Дара Бубамара: Ми фали секс, сакам многу!

Дара БубаМара која учествува во шоуто „Твоето лице звучи познато", и со своите хумани настапи како и другите учесници предизвикува хумор и забава, се пожали што и недостасува најмногу откако почна со напорните вежбања, настапи и снимања.

Таа вели дека најмногу и недостигаат активностите од спалната соба.

 „На сите жени кои не се мажени топло им порачувам дека најважно е да се разбирате со саканиот, да се почитувате пред се. Џабе и најдобриот секс на светот, ако е само тоа. Јс сум огнена жена и мојот сопруг има секс секој ден колку што сака со мене. Сега ми недостасува тоа“, рече Дара и додава дека сопругот доаѓа во Белград за да спијат заедно.

Влатко Илиевски починал од предозираност со наркотични средства


Пејачот Влатко Илиевски кој беше пронајден мртов во својот автомобил починал од огромна количина наркотични средства. Ова е дел од извештајот на судска медицина за извршената обудкција во кој е наведена причината за смртта. Според извештајот во крвта и организмот на Илиевски биле најдени јаки опојни дроги од кои најсилна кокаин. Но исто така имало и други послаби наркотици и алкохол. Сето тоа довело до предозираност на организмот поради што престанало да работи срцето.

Резултатите се испратени до обвинителството кое треба да постапува по овој случај. Како понатаму ќе се одвива истрагата останува да кажат од обвинителството со оглед дека и според луѓе вклучени во истрагата во неговиот автомобил биле пронајдени траги на наркотици.

Влатко Илиевски беше пронајден мртов на 6 јули вечерта во својот автомобил во Скопје. Како што веќе е познато вечерта бил со пријатели в кафеана , но откако заминал никој не знае дали се сретнал со некој и кога ги зел наркотиците. Оние што биле блиски со него тврдеа дека иако постојано покажувал насмевка и среќа длабоко во себе страдал од тешка депресија.

Најчитани

Твитови