Младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ отпатувала за Франција со својот партнер Немања Гудељ, а со нив е и братот на Немања, Драгиша со неговата понежна половина.
Анастасија вчера беше забележана на семеен ручек, а денес отпатува за топлиот Сен Тропе каде сите заедно уживаат.
За овој повод и топло време таа облече комбинација со голи рамена, а на главата носела венче.
Додека таа се снимаше, во кадар влета и Немања кој во моментов нема коса на себе иако беше препознатлив по долгата фризура.
Инаку за потсетување фудбалерот неодамна беше во Турција за да си пресади коса, а во таа прилика го сними целиот процес на пресадување во клиниката, а на докторот му подари дрес.