EXCLUSIVE MK
ЗАБАВА Занимливости

Ако сакате бањата секогаш добро да ви мириса, пробајте го овој трик

Сите сакаме бањата постојано да ни мириса убаво и свежо, и тоа веројатно и го правиме со различни препарати кои ги користиме за чистење и освежување на домот. Но, со овој едноставен трик, работите ќе се олеснат.

Експерти за одржување на домот советуваат да земете ролна тоалетна хартија и есенцијално масло по избор – цитрус, лаванда, роза и слично, пишува Reader’s Digest.

На внатрешниот, картонски дел од ролната додадете до 5 капки од маслото (може и повеќе ако сакате посилен мирис) и вратете ја на држачот за хартија.

Освен што ова е многу евтин трик и одзема само 30 секунди време, бањата постојано ќе ви мириса убаво.

Не е потребно да додавате капка по капка секој ден бидејќи секој пати кога ќе посегнете по хартијата, мирисот повторно ќе се активира и рашири низ просторијата. Постапката повторете ја кога ќе користите нова ролна хартија.

Внимавајте само маслото да не дојде во допир со тоалетната хартија бидејќи може да доведе до иритација на кожата, особено на интимните делови.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Што ги возбудува момците?

Angela

Храна која ја стимулира желбата за интимност во спалната

Angela

Јапонците им бараат брачни партнери на своите деца

Angela