EXCLUSIVE MK
Исхрана НАСЛОВНА

Аргументи за и против: Готвен или свеж спанаќ?

Конзумирањето спанаќ често се споменува како една од најздравите навики во исхраната на луѓето, а тоа тврдење се заснова на фактите дека тој е одличен извор на повеќе витамини (А, Ц и К,) како и фолна киселина, железо и други важни минерали. Овие хранливи материи се важни за одржување на добро здравје и спречување на одредени болести (прочитај повеќе за ова).

Но, често се случува дури и нутриционистите да влезат во сериозни дебати дали е поздраво да се јаде свеж или готвен спанаќ.

Кога се конзумира свеж спанаќ, тој содржи поголема количина на витамин Ц, отколку кога е обарен, а истото се однесува и за фолната киселина (особена важна за црвените крвни зрнца). Дополнително, тој има висок број на ензими што ја помагаат апсорпцијата на хранливите материи, како и поголема содржина на влакна (фибри). Конзумирањето на свеж спанаќ е добро и како салата, но и како оброк, бидејќи може да се комбинира со разни сосеви и салати, а исто така има и помалку калории отколку готвениот спанаќ.

Настрана од нутриционистичкиот аспект, сировиот спанаќ се смета за поздрава опција кога е во прашање нивото на внесените оксалати. Со готвењето, спанаќот го намалува неговиот волумен, со што ја зголемува релативната концентрација на оксалати по порција. Суровиот спанаќ има пониски нивоа на оксалати, што може да биде корисно за луѓето изложени на ризик од камења во бубрезите.

Меѓу главните аргументи зошто треба да се јаде готвен спанаќ, спаѓа и онаа дека на тој начин се подобрува внесот и биорасположивоста на хранливи материи како железо, кое е суштествен елемент за одржување на здрави крвни клетки и спречување на анемија. Со готвењето се разградуваат цврстите клеточни ѕидови и се ослободуваат хранливите материи, што ги прави полесни да се апсорбираат од телото.

Истата причина се однесува и за зголемувањето на нивоата на бета-каротин и лутеин, кои се важни за здравјето на очите и целокупната благосостојба. Готвењето спанаќ може да го зголеми нивото на витаминот А, кој е важен за одржување на здрава кожа, вид и имунолошка функција, како и да ја подобри апсорпција на калциумот, кој е неопходен за здрави коски и заби.

Зготвениот спанаќ е полесен за варење што е особено важно за луѓето со дигестивни проблеми, бидејќи влакната во варениот спанаќ се разградуваат и полесно се обработуваат. Кога спанаќот е термички обработен, се намалува ризикот од болести кои се пренесуваат преку храната, бидејќи така се неутрализираат штетните бактерии и паразити кои може да се присутни во суровиот спанаќ.

Варениот спанаќ може да се користи како додаток во различни јадења, како што се супи, чорби, разни специјалитети во тава и разни јадења со тестенини, што го прави разновидна и хранлива состојка за да се вклучи во вашата исхрана.

Бидејќи е очигледно дека и двата начини на конзумирање имаат свои предности, се наметнува заклучокот дека спанаќот треба често да биде застапен во нашето мени, и притоа да биде конзумиран на различни начини.

Photo by Cathal Mac an Bheatha on Unsplash

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Спасевска: Министерката потфрли, самата платформа за електронски учебници не функционира

Angela

Објавена последната порака на британскиот милијардер заглавен во исчезнатата подморница – по оваа порака ќе почнете да се сомневате и вие

Angela

НЕ ПРАВЕТЕ ГОЛЕМ ГРЕВ НА ВЕЛИКА СРЕДА – денес никако не смеете да ги направите овие работи, особено сопружниците да внимаваат на ова!

Angela