Жално и болно: Им ги сечат рацете на Албино деца, и ги продаваат (видео)

,,Не можам да ви ја опишам болката…Имав околу 15 години, кога во нашата куќа влегоа пет мажи и со ножови ме нападнаа ”, вака почнува ужасната приказна на албино девојче од Танзанија, која е последната жртва на напаѓачите во оваа земја.

Напаѓачите влегле во нивната куќа и и ја отсекле раката за потоа да ја продадат.

Во некои земји се верува дека деловите од телото на албино луѓето, имаат магични моќи. Напаѓачите ги продаваат деловите од телото на нивните жртви на ,,црниот пазар”.

Тие веруваат во тоа дека луѓето се подготвени да платат од 3.000-4.000 фунти за нога, или пак по 50.000-75.000 фунти за целото тело.

Ова е само една многубројните трагични животни приказни на албино луѓето во Танзанија. Во последната година 8 албино деца настрадаа во вакви брутални напади.

Во следново видео, девојчето ја раскажува нејзината ужасна животна приказна:

Жална и болна слика за општеството! Ромче: „Дај ми 5 денари и цигара за мајка ми, сега ќе дојде“!

Лето, време создадено за уживање и прошетка во парк, релаксација на базен или ноќна прошетка покрај езерско крајбрежје. Но животот не е бајка напишана од браќата Грим која ќе има среќен крај.

„Дај ми пет денари“, ми рече малото ромче и ме врати во реалноста додека со мислите лутав негде далеку и им се восхитував на среќните родители кои со малите деца уживаа во малиот парк. Мојата триесет минутна пауза, од работа, се претвори повторно во работа. Новинар си цело време, каде и да си.

Го извадив паричникот, а малите очи од извалканото лице од пот и прашина на малото ромче се населија во моите раци. Полека ја пушташе дланката накај мене и ги чекаше петте денари. Го поканив да седне до мене, да ми прави друштво. Срамежливо и со доза на несигурност прифати. Дебелата и голема блуза која ја носеше на себе, веднаш ми го зграпчи погледот. Анализирајќи го детето забележав дека неговите стапала се боси. Го запрашав зарем нема влечки, дали не му е страв да не се повреди. Тоа немо ме гледаше и само ги очекуваше петте денари. Го запрашав за што му се тие пет денари?

„За да купам сладолед“, кратко одговори. Пушејќи ја мојата цигара ме запраша дали може да му дадам цигара. Остро му одговорив дека не може, многу е мал. Само стана од клупата, разгледа со поглед и продолжи: „За мајка ми е. Ќе дојде сега, дај батко пет денари и цигара“.

Му дадов десет денари, а тоа ко куршум одлета од мојот видик. Ја допушив цигарата и се вратив на моето работно место.

Иако овој текст не ги исполнува критериумите за вест, сооглед новинарските прашања, сепак решив да го споделам со сите вас, кои ги читате овие зборови. Живееме во општество во кое, кој има има, кој нема нека му ја мисли...

Пишува: Д.Б.

10 типа на МАКЕДОНЦИ НА ПЛАЖА! ИСКАЧАЈ ОД ВОДУ, УСТАТА ЏИГЕРИ СИ ГИ НАПРАВИЛУ!

Едно од најактуелните прашања периодов секако е „Каде на одмор“? Сите со нетрпение чекаме да ни завршат работните или друг вид на обврски за веќе конечно да се разладиме и да одмориме на плажа. Во пресрет на летото ова се 10-те вида на македонци кои одат на плажа.

1.ДВА ТИПА НА МАКЕДОНЦИ НА ОДМОР: Едните одат на скромен одмор од 7, до 10 дена и се задоволни од поминатото време и втор тип на македонци кои не прифаќаат одмор испод 15 дена па подигаат кредити... 

2.НЕ СИ МАКЕДОНЕЦ АКО: Не го натовариш кровот со куфери, пластични столчиња и маса, со скара со све, а после го врзуваш со јаже да не ти се преврти све на стража.

3.МАКЕДОНЕЦ КОЈ МИСЛИ НА СИТЕ: Типичен македонец станува во пет сабајле оди на плажа и зафаќа 16 лежалки за цела фамилија, хотел, познаници, поколенија и невидени пеесет годишни внуци од Аустралиа.

4.ЕКСПЕРТ НА ПЛАЖА: Се разбира во секоја област и полемизира на секоја тема. Наоѓа сонародник и одма се фаќаат за политика, за Обама, Путин а сега поготово Ердоган од уста не го вадат.

5.МАКЕДОСНАКА МАЈКА НЕ Е МАЈКА АКО: Не се дере низ цела плажа: „Горанеее, Маријооо искачај  од воду, устата џигери си ги направилу мори искачај од воду ќе ти ебу мајката. Даље се дере дојди крофну сакаш ли да ти купу од овај чичко не си јал цел дан, ГОВЕДО не ја дави сестра ти слушаш ли...

6.НЕ СИ МАКЕДОНЕЦ АКО: Не изгориш на сонце па да те мачкаат со кисело млеко...

7.МАНЕКЕНКА: Диско плажа едно исто е! Накинџурена, напудрена, со штикли со све... неможе сама да се движи па лигаво се држи за дечко и, пустиот ја слика во секоја можна поза, а него го нема е шо е тоа бе? Спонзор бе златен спонзор!

8.БИЛДЕР: Напукани билдерчиња со тетоважи кои имаат значења за нив, тигрови, лавови, кобри, двоглави змајови, имиња на кинески, кое значење бре кое? Кога во Македонија свето животно се кокошката и козата.

9.ОТОК ДЕТЕ: Недај боже да има во близа тезга со играчки, или со сладолед детето почнува да отекува се додека не изеде неколку шамари па на крајот некое пиштолче на вода или воден сладолед од 10 денари.

10. ПОСЕДУВААТ ДАВЕЧКИ ВЕШТИНИ: Дават некој другар или другарка, се прскаат со вода, врискаат, пискаат извикуваат некои звуци како: АУП, АААУУФ, КУУП...

*БОНУС* ПОКРИЕН ГАЗ НИКОЈ НЕ ГО ФАЌА-СТАРА НАРОДНА: Али ај деца се до 10,12 години нема потреба од трошење пари за купаќи за нив.

Најчитани

Твитови