот император Диоклецијан по кој и го добила името.

•    Катедралата Св. Дујма

•    Сребрената врата

•    Златната врата

•    Плоштадот

•    Пристаништето и многу други историски знаменитости.

Верувајте ќе бидете воодушевени од архитектурата на градот.

Иако плажите се малку оддалечени од градот треба да ги посетите бидејќи нудат чувство на мир, тишина и на неповторливо доживување. 

Секако тука треба да се спомнат и двата најпознати острови Хвар и Брач (Бол). Се наоѓаат на 3 до 4 часа пловење со траект од Сплит.

Доколку одлучите ваша овогодинешна  летна туристичка дестинација да биде Сплит, со сите ваши сетила препуштете им се на убавините и доживувањата на овој град и околните острови. Верувајте нема да погрешите во вашиот избор.  

Перфектни статуи од песок, кои може да ги уништи само еден ветер (галерија)

Еден куп прекрасни скуплтури и фигури направени од песок. Од седумте џуџиња голем октопод и најразлични суштества, па се до фамилијата Симпсон како седи во нивниот кауч. И сето тоа направено од песок.

Најчитани

Твитови