Преубави и моќни: Овие жени заслужено ја добија титулата „Најсекси политичарки!“

Овие жени се успешни политичарки, но тоа не ги спречува да бидат секси.

1. Марија Росарија Карфања- Италија

Во минатото била топлес модел и танчерка, но стана доста конзервативен политичар. Карфања е министерка за еднаквост, а голем број портали ја опишуваат како поранешен модел и ТВ водителка која е „најубава министерка на свет“. Ја нарекуваат „Мара Ла Бела“. Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони и беше доста наклонет па дури еднаш кажа дека би ја оженил.

2. Ева Каили- Грција

Поранешната водителка е избрана во грчкиот парламент во 2007 година, а има статус на „најзгоден парламентарец“ во Грција, а редовно ја предизвикуваа другите убавици во Парламентот.

3. Ана Марија Галојан- Естонија

Оваа убавица го води Естонското европско движење. Важи за една од најважните жени во Естонија, а беше обвинета за проневера на пари и трошење на козметички производи. Нејзиниот одговор? Позираше за Плејбој во знак на протест.

4. Вера Лишка- Австрија

Вера Лишка е поранешна пливачка од Австрија, која се натпреварувала за својата татковина во 1996 година на Летните олимписки игри во Атланта. На Европското првенство истата година ја освои титулата на 50 метри пеперутка.

5. Сетрида Геагеа- Либан

Една од најпопуларните политичарки во Либан, има репутација не само поради убавината, туку и поради пркосот на сириската доминација. Нејзиниот сопруг Самир Геагеа, пуштен е од затвор после 11 години во 2005 година.

ЈАПОНСКО ПОПРАВАЊЕ УЛИЦИ: Џиновска дупка длабока 15 метри, поправена за само 2 дена! (ВИДЕО)

 

Кратерот со димензии од ширина и должина од 30 и 27 метри и длабочина од 15 метри, се отвори на делот од главната сообраќајница во центарот на јапонскиот град Фукуока, не само што веќе е поправен, туку е и вратен во функција. Демонстрирајќи типична јапонска ефективност, работниците успејаа да ја поправат дупката практично за само два дена, според локалните медиуми.

Градоначалникот на Фукуока – Соичиро Такашима, изјави дека поправениот дел е веќе 30 пати побезбеден од претходно, а најави и дека ќе биде создадена група од експерти кои ќе ја утврдат причината за колапсот на улицата. Во меѓувреме, барем според локалните медиуми, се шпекулира дека до колапсот дошло заради градежните работи околу проширувањето на подземните железнички линии.

Моментот кога политичарката Медел среде седница дозна дека нејзината 22-годишна ќерка е убиена! (ВИДЕО)

Мексиканскиот конгресмен беше прекинат во неговиот говор во моментот кога мексиканската политичарка Кармен Медел, за време на конгресната седница, дозна дека нејзината ќерка е убиена.

Мексиканските медиуми пренесуваат дека 22-годишната Валерија Медел била смртно застрелана од непознато лице додека вежбала во теретана во градот Мендоза. Во пукањето била убиена уште една жена.

Најчитани

Твитови