EXCLUSIVE MK
Убавина

Анџелина Џоли ВО ПРОЛЕТЕН ФУСТАН КОЈ ЌЕ ГО ОБОЖУВААТ ЖЕНИТЕ НАД 40: Лежерна елеганција во бело (ФОТО)

Дека плисираните фустани се тренд за пролет 2023 сведочи и стајлингот на актерката.

Кралицата на минимализмот, актерката Анџелина Џоли, повторно успеа да ги воодушеви сите со модна комбинација која е толку едноставна, а сепак впечатлива во исто време.

Познатата актерка беше фотографирана од папараците додека пазаруваше во Њујорк, а освен што ја покажа новата посветла боја на коса, неодоливиот плисиран бел фустан само го дополни нејзиниот модерен и стилски изглед.

Плисираните здолништа и фустаните се вратија во мода, а Анџелина својот изглед го комплетираше со голема чанта, кошула со посебен вез и сандали со рамна платформа – комбинација која на најелегантен начин ги спојува лежерноста и актуелните трендови.

Ваквите макси фустани се идеални за топло време, особено сега кога температурата ќе достигне над 25 степени, а особено ги сакаат деловните жени над 40 години.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Коригирајте ги несовршеностите на лицето

Angela

Докажано: Чекори што помагаат да се ослободите од масните наслаги

Angela

Направете природна маска против испукани врвови

Angela