EXCLUSIVE MK
Светот на познатите

Алек Балдвин ослободен од едно обвинение, но ќе добие друго

Обвинителството во Ново Мексико (САД) се откажа од барањето петгодишна затворска казна за глумецот Алек Болдвин, под обвинение за недозволено ракување со огнено оружје, а во врска со убиството на снимателката Халина Хачинс на снимањето на „’Рѓа“.

Тимот на американскиот глумец тврдеше дека обвинението за недозволено ракување со оружје во случајот е неуставно, бидејќи ја прекршува одредбата од Уставот на САД којашто забранува ретроактивно менување на законските казни за некое обвинение.

Сега обвинителите да покренат обвинителен акт само за убиство од небрежност, за коешто Болдвин може да добие казна затвор до 18 месеци, доколку биде прогласен за виновен, пренесува лондонски „Гардијан“.

Окружното обвинителство во Санта Фе соопшти дека одлуката за отфрлање на обвинението за кривично дело е донесена, наводно, за да се избегне подолг правен спор со адвокатскиот тим на Болдвин.

Немилиот настан се случил во октомври 2021 година, а од тогаш Болдвин по осми пат стана татко (има една ќерка со Ким Бесинџер – Ирланд Болдвин и седум со втората сопруга Хиларија).

Photo by Conny Schneider on Unsplash

 

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

ГО ЗГРОЗИ СВЕТОТ СО РАСИПАНИТЕ ЗАБИ – што се случува со жолтите заби на славниот актер Џони Деп, „едноставно глетката ми го уништи расположението“ (ФОТО)

Angela

Кевин Костнер победи на суд, а ќе ѝ плаќа алиментација на екссопругата по 63.209 долари месечно

Angela

Папараците ги „уловиле“ Џеф Безос и неговата девојка на новата јахта вредна 500 милиони долари која предизвика контроверзии

Angela