EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Исхрана НАСЛОВНА

Аргентинскиот песто сос е совршен додаток на јадењата

Подготовката на овој сос е брза, буквално ви се потребни само неколку минути.

Во главно се служи како сос за месо подготвено на скара или со риба или пак за маринирање на месо кое допрва ќе се подготвува.

Секое семејство во Аргентина е гордо на својот сопствен рецепт и има свој таен додаток за подготовка на чимичури, па согласно на тоа постојат бројни рецепти.

Она што е задолжително е тој да содржи изобилство од магдонос, чили пиперка, кромид, лук, оригано, маслиново масло и оцет.

Рецептот може сезонски да се модифицира, па наместо кромид може да се додаде младо кромитче, можеби и некој лист свежо нане со кое малку ќе се промени аромата итн.

Сосот може да се користи и како додаток во тестенини, со бургери, сендвичи, сирењe, ориз или да се јаде заедно со некој топол рустичен леб.

Потребни состојки:

– 2 врзопи магдонос
– 1 главица кромид (млад, црвен)
– 5-6 чешниња лук
– 1 лажичка сол
– ½ лажичка црн бибер
– 1 лажичка чили пиперка (крупно мелена)
– 1 лажичка оригано
– 200 мл. маслиново масло
– 100 мл. вински оцет
– 50 мл. млака вода

Начин на подготовка:

Исечкајте ги ситно сите состојки, ставете ги во тегла и додајте ги маслиновото масло, оцетот, зачините и водата. Затворете и протресете за мешавината да се соедини.

Добиениот чимичури сос можете да го чувате во фрижидер до служењето.

Друга опција е да ги ставите сите состојки во блендер и да ги изблендирате, со што содржината ќе се претвори во хомоген густ сос.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Навала за Грчка: На „Богородица“ за излез се чека околу еден час

Angela

СНААТА НА ЃОКОВИЌ „ГРМИ“ ВО БИКИНИ – се породи пред само три месеци, а кога ќе прочитате како ја довела линијата до совршенство ќе се фатите за работа!

Angela

Интересни суеверија за ѕвездите

Angela