ИНСТАГРАМ воведува нова опција за своите корисници!

Популарната социјална мрежа Instagram воведе нова опција која им овозможува на корисниците да го зачуваат видеото што го емитувале во живо. Видеата во живо или live streaming станаа стандард на речиси сите социјални мрежи, а Instagram ја воведе оваа опција во декември минатата година.

Live Stories им овозможува на користниците да ги емитуваат во живо своите видеа, или пак во живо да ги гледаат видеата на корисниците што ги следат.

Со новата опција, тие ќе можат да ги зачуваат оние видеа што им се допаѓаат, така што ќе ја кликнат опцијата Save на горниот десен агол која се појавува по преносот во живо. Видеото ќе се зачува без лајковите, коментарите и другата интеракција.

Компанијата соопшти дека новата опција ќе биде достапна веднаш, за сите корисници на iOS и на Andorid.

Голем медицински симпозиум на Неуромедика во Штип (ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО)

Државата треба повеќе да соработува со приватното здравство во интерес на пациентите. На ова повикуваат врвни лекари, кои се бават со научно истражувачка работа. Тие сметаат дека бенефитите од развиеното приватно здравство треба да ги добиваат сите граѓани подеднакво.

Во тој правец треба да се размислува како би можеле да дојдеме до некој компромис, до некое решение, приватните апарати да ги ставиме во служба и на пациентите кои се здравствено осигурани и кои ги користат бенефитите на државниот сектор, изјави Проф. Др. Миодраг Врчаковски, неврорадиолог.

Ова е еден од заклучоците на вчерашниот Симпозиум во организација на Неуромедика, на кој лекари-професори одржаа предавања за своите врвни научни достигнувања.

"Се работи за хернирање на мозокот во венски синус, исто како што, на пример, абдоминалните органи хернираат во ингвиналната регија. Извноредно ретка состојба, благодарение на моето искуство успеав да дојдам до таа дијагноза, од која патат десетина, дваесет случаи во светот" - изјави Проф. Др. Миодраг Врчаковски - неврорадиолог.

Покрај, Проф. Врчаковски, предавање одржаа и универзитетските професори и доктори во Неуромедика Ѓорѓе Зафироски и Методи Чепреганов.

"Јас имам многу необична тема, тоа се кортикалните малформации. Тоа е една промена во мозокот која почнавме да ја гледаме и да ја дефинираме откако излегоа невролошките дијагностички методи, како магнетна резонанца и компјутеризирана томографија" - изјави Проф. Др. Методи Чепреганов - невропсихијатар и епилептолог.

Според д-р Чепереганов, македонската медицина сеуште во многу гранки заостанува зад светската. "Сметам дека има многу работи во кои сме сеуште назад, се прават напори да одиме напред, меѓутоа науката е отидена многу напред, бара многу средства, бара многу кадар, бара многу институции и така натаму" - изјави Проф. Др. Методи Чепреганов, невропсихијатар и епилептолог во Неуромедика.

Симпозиумот во Штип беше во рамките на серијата акредитирани симпозиуми ширум Македонија 8-ми по ред во организација на Неуромедика, кои имаат за цел споделување на научните и здравствени достигнувања на оваа приватна здравствена институција која веќе 25 години е во служба на здравјето на своите пациенти. Овој акредитиран Симпозиум во Штип со 8 бодови од Лекарска комора на РМ може да се каже дека беше најмасовно посетен едукативен медицински настан со присуство на 240 доктори-слушатели. Организаторите веќе го најавија следниот Симпозиум кој ќе се одржи во Битола на 29.03.2017 каде се очекува да се повтори оваа бројка. 

 

Дали се сеќавате на оваа слика? Еве зошто служеа шарите на екраните (видео)

Постарите сигурно паметат, а помладите се присетуваат на оние моменти кога ќе дојде до прекин на програмата, а на екранот ќе се појават необични шарени квадрати, правоаголници и линии.Порано, се веруваше дека оваа слика се појавува кога уредниците на телевизиите пробувале нешто да сокријат од публиката па затоа ја пуштаа сликата, но дали знаете навистина за што служи таа?

Кружните форми, квадратчињата и правоаголниците кои ги прати едноличен тон се вика тест карта или тест шаблон. Овој телевизиски сигнал, во глобала се емитува во моментите кога трансмитерот е активен, но не емитува програма – на почетокот или на крајот од емитувањето на телевизискиот програм.

Шарите најчесто ги следи едноличен синусен тон, но некои телевизии правеле исклучок, пуштајќи радио сигнал или инструментална музика во позадина на тест картата.

Ваквите тест картички се користени од самите почетоци на телевизијата. На почеток, тоа биле вистински картички во кои биле вперувани камерите, а главната цел на овие шаблони била балансирање на камерите и калибрацијата на сигнал. Денес, за тоа се користат генератори за тест сигнал кои не бараат присуство на камера. Дигитално изработените тест карти им овозможуваат на сите (и на гледачите и на телевизиските станици), местење на својата опрема со цел да се добие оптимален квалитет на сликата.

Кругот служи за местење на линеарноста во време кога во телевизорите се користеле електронски цевки.

Тест картите содржат одреден сет на шари, кој им овозможува на телевизиските камери и гледачите адекватно местење на сликата на своите уреди. Централниот дел на тест картите се нарекува SMPTE лента, која е во различни бои: бела, жолта, синозелена, зелена, магента, црвена и сина. Освен тие бои, тука се наоѓаат и различните нијанси на црна кои овозможуваат подобро местење на нивото на светлина и контрастот на телевизорот.

Најпознатата тест карта е направена во 1966. година во лабораторијата на компанијата Philips. Содржината и формата на овој шаблон ги осмислил инженерот Фин Хендил со помош на главниот инженер Ерик Хемер Нилсен. Хендил со својот инженерски тим, направил и опрема која ќе го генерира шаблонот наречен – Philips PM5544.

Ваквата тест карта е користена во многу земји од светот меѓу кои и Велика Британија, Канада, САД, на Филипини, во Мјанмар, Јужна Кореја, Тајван, Јапонија, Австралија, Шпанија итн., а ние добро се сеќаваме со неа, дури и со носталгија, бидејќи е користена и на нашиот јавен сервис.

Најчитани

Твитови