4 години без легендарниот македонски актер Бранко Ѓорчев

Директорот на Драмскиот театар во Скопје и познатиот актер Бранко Ѓорчев почина синоќа во Скопје по долго и тешко боледување. Бранко Ѓорчев беше роден во 1962 година. Ова беа првичните информации пред четири години кои најавија уште еден прерано згаснат живот. Големиот актер замина во легендите. И по 4 години тој остана голем човек во сечие срце.

Во 1986 година дипломирал на Факултет за драмски уметности, Универзитет „Кирил и Методиј“ Скопје, во класата на Проф. Вукан Диневски.

Од 1987 година работи како актер во Драмски Театар Скопје. Има остварено бројни главни и споредни улоги во врвни домашни претстави во матичниот театар и во сите театарски институции во државата.

Во 2006 година беше избран за директор на Националната установа Драмски театар, а во 2010 реизбран на оваа функција.

 

„Првин ќе ме земеш после ќе ме…“

Премиерата на претствата „Првин ќе ме земеш после ќе ме…“ во продукција на „Театар КРИК-Скопје“ утревечер ќе биде изведена во Театар Комедија.

Дејствието на претставата се случува овде и сега, во еден реален временски интервал, за време на едновечерна средба „на слепо“, помеѓу лекторката Кети-Мјау Соколовска и ветеринарот Ѓорѓи Мучев. …Тој, маж со неуспешен брак зад себеси, решен – никогаш повеќе да не се жени и на оваа средба гледа само како на едновечерна авантура… …Таа – девојка со веќе донесена одлука – да се мажи на оваа средба, уште истата вечер. Ваквите контра очекувања, оваа средба ја прават исполнета со многу конфликтни ситуации кои во одредени моменти водат до точка на безизлезност.

По пат на гласање публиката ќе одлучува по која од понудените варијанти ќе се гради претставата, така што секоја нова реприза ќе биде по многу сцени поразлична од претходната изведба.

Режијата е на Ѓорѓи Ризески, сценографијата на Роберт Ристов, а костимографијата на Елена Лука. Играат Роберт Ристов, Мирјана Ристов и Дарко Вељиќ. Продуценти на претставата се Роберт и Мирјана Ристов.

Интервју со актерот Кирил Трајковски - Максим: Децата ме препознаваат како најинтересен актер (видео)

Иако има само триесет години и тоа како е познат на македонската публика, Кирил Трајковски – Максим. Во актерските води зачекорува од кога знае за себе или поконкретно уште од својата шеста година. Првата улога му е Итар Пејо, а од тогаш до денес на своите плеќи носи стотици улоги. Македонските приказни на Канал 5 се оние кои го доближија до публиката, особено најмалите. Но покрај тоа е дел и од екипата за синхронизација на турски серии во матичната телевизија каде што работи. Речиси без туѓа помош го снима и филмот Максим кој достигна голема популарност во Република Македонија

Што и да се каже за Кирил е премало и претесно, па затоа погледнете го ексклузивното видео интервју и дознајте што го нервира Трајковски, каков е приватно и многу повеќе од тоа што можете да замислите.

Најчитани

Твитови