EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Шоу биз

Адел ја купила вилата на Сталоне, но имала еден важен услов (ФОТО)

Актерот Силвестер Сталоне пред година ипол објави дека ја продава својата величествена палата во Лос Анџелес.

Иако првично сакаше да ја продаде палатата за 110 милиони долари, тоа не му успеа.

Имено, тој го продаде својот имот за 58 милиони долари на британската пејачка Адел. Таа имаше еден услов.

Сталоне требаше да ги исели своите работи, но Адел сакаше статуата на Роки, херојот на филмот што го прослави актерот, да остане таму каде што е – во дворот покрај базенот. Во спротивно немало да ја купи куќа.

„Таа ми рече дека ако ја извадам статуата од двор, договорот се прекинува“, рече Сталоне со насмевка за американските медиуми и додаде: „Адел има добар вкус.“

Актерот откри дека статуата се наоѓа кај базенот и е моделирана по сцената кога Роки се качува по скалите на музејот во Филаделфија.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Мирисот на ВЛАГА во станот може ЛЕСНО да се реши: Ова се три методи кои можете да ги примените ВЕДНАШ

Angela

Џани го ожени синот, но наместо во невестата сите гледаа во неговата сопруга – нејзиното деколте „пукна“ пред папараците, па го прикриваше со раце цело време (ФОТО)

Angela

Средношколците постигнаа компромис со МОН

Angela