НИКОЛА ТОДОРОВ ЌЕ ПРОДОЛЖИ АДВОКАТ: Вицепремиерот Тодоров си даде оставка од функцијата пратеник!

Министерот за здравтсво и вицепремиер во владата на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров пред малку соопшти дека се откажува од пратеничката функција.

„Имајќи предвид дека планирам во иднина повеќе да се посветам на мојата основна професија како адвокат, како и да можам да дадам поголем придонес во партиските активности, дозволете ми да Ве информирам дека одлучив да поднесам оставка на функцијата пратеник во Собранието на Република Македонија“ - напиша Тодоров на својот Фејсбук профил.

Кочо Анѓушев, најбогатиот трговец со струја, станува вицепремиер за економски прашања!

Новиот вицепремиер за економски прашања, Кочо Анѓушев, во 2013 беше на листата на „Форбс“ на петте најбогати Македонци, спореден со украинскиот „тешкаш“ Сергеј Бубка, но во трговијата со струја.

Кочо Анѓушев е редовен професор на Машинскиот факултет во Скопје. Долгогодишен бизнисмен и сопственик на Групацијата „Фероинвест“ и основач на групацијата „Брако“.

Неговата фирма „Феро инвест“ е една од трите фирми кои заедно со фирмата на неговиот кум Митко Кржоски се дел од конзорциумот што треба да ги изгради малите хидроцентрали за струја во Крива Паланка, објави Призма. Порталот објави дека сопственик на конзорциумот е анонимен балкански бизнисмен со сметка во Белизе. Анѓушев тврдеше дека сопственик на фирмата од Белизе е бизнисмен од соседството на негов пријател, но никогаш не откри за кого станува збор. Бизнисменот изјави дека тоа нема никаква врска со врските „офшор-капиталот од Белизе“.

Од 2004 година Анѓушев е член и потпретседател на Стопанската комора на Македонија, а во 2013 година е избран за претседател на Македонската енергетска асоцијација. Од 2000 до 2002 година Анѓушев е помошен генерален директор за производство и управување во Електростопанство на Македонија (ЕСМ), одговорен за организирање на домашното производство на електрична енергија, инвестициското одржување на електраните и рудниците.

„Фероинвест“ во конзорциум со други македонски компании има изградено 24 хидро-централи.

Јавноста го запозна како трговец за струја и додека беше на чело на „Енерџи деливери солушн“, која требаше да склучи договори за струја со неколку македонски компании. Беше поборник за процесот на либерализација на пазарот на струја, честопати потенцирајќи дека тој ќе им донесе на фирмите поевтина струја. На официјалната страница на неговата компанија „Енерџи диливери солушн“ (ЕДС) е потенцирано дека со процесот на либерализација се овозможува до 40 отсто пониска цена на струјата. Се насочи кон трговија со струја за регионот. Во 2016 година ја основа Фондацијата Анѓушев, преку која се обезбедуваат стипендии за студенти и млади научни истражувачи. Анѓушев е член на Управниот одбор и спонзор на Ракометна федерација на Македонија и сопственик и спонзор на Фудбалскиот клуб Борец од Велес.

На Марина и е потребна нашата помош: Сите заедно да бидеме хумани за оваа прекрасна девојка!

24-годишната Марина Јовановска е прекрасна млада девојка, полна со живот и позитивна енергија на која треба да и помогнеме да мине една тешка препрека.

Марина боледува од многу ретка болест на очите која ако не се третира веднаш може да доведе до трајно слепило. Во најбрз можен рок мора да замине во Германија и да ги добие соодветните третмани за нејзините мили очи да продолжат да гледат.

Да бидеме хумани, да бидеме другари! Да помогнеме кој колку може за ова девојче да може да ужива во сите убави работи кои ги носи животот. Овој викенд таа го кажа и судбоносното ДА на своето момче Благој и има уште една причина повеќе за да слави и да се радува, наместо да се грижи како ќе ги собере потребните финански средства за да оди на лекување во Берлин.

Телефони за донации:

075 143-485

077 143-485

070 143-111

Со секој Ваш повик донирате 100 денари кои се од огромна вредност за неа!

Најчитани

Твитови