Овие хороскопски знаци се оние кои најмногу изневеруваат!

Некои луѓе се склони кон обновувањето на љубовните врски со поранешните партнери иако се во брак, други тоа го прават бидејќи уживаат кога се во центарот на вниманието, а некои пак едноставно имаат силен сексуален нагон кој не знаат да го контролираат.

Скорпија

Луѓето родени во овој знак имаат силен сексуален нагон што може да ги доведе до ситуација да го изневерат својот партнер и тоа во случај доколку нивниот однос не е доволно страствен. Кога Скорпиите ќе видат нешто што сакаат да го имаат, без разлика дали станува збор за некоја личност или пак нешто материјално, ќе направат се за да го добијат. Тоа вклучува и лажење и манипулирање доколку е потребно.

Вага

Кога ќе дојде до проблем во врската, Вагите ќе направат се за да се реши ситуацијата. Но, тие не сакаат расправии и ќе се обидат на секој начин да ги избегнат. Понекогаш знаат да се преправаат дека не забележуваат што се случува за да има мир во куќата. Иако луѓето родени во овој знак не се склони кон прељуба, ќе го направат тоа за да се чувствуваат подобро, за да почувствуваат дека и понатаму се пожелни и да ја пополнат празнината која ја чувствваат бидејќи се во несреќна врска.

Лав

Сите знаат дека Лавовите сакаат да бидат во центарот на вниманието и тешко ќе им одолеат на луѓето кои ги третираат на тој начин. Нивното его и самодоверба може да биде атрактивно за другите. Тоа е и причината поради која големи се шансите да извршат прељуба, особено ако оној кој пробува да ги освои го храни нивното его.

Стрелец

Луѓето родени во овој знак имаат немирен дух, многу се радознали и секогаш бараат нешто ново и возбудливо. Многу се спонтани и често постапуваат без да размислат за последиците. Кога се Стрелците несреќни во врска, ќе го изневерат партнерот со еден или повеќе љубовници. Нивната слободоумност и авантуристички дух за другите се многу привлечни.

Кога е вистинско време за брак?!

Бракот всушност не е најсреќен на почетокот, колку и тоа да ви изгледа вистинито - американските научници тврдат дека треба да поминат отприлика 20 години, за работите да си дојдат на свое место.

„Иако разводот денес е многу честа појава, половина од браковите траат засекогаш. Долгорочната прогноза за таквите бракови е оптимистична, бидејќи нивото на среќата и задоволството стануваат сè поголеми, а незадоволството се намалува“, изјавил еден од водачите на студијата на Универзитетот Пенсилванија, Пол Амато.

Сер Пол Колерид, од Фондацијата за брак, вели: „Луѓето сакаат стабилен и задоволителен моногамен однос. Ако ги надминат сите предизвици со кои што се соочуваат низ животот, можат да го постигнат тој однос“.

Причината за ова зголемено ниво на брачната среќа, лежи во фактот дека партнерите после толку многу години наоѓаат подлабоки нивоа на приврзаност, што води до поголемо уживање во друштво на својата друга половина.

Најверојатно, тајната за успешен брак е да бидете трпеливи со вашиот животен партнер, бидејќи тоа на крајот се исплати.

Факти кои не сте ги знаеле: Како да дознаете дали сте бремена, без тест за бременост!

Доцнењето на месечниот циклус е еден од првите и глави симптоми за бременост. Кога тоа ќе се случи, многу жени веднаш купуваат тестови за бременост во аптеките, воопшто не читајќи го упатството. Меѓутоа, постојат некои информации кои не ги пишува, а се важни за секоја жена.

Сите тестови за бременост ја морат истата работа

На пазарот можат да се видат десетици видови, но без обѕир кој бренд ќе го одберете, секој тест ја мери истата работа - гонадотропин, хормонот за бременост. Тој во телото постои кога не сте бремени, но кога ќе дојде бременост, неговата количина во крвта и урината почнува да расте. Ако достигне до ниво од 25 mIU/ml, тестот е позитивен.

Тестот се прави наутро

По спиење во континуитет, хормонот се собира во урината, затоа тестот направен наутро и со првото мокрење е најверодостоен.

Цената не кажува ништо

При купувањето немојте да ја гледате цената, зашто скапите тестови не се попрецизни. Како што нагласивме и на почетокот, сите тестоти го покажуваат истото. Кај поголемиот број од нив прагот од 25 единици е показател на бременоста, додека кај другите може да биде понизок.

Вашата здравствена состојба може да влијае на резултатите од тестот

Одредени леков, обично оние кои се користат за подобрување на плодноста содржат HCG и можат да го зголемат нивото на хормоните во урината доволно за тестот да биде позитивен, а всушност да не сте бремени. Во ретки случаи пореметувањето на хипофизата и туморот на јајниците, исто така, може предизвикаат зголемување на хормоните за бременост.

Најчитани

Твитови